Гимнастика, Пекинг 2008

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Настја Лиукин од САД успеа да ја победи својата колешка Шон Џонсон и да го земе златото утринава во финалето во најстариот спорт на Олимпијадите, гимнастиката. Лиукин го заврши настапот со 63.325 поени и и врати на својата сограѓанка за поразите во домашните првенства и во квалификациите за ЛОИ од пред неколку недели. Јанг Јилин од Кина го освои бронзениот медал.

Кога на семафорот беше објавен скорот на Џонсон и Лиукин виде дека таа е победник, нејзините очи се наполнија со солзи радосници. Нејзиниот татко и тренер Валери Лиукин веднаш потоа и честита и можеби ја држеше во неговите прегратки неколку минути. Валери Лиукин беше двоен олимписки шампион пред 20 години, настапувајќи за СССР.
"Нема зборови да опишам колку сум горд на својата ќерка", изјави Валери.
 
Член од
8 август 2007
Мислења
1.541
Поени од реакции
48
Ееее, Русинка и' носи злато на Америка. :)
 

^Exotic^

Wanderstruck
Член од
25 ноември 2007
Мислења
5.969
Поени од реакции
1.059
Гимнастика колку што гледав на игриве, Кинезите восхитуваат.Какви се чуда прават, и кога ќе дојде до конечниот скок речиси сите остануваат во место или малку се помрднуваат.Браво:)
 
Член од
18 септември 2007
Мислења
2.547
Поени од реакции
33
Во машка конкуренција, во различни гимнастички дисциплини сите златни медали ги собраа Кинезите. Мислам дека победија во 8 дисциплини од можни 8 (нека ме поправи некој, ако грешам). Не беа лоши ни во женска конкуренција, но сепак таму немаа апсолутна доминација.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Точно, ги освоија сите златни медали во машка конкуренција, а кај жените битката се водеше помеѓу Кина, Америка и Русија.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom