Гоце Делчев

spas72

Oficial
Член од
13 мај 2008
Мислења
280
Поени од реакции
47
Види се што си чел нешто од Димитар Талев.
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880
Види се што си чел нешто од Димитар Талев
„Димитар Талев беше Македонец

Во далечните шеесетти години од минатиот век имав среќа да се сретнам со еден од нашите први романсиери, Димитар Талев. За време на една моја посета во Софија барав да ја купам тетрологијата на Талев, која ја сочинуваат делата „Преспански камбани“, „Железниот светилник“, „Илинден“ и „Гласовите ви ги слуша“.

Наидовме на една продавница на стари книги, во центарот на Софија, каде што се погоди продавач Македонец, од Галичник. Тој ни рече дека книгите од Д. Талев се распродадени и не упати во друга поголема продавница на стари книги. Само што тргнав со мојот пријател кон другата книжарница продавачот задишан не стигна и ни рече да се вратиме во книжарницата за да не запознае со големиот македонски писател, чиишто книги ги баравме.

Пред нас стоеше висок, слаб 70-годишен старец, со бела коса и со дебели очила, на чиешто лице се читаше среќа што ги бараме неговите дела. Мојот пријател го праша зошто во делото „Илинден“ пишува толку црно за македонскиот народ, а тој одговори: „А, што може да се пишува за македонскиот народ освен за неговата тежина“.

На прашањето зошто во делото „Илинден“, каде што зборува за Апостолот (се мисли на Г. Делчев) напишал дека сме Бугари, рече: „А, како мислевте да излезам од занданите ако не напишев така?“. Тогаш ни објасни дека пред да излезат книгите што ги пишувал додека бил в затвор, прво рецензија правела полицијата, и дека трипати пишувал дека сме Македонци и ракописите му биле враќани, за конечно да го натераат да напише дека сме Бугари (тоа е место во делото каде што Г. Делчев се состанува со група војводи) и да биде пуштен од затвор.

Ни рече дека има напишано дела колку што има години. По враќањето во Скопје, ја посетив внуката од брат на Д. Талев. Таа се израдува на поздравите што и ги донесовме, и при тоа ми рече дека нејзиниот чичко толку многу се чувствува Македонец, што до својата машина за пишување чува камен донесен од Марковите кули, да го потсетува на нив, а и на куќата во која живее е копија на онаа од Прилеп. Д. Талев го доживеав како голем македонски писател што пишува за својата татковина Македонија, а за тоа придонесоа средбата со него и читањето на неговите дела. Нека не ми забележат македонските писатели, но ако Ф. Енгелс рекол: „Доколку Франција биде потопена и останат делата на В. Иго, секој човек читајќи ќе сфати како живеел народот во Франција пред потопот“, јас истото го велам за Д. Талев. Ако на македонски јазик се испечатат неговите дела, ќе дознаеме многу за животот на македонскиот народ во тој период.“

Прим. Д-р Драги Гечев, пензионер


:salut:
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880
Пензионерот Драги Гечев праќал писмо за рубриката "Писма" на в-к "Вечер". Д. Талев ми рекол тоа и тоа, веруваjте ми!

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=1349&ArticleID=87315
a зошто па тебе да ти веруваме кога ништо не се разликуваш од твоите сограѓани татарите фалсификатори на историјата

ако немаш попаметно нешто да кажиш молчи
 
Член од
24 јуни 2009
Мислења
448
Поени од реакции
165
Јас ја имам книгата чии слики ги имаш постирано:smir:
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880
Проблемот за вас бугари е што:

1. во писмото е пишана вистината за македонците кои биле во бугарски затвори искажана преку зборовите за Талев

2. тоа е вашата политика искажана преку писмото

3. факт е дека сакате да припојувате туѓи дејци, не станува збор само за него.

4. многу се јасни зборовите на Делчев напишани во неговата книга, т.е „оној што сака да jа присоедини кон Бугарија или кон Грција, тој може да се мисли за добар Бугарин или добар Грк, но не е добар Македонец.“ „ Македонија им припаѓа на сите Македонци“.

Очигледна е разликата меѓу Македонци и Бугари, па безразлика кого и што величал Талев, правилно запишал.


Можеш сите четири да ги одбериш, оти точни се.
 
Член од
20 декември 2008
Мислења
1.193
Поени од реакции
75
Димо Хаџидимов за Гоце Делчев
ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ Е МАКЕДОНСКИОТ ЛЕВСКИ






Достапно благодарение на АндоновБале



Зошто ќе го напише тоа Димо Хаџидимов за Гоце???
 
Член од
9 август 2008
Мислења
781
Поени од реакции
40
...страдаме от' една обшта болѣсть!...
Епа добро го е кажал човекот. Да си Бугарин е болест. За жал некои во ВМРО беа зафатени од таа болест и му направиа неповторима штета на Македонското национално движење.

Но Гоце потоа во писмото пишува дека ние "не треба да се поддадеме на таа болест"!

За овој кој не ја сфаќа ирониата спрема Бугароманите и Гркоманите во тоа писмо ќе му препорачам да прочете друго писмо од Гоце во кое вели: Нема друг народ кој што е патил толку много од своите синове предавници како Македонскиот.
 
Последно уредено од модератор:
Член од
7 септември 2009
Мислења
40
Поени од реакции
2
Оној што копнее, што работи да ја присоедини кон Бугарија или кон Грција, тој може да се мисли за добар Бугарин и ли за добар Грк, но не и добар Македонец. Таквиот Бугарин или Грк го поддржува и вечниот раздор меѓу балканските народи, кои треба да живеат во братска дружба за да бидат пресреќни. Македонија им припаѓа на сите Македонци, без разлика на религијата, нацијата и јазиците, во утрешна слободна Македонија и преку неа ќе се здружат сите балкански народи.

Ослободувањето на Македонија се крие во внатрешното востание. Кој мисли инаку да се ослободи Македонија, тој се лаже и себеси и другите.


Goce Delcev nikogas nema odrzano vakva rec, seto ova e literaturna fikcija.
 
B

Borg_Drone

Гостин
Писмо од Гоце Делчев до Никола Малешевски од 1897 г. (втора страница): Надали има народ', којто толкова много да е т'рпѣл' от' своитѣ синове изроди, колкото македонскија!
http://upload.wikimedia.org/wikipedia/mk/1/14/Gocepismo2l.jpg

Goce Delcev nikogas nema odrzano vakva rec, seto ova e literaturna fikcija.

И ова ли е литературна фикција??

 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Ајде и мислења за следново:


Сто и шест години по смртта на Гоце Делчев, сè уште не може со сигурност да се каже кој го извршил предавството, чин што за нашата историска наука, за разлика од бугарската, не е спорен. Последна трага во оваа насока е откритието на д-р Михајло Миновски, кој при истражувањата во Софија дошол до еден текст во весникот „Македонско знаме“ од 1934 година во кој е отпечатено сведоштво на учесник во Илинденското востание. Сведокот, како пријател на Карчо од Кукуш (Георги Думчев Карчо, загинува со Даме Груев во декември 1906 година), придружник на Делчев во последните часови од неговиот живот, имал привилегија од него да ги чуе размислувањата на војводата непосредно пред смртта, меѓу другото и за тоа кој е можниот предавник на четата.



Еве што Стар Илинденец, како што пријателот на Карчо се претставил во „Македонско знаме“ во 1934 година, очигледно плашејќи за својот живот дури и во тие години, раскажал во весникот:

- На 21 април 1903 година (според стариот календар, н.з.) дошле селаните за да му кажат на Гоце дека селото е опколено од многуброен аскер. Постојаниот придружник на Гоце, нему преданиот Карчо родум од Кукуш, му предлага на Гоце да излезе и да ја види положбата на војските, да откријат послабо бранет пункт низ кој би можеле да се извлечат од опсадата. Гоце му одговорил со следните зборови:

- Карчо, ако бевме предадени од овде, ќе најдевме можност да излеземе од опсадата, но изгледа дека сме предадени од Софија. Ете зошто спасот не е возможен, па затоа напред, следете ме, да излеземе и да ја примиме битката со таква решителност што нашата крв скапо да ги чини непријателите’.

Според мислењето на Карчо искажано пред мене, како пред личен пријател, Гоце по заминувањето од Софија бил многу нерасположен и постојано повторувал дека неговите противници нема да избираат средства за да го расчистат својот пат. Зашто Делчев, како голем авторитет, ползувајќи се со влијанието пред револуционерните дејци од внатрешноста, знаејќи им ги намерите... можеше да ги попречи нивните планови, раскажувал Стар Илинденец пред 75 години.

СЛЕДЕН ОД СОФИЈА

Станува збор за аргументација што ја следи д-р Миноски и според која Делчев бил следен по налог на бугарската власт веднаш по напуштањето на Софија и тргнувањето на неговата последна обиколка низ Македонија. Всушност, за нашата историска наука не е тајна дека официјална Бугарија не го сакала премногу Делчев, кој не само што не се согласувал со одлуката за кревање масовно востание туку претставувал и генерална пречка за улогата на врховистите во Македонија. Во Солун, каде што влегол на Велигден, Делчев се обидел да го разувери Даме Груев за неговата согласност со решението за востание, но веројатно никогаш нема да дознаеме што точно тие двајцата таму разговарале и договориле, ако воопшто нешто договориле.

Постојат некои сведоштва според кои Делчев ги прифатил аргументите на Груев, но потврда за такво нешто нема, ниту тоа може да се заклучи од неговото однесување по заминувањето од Солун. Нема ни најмал аргумент врз основа на кој може да се заклучи дека тој го сменил ставот според кој партизански и терористички акции, изведувани подалеку од населените места, можат да дадат поголеми ефекти од масовно востание. „Да се крева востание за да се предизвика вниманието на големите сили е исто како просјак намерно да ги загнојува раните за да предизвика поголемо сожалување“, ги цитира зборовите на Делчев од тие денови неговиот пријател Пејо Јаворов.

Оттука мотивите на бугарските приврзаници да го предадат Делчев на Турците за тие да го ликвидираат постоеле и по неговата солунска средба со Груев. Тука е и непосредниот судир околу солунските атентати, во врска со што Иван Гарванов, тогашен челник на ТМОРО (кој според д-р Миноски е експонент на бугарската влада) и Делчев повторно биле на спротивните страни, што можеби била капката што ја прелеала чашата. Таа епизода од македонската историја, која се случувала додека Делчев и Груев во солунската гимназија ја имале последната средба, можеби најдобро го отсликува судирот што владеел во Организацијата меѓу двете струи. Расцепот бил толкав што дури и Ѓорче Петров не гледал ништо чудно во можноста Делчев да бил предаден од врховисти вметнати во самиот ЦК.

- Важно е дека Делчев бил намирисан од Солун и следен до Сер... Тефиков ја имал таа задача... Не успеале да го фатат во Солун. Не го фатиле ни во Серско, но знаеле дека тука ќе мине... Во Солун имало некој шпион, близок до нашите луѓе... Затоа мислам дека предавството на Делчев било извршено од Солун’, раскажувал во своите спомени Ѓорче Петров, што повторно оди во прилог на тезата за бугарската линија во предавството и убиството на Делчев во кое Тефиков бил само извршител.

ЛИКВИДАЦИИ НА ГРОБОТ

Ако главата на предавникот се наоѓала во Софија, како извршители на теренот биле споменувани повеќе лица. Најчесто се јавува името на Андреј Хрлев од Горно Броди, локален благајник на организацијата, кого во своите спомени како предавник го посочува и Даме Груев. Меѓутоа во полза на Хрлев постои еден клучен факт: тој ја преживеал истрагата на Серскиот револуционерен округ за предавството на Делчев во време кога и за многу побенигни работи се добивал нож в грло. Три децении подоцна Хрлев јавно прозборел за обвинувањата против него, негирајќи ги и посочувајќи дека турската војска што го гонела Делчев била „предводена од двајца врховисти“, а тој поради страв за сопствениот живот бил принуден да молчи.

Но ако Хрлев се спасил, тоа не им успеало на низа други што биле посочени како учесници во предавството. Според д-р Миноски, Окружното раководство на Серскиот револуционерен округ ја презело истрагата, по што на теренот биле упатени неколку чети, меѓу кои и таа на војводата Георги Радев. Тој со четниците влегол во Баница во 2 часот по полноќ на 12 декември 1904 година, по што од домовите биле извлечени Марин Георгакиев и Коста Маџаров, а подоцна, заедно со Георги М. Орешков и Коста Петров (фатени во селото при нивното враќање од дрва), биле ликвидирани. Георгакиев бил убиен на местото каде што Делчев загинал, а другите на гробот каде што војводата бил погребен. Неколку месеци пред тоа, на 22 август 1904 г., бил убиен и Георги Шимов Агов, кој облечен во турска облека учествувал во потерата по Делчев. Со тоа се сметало дека непосредните предавници се ликвидирани.

Во рамките на севкупната истрага, од страна на четата на Илија Тешовалијата биле убиени и таткото Апостолов од селото Баница, неговите двајца синови и едната снаа. Може само да се замисли каква е таа ситуација кога биле ликвидирани четири члена на едно семејство. Како учесници во други предавства биле ликвидирани и Георги Дурата, Михаил Каптовали и Атанас Костов. Со тоа е затворен списокот на ликвидации поврзани со предавството на Делчев и воопшто во Серскиот округ, иако не е јасно дали заклучувањето на списокот е сторено затоа што немало други осомничени или заради забрзаното губење на силата на Организацијата предизвикано од погромите по Илинденското востание.

Како и да било, приказната за предавството на Делчев не е целосно реконструирана и затворена. Своевремено Христо Андонов Полјански своите истражувања за ова ги завршил со заклучокот дека за тоа ќе треба целосно да се отворат не само турските туку и бугарските и грчките архиви.

„ТАЈМС“: МАКЕДОНСКИОТ ЛИДЕР МРТОВ, ПРЕДАДЕН ОД ГРЧКИ ШПИОН

Лондонски „Тајмс“ донесува интересен текст на 26 мај 1903 година: „Според нашиот известувач од Софија, прецизните извештаи за смртта на фамозниот македонски лидер Делчев покажуваат дека тој, придружуван од Кирчовски и од поетот Јаворов, влегол во селото Баница, каде што неговото присуство било предадено на Турците од страна на грчки шпион“.

Големи сили го опкружиле селото и сите членови на револуционерната банда биле убиени. Биле убиени и многу селани кон кои Турците отвориле оган, се вели во „Тајмс“.

Текстот и е одамна познат на нашата историја, но досега не е посериозно третиран затоа што има евидентни непрецизности, а веројатно и поради тоа што се смета дека доказите за бугарската вмешаност се премногу силни за да се поверува во извештајот на репортерот на „Тајмс“, кој можеби бил свесно брифиран со лажни податоци од Софија. Но, од друга страна, Македонија досега никогаш не ѕирнала во грчките архиви од тој период, за да може да каже дека во ниту една фаза од операцијата за ликвидација на Делчев не биле вмешани Грци.
 
E

emission

Гостин
Еве што Стар Илинденец, како што пријателот на Карчо се претставил во „Македонско знаме“ во 1934 година, очигледно плашејќи за својот живот дури и во тие години, раскажал во весникот:

- На 21 април 1903 година (според стариот календар, н.з.) дошле селаните за да му кажат на Гоце дека селото е опколено од многуброен аскер. Постојаниот придружник на Гоце, нему преданиот Карчо родум од Кукуш, му предлага на Гоце да излезе и да ја види положбата на војските, да откријат послабо бранет пункт низ кој би можеле да се извлечат од опсадата. Гоце му одговорил со следните зборови:

- Карчо, ако бевме предадени од овде, ќе најдевме можност да излеземе од опсадата, но изгледа дека сме предадени од Софија. Ете зошто спасот не е возможен, па затоа напред, следете ме, да излеземе и да ја примиме битката со таква решителност што нашата крв скапо да ги чини непријателите’.
 

Македонеро

Домаќин
Член од
15 декември 2008
Мислења
3.488
Поени од реакции
1.863
"Заклеваме поколенијата настојаштите свети мошти да б'дат погребани в столицата на Независима Македонија."
 
Член од
22 февруари 2009
Мислења
746
Поени од реакции
35

Гоце Делчев во светла облека и Јане Сандански десно од него со серско пирински борци



Процена пред Илинденското востание


Селаните им веруваат само на локалните комити
„Њујорк Тајмс“, од Лондон, на 30 март пишува- „Случувањата во битолскиот вилает стануваат се посериозни секој ден, јавува дописникот на „Тајмс„ од Софија. Секојдневно има убиства, дел извршени од агентите на Македонските комитети, а дел од разлутените Муслимани. Дописникот вели дека „внатрешната организација“ има супериорно влијание врз население во вилаетот, а подготовките за востанието забрзано се завршуваат. Голем број селани се наоружуваат со пушки. Некои од лидерите велат дека движењето им излегува од контрола. Дописникот тврди дека претставништвото на бугарската Влада не е ефективно, бидејќи руските дописи и бугарските совети се сметаат за излишни, а луѓето загубија надеж дека Русија ќе ги ослободи од турскиот јарем. Комитите од Бугарија, тврди дописникот, имаат се' помалку влијание врз македонските селани, кои им веруваат само на своите лидери и не им е грижа за политичките планови на Бугарија, Србија или на Грција. Нивното мото сега е „Македонија на Македонија“, а нивната цел е поништување на турската власт и воведување на автономија“.
Една американска мисионерка ми кажува дека кај нив постојано доаѓаат луѓе и прашуваат колку пари ќе добијат доколку станат протестанти. Некои од овие доброволци за протестантската вера, веќе неколку пати биле и римокатолици. Прашав еден човек на која раса и припаѓа.

„Јас сум Бугарин“, ми одговори, “но мојот брат е Србин“.

„Како е тоа можно“, прашав.

„Па тој доби една турска лира за да стане Србин„.


Оваа земја, без разлика дали некогаш ќе си одбере друго име, никогаш нема да биде позната поинаку отколку како Македонија: група македонски востаници во Мелник.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom