Голем сенароден протест на ВМРО - ДПМНЕ (18.06.2022)

Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.578
Поени од реакции
22.292
Иначе тивко вечерва на форумов, штабистите не се уште вратени. Ај утре нека мелат памет овде.
 
Член од
28 август 2013
Мислења
4.471
Поени од реакции
13.644
За геополитика. Тука се збираат експертите.
Место за викенд, да искочиш негде како секој нормален германец и да уживаш во живеачката, ти тука со нас на форум.
 
J

joli1

Гостин
Се мислев да пишам коментар уште пред протестот да се случи т.е кога беше отворена темава, но тоа што мислев дека ќе се случи, делумно и се случи.

Прво, мизерен е потегот на организирање на протест на почеток у Јуни кога пола држава веќе ни е отидена во Хрватска и во останати држави да заработи леб, затоа што таму за една сезона прави колку што тука за година-две, а одреден дел од населението е веќе заминато на одмор (нормално, земајќи кредит за истиот) за да не полуде психички од ситуацијата во државава. Зашто протестот не се направи некој месец претходно? Да не живееше народот подобро пред некој месец можеби?

За мене ова е солиден доказ дека целта на протестот беше ете колку да има протест, колку да се убие и таа минимална надеж за подобро утро у државава и тргање на власт на СДС предвремено од страна на најголемата опозициска партија.

Не го следев протестот на ТВ, но според тоа што го видов на лајвстримот откако заврши, углавном, доаѓаат луѓе од сите градови, мавтаат со знамиња, пеат неколку песни, го слушаат Мицковски, и ајмо куќи. Што се постигна со протестов, сеуште не ми е јасно, буквално театарска претстава.

Го поздравувам потегот што Мицковски дојде измеѓу граѓаните од таму говореше, ама брате мили, типот буквално чита од тетратка дур седи измеѓу народ и им говори. Па со толкави пари со кои што располага, како едноставно не си најми некој тим кој што ќе му помогне со јавно говорење или барем ако ништо друго да се потруди да запамети еден говор, иако од истото нема потреба бидејќи има милион работи кои што можат да се кажат спонтано у врска со оваа деструктивна влада. Немам коментар, можеби грешам, но сметам дека една од најгрешните потези на ДПМНЕ е ставање на Мицковски за лидер на партијата. За да си лидер, поготово на политичка партија, треба да поседуваш одредени вештини и способности од кои некои се можеби вродени, а некои се стекнуваат.

СДС мора да си оди, секој месец со СДС на власт ќе значи зголемување на инфлација, поголем јавен долг и голем број новосоздадени проблеми за државава, ама сепак, морам да кажам дека СДС далеку поборбена партија како опозиција беше, партија која направи психолошка војна и демонизираше личности од ДПМНЕ, партија која што со месеци протестираше па дури и уништуваше државни објекти (не ги оправдувам, само сакам да укажам на што се беа спремни у споредба со ДПМНЕ, верувам дека беа спремни дури и да пукаат).

Сепак, единствен начин за предвремено СДС да замине од власт е цел народ да излезе и да почне да демолира буквално се, почнувајќи од општинските комитети на СДС, нивното седиште и резиденции.

Друже не знам како е кај тебе ама овде дневно идат нови Македонци масовно сеуште се одселуваат. Кај да појш слушаш Македонски по улиците. Сега еден пар запознав во 40тите се одселиле дуќанот во Тетово го продадоа и нов почеток во Германија прво по МкДоналдс па здравје после некое време на подобро. Егзодус. Долу партиите односно нивните лидери живеат во паралелно светови. Ако го разбрав Мицко добро иначе се залага тој да биде премиер како главна цел, а не нешто да подобро во ситуацијата. Нема спас веќе денес излезеноста све кажува. Пишав ја уште кога се најави митингот (види на прва страна) умрени и бедни. Тоа е ДПМНЕ на Мицко. За тоа дека Таче и Заев се поголемо зло нема дилема да не бидам погрешно сфатен. Па уште Мицко најавува дека нема да се промени уставот дури е тој лидер на ДПМНЕ. Со кој памет?
Ситуацијата у државава е никаква, неспоредливо е со било кој период претходно од независноста до сега.

Не дека претходно немаше иселување и луѓе кои што работаа сезони у држави у регионов, ама сега веќе е на екстремно ниво.

Само лично луѓе кои што ги познавам, луѓе со кои што другарувам или имам соработувано, можеби 20-тина од нив заминаа во Хрватска да работаат сезонски, некои дури работаат иако бакшиш не им следува (газдата хрват може буквално да ги плати само со бакшишот), конобар и кувар скоро да не можеш да најдеш освен овие дечкиве што уште идат у школо и конобар им е прва работа. Освен ова, доказ за тоа колку е срање ситуацијава овде е тоа што веќе и луѓе у 50-ти години се охрабруваат да си ја пробаат среќата во странски држави да живеат или пак да работаат сезона бидејќи подобро таму ќе преживуваат отколку тука. И да, не заминуваат само од економски причини, познавам цели фамилии кои што заминаа иако имаа солидни примања за овој стандард тука.

Ситуацијата е страшна, ако вака продолжи не пензионерска држава, туку нема никој тука да остане.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.661
Поени од реакции
37.620
...која власт се сменила со мирен протест :icon_lol:

посебно да се сменат тие на власт кои со калаш од шума дојдени вечно да останат на власт или со демолирање и со килограми потрошена боја по фасади, да си отидат по мирен пат поради митинг со ораториските верглања на Мицковски кои малтене ќе остане без партиската зграда? :boksix:

.... членови на вмро осудени двеста години затвор ништо не се превзема, па кој да ги прави промените народот ли?
...па со митинг ќе се направело нешто, им се стресоа гаќите на сдсмовските карикатури кои додека дишат и жими им децата името нема да го сменат, Уставот па ич, уште не се родил менувачот, а идентитетот бетон, ги заболе за митингот!

...па ние имаме премиер кој народот не го избрал, ниту го знаеме од каде изникна, си го фати за раче Заев и го донесе ,,еве ви премиер,,!
...тишина, ни бу ни џа, ќе праеле митинг, бре бре!
Сепак, единствен начин за предвремено СДС да замине од власт е цел народ да излезе и да почне да демолира буквално се, почнувајќи од општинските комитети на СДС, нивното седиште и резиденции.
...а штооо? дуи фуи да си остане, зш нив не ги спомнуваш, па тие се канцерот на општеството што прави метастаза, тргни ги нив сдсм сами ќе си отидат, карикатури у пм.
 
Последно уредено:

Skylake

proseCUTE
Член од
7 јули 2016
Мислења
1.078
Поени од реакции
1.712
Да помогнам малку околу дискусијата за колку имало или немало, генерално на мапата е обележан регионот од сликите од најодалечен кадар кои беа користени за да се прикаже масовноста на протестот.

Прегледај го приврзокот 335872

Значи со огромна густина од 1 човек по метар квадратен не можело да има повеќе од 17000 луѓе. Ако се земат во предвид просторот кај што не може да се стои и фактот дека сигурно е густината под 1 човек по метар квадратен тогаш реалната бројка не е над 12-14 000 . Митинг од 30-50 000 народ би требало да има луѓе од Мавровка до Партизанска и плус од кај што ја ставиле бината до соборен храм. 80 до 100 000 народ за да има би претставувало од кај МАНУ до железничка , по Јане Сандански се до Веро во Аеродром.

Чисто дека нашиве партии многу често се фалат со бројки како 50-60-70-80 000 народ како им "доаѓале" на митинзи.
Доколку го направеа ова,
народ ќе имаше не до Веро Аеродром, до наплатна рампа миладиново.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.661
Поени од реакции
37.620

Доколку го направеа ова,
народ ќе имаше не до Веро Аеродром, до наплатна рампа миладиново.
...во една соседна држава на сличен настан давале гратис тазе од скара веднаш дадени ќебапи, редици невидени, посебно пензионерите сите излезени, па кога се затепале поради прекуред или дупло земање, морале да интервенират редарите оти меѓусебе на самиот митинг се испотепале за ќебапи, балкански менталитет е тоа.
 

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.346
Поени од реакции
30.705
СДС мора да си оди, секој месец со СДС на власт ќе значи зголемување на инфлација, поголем јавен долг и голем број новосоздадени проблеми за државава, ама сепак, морам да кажам дека СДС далеку поборбена партија како опозиција беше, партија која направи психолошка војна и демонизираше личности од ДПМНЕ, партија која што со месеци протестираше па дури и уништуваше државни објекти (не ги оправдувам, само сакам да укажам на што се беа спремни у споредба со ДПМНЕ, верувам дека беа спремни дури и да пукаат).
Open Society bea borbeni, SDS ne bash...
Imaa vetar u grb zatoa.
I uste imaat(dpmne del od vetarot)

Ako togas Gruevski nosese luge na protest so sendvici od drzavni pari, SDS nosese so sendvici od nivnite sponzori.
 
Член од
6 април 2010
Мислења
1.578
Поени од реакции
10.591
Јас пример нејќам да го критикувам протестот на даскалот, оти би бил контрадикторен ако би очекувал повеќе. Ова е во рамките на очекуваното, толку е капацитетот, таа е понудата.

Некои се повикуваат на моментумот, по што сме дно дна, ама пак овие четири години нон стоп гравитираме околу дното, па по таа логика секој ден протест требаше да биде и оваа власт да ја немаше уште името ко се смена, па пак ги изгласавме. Што доволно говори колку ни сечи умот и нас ко народ. Така да замерки за даскалот за протестов немам, добиваш она што гледаш, буквално, и тоа е. Да се бара и да се очекува повеќе од тоа значи да се има изгубено допир со реалноста.
 
Член од
4 август 2018
Мислења
1.558
Поени од реакции
3.350
Ја Мицко кога прв пат го видов званично на тв веднаш ме асоцираше на оние типови на луѓе кои работеа навремето кога се отвори МОБИМАК тоа се тие фаци,тоа е капацитетот кој го утврдив со погледот "на прва" шо се велит...
 

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.497
Откако ќе дојдеме на власт ќе работиме воглавном и пред се за подобрување на социо-економските услови во државава, па оваа реторика е и сосема нормална, реална и очекувана, што друго треба да ветува еден политичар кој се бори за власт/премиерска функција. Незнам што очекуваат некои луѓе, да го укинуе Мицко Преспанскиот договор ли, како прво овој договор го потпиша/креира власта на Заев и тотално е глупо ДПМНЕ да се обвинува за нешто што не го напраиле. Ама зашто не го спречиле тоа, ова е муабет од типот Петко отепал некој чоек или силувал некоја жена, ама не е он крив туку криви се другите луѓе кои не го спречиле да го направи тоа. Па незнам зошто сите носеле државни МК знамиња, а не кутлешот, епа оти тој вентилаторот што го викаат е официјалното државно знаме на оваа држава, чиво знаме треба да се носи по митинзи и протести од Зимбабве ли. Ама зошто Мицко коалицирал и со Албански партии хаха па Македонија бе дечки не е Маџарска со 99 проценти хомогено етничко население, туку е бајаги мулти-етничка земја, една четвртина се Албанци, или една петтина вотева, а онака гледано во глобала етна третина од населението се НеМакедонци... нормално дека секоја една поголема политичка партија која претендира да ја превземе власта мора да биде во коалиција и добри односи со партии од сите можни етникуми во земјава. ДПМНЕ се криви за многу работи, криминали, корупции и.т.н. и.т.н. но едноставно неможе да се обвинува некого за нешто што не го направил, ама па зошто не спречиле, ама зошто вака, зошто онака... :tapp:
Автоматски споено мислење:

Ја Мицко кога прв пат го видов званично на тв веднаш ме асоцираше на оние типови на луѓе кои работеа навремето кога се отвори МОБИМАК тоа се тие фаци,тоа е капацитетот кој го утврдив со погледот "на прва" шо се велит...
Инжињерска фаца... бубалица... :гик: geek face :гик:
 
Член од
17 август 2009
Мислења
3.678
Поени од реакции
5.305
Понудил некоја програма ?
на пр намалуваме или ги тргаме акцизи за гориво, ддв за основни продукти. Субвенционираме струја за оние со примање до 3/400 евра. Незнам, ваучери за одмор у МК/ Охрид. Така нешто сака да чуе народ.
Ко она со беспари ЈСП :D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom