@korka пубо од централно греење на пелети нема верувај..
Јас сум долгогодишен 'грејач' на пелети и сум презадоволен плус што немам изолација..
За јачината доколку одлучиш да грееш и бојлер итн под 30 не оди, јас мислам најидеално ќе ти е 30kw или 35 ако има...
Е сега за потрошувачката.. Зависи и колку часа грееш. Просечно е 8 часа..
Доколку ја грееш цела куќа наеднаш доста ќе го мачиш со тоа нормално ќе треба јачината на котелот да ја ставиш на тројка или четврка...
Најубо ти е пример да ги грееш оние соби кај што ќе си/сте.. Во спална пример навечер неколку сати и доста ќе е.. Во ходник исто така според мене немат потреба толку да го форсираш..
Колку повеќе ја зголемуваш јачината на котелот толку повеќе ќе ти троши..
Не оди да грее спрема термостат. Зш? Зш во твојов случај како што имаш голема куќа пример ќе ти мери само во дневната (во зависно кај ќе го поставиш котелот) и ќе ти гаси, а во др соби можит и да не ти е толку топло..
Греј си преку вода.
За изборот на котел гледај да биде барем малку попознат да мојш понатака да си го дотеруваш како сакаш. Сакам да кажам пред да се одлучип да го земиш прогуглај на некои форуми дали го има/дали пишет за него коментари итн
На крај потрошувачката.. Рачунај подолу од 4тони годишно нема шанса да имаш. Поз