Мојот официјален став за темава:
- Немам ништо против. Напротив во ред е што се отвора таков бар во мое маало.
Мене лично, ќе ми пречи. Искрено.
Затоа што тоа од геј-бар ќе се претвори во педерски и транс-бар.
Вака, да те поправам:
Има само геј бар. Што ти значи тоа педерски бар? Таков термин не ни постои.
А транс бар? Па и геј баровите се trans-friendly. Или не знаеше?
По правило, не треба да се вика геј бар, туку ЛГБТ-friendly место. Всушност тоа е локал за open-minded хетеросексуалци, за хомосексуалци, бисексуалци, лезбејки и транси.
Геј бар е назив популарно користен од страна на геј мажите за да се етикетира некое место кое е ЛГБТ-freidnly. A далеку од тоа да е место каде се собираат само геј мажи.
Гејовите не се сегрегираат. Излегуваат секаде, а не во специјални “установи“.
Да, но не можат секаде да говорат за чувствителни теми, ако знаеш на што мислам. Ај пробај да начнеш таква тема во некој рандом локал во Центар. Си пробал?
Тука има поголема слобода на говор без страв од чудни погледи и реакции од сотанатите присутни. Така да не станува збор за сегрегација.
Никој не те обврзува да коментираш на истите.
Не, геј бар близу моето место на живеење не. Посебно не близу моето место на живеење.
Wow, стануваме територијални? Абе во крв ви е ...
Newsflash: Не го поседуваш твоето соседство/место на живеење.
Дали сакаш да кажеш дека сме заостанати?
Бидејќи не гледам јас некојси просперитет ако хомосексуалците имаат право на брак, право на посвојување деца, или во случајов, ако отворат геј бар близу моето место на живеење
icon_lol:... извинете, го замислувам моето место на живеење, и одма тука геј бар, и смешно ми паѓа
).
Како прво, ни јас не гледам некој просперитет ако постојано се негираат права својствени за секоја индивидуа. Со продолжување на дискриминацијата не се оди напред, не се просперира.
Како второ, на чело на локалот нема да пишува со гигантски букви "геј бар". Нема ни да знаеш дали е геј бар додека не влезеш внатре.
Не.
Геј е ако не легнува со секој за кој ќе дознае дека е хомо за да го испроба, има свои стандарди и принципи, образован е, начитан и културен, филантроп и борец за човекови права.
Педер е балкански термин кој порано означувал лица кои не ги привлекува никој а се вљубени само во самите себе си. Во поново време, барем во Македонија, педер е македонски еквивалент/синоним за терминот геј, кој е повеќе или помалку универзален термин кој ја означува истата работа (индивидуа која е привлекувана од истиот пол).
Очекував барем за темава малку повече од некој кој "има свои стандарди и принципи, образован е, начитан и културен, филантроп и борец за човекови права."
За разлика, педерите не само што легнуваат со секој за кој ќе дознаат дека е педер, туку тоа го прават и со бисексуалци, во врска, женети, за пари, за услуги, од корист, само заради секс, како проститутките.
Тоа може било кој педер/геј да го направи. Нема соодветен термин кој го означува тоа. Зошто едноставно не го искористиш зборот промискуитет? Промискуитетен геј/педер. Делува доста едноставно нели?
Башка што појма немаат од основните поими, здравствено се ризични, морално се гнасни, па и самите себе не се поднесуваат, а утеха бараат во сексањето...
некои ја бараат истата утеха и во храна, па се здебелуваат, некои ја бараат истата утеха и во алкохолот/цигарите, други кај дрогата. Им го трг аумот од суровата реалност која се подложни да ја искусуваат. И да, некои бараат ослободување низ секс. Секој има свој начин на справување со тие работи. Не е убаво да ги судиш поради тоа.
Да не зборам дека појма немаат дека во Иран ги бесат таквите како нив, а и ако знаат, рамнодушни се на тоа. Воодушевуваат со својата игноранција, а најмногу што знаат е да ги опишат гнасотиите што ги прават.
Јбг...
Е добро де, и јас знам дека таква е ситуцијата во Иран, и што? Што можам јас, ти, или било кој друг геј да направи околу тоа? Да земеме да штрајкуваме со глад? И мене ми пречи ама што можам да направам? Ако имаш идеа, кажи, еве да правиме организација, протести, за права на хомосексуалците во Иран, сакаш?
а инаку, геј-баровите се одвратни места кај што идат педерите за да добијат блоу-џаб од некој друг, онака, на брзинка, во ВЦ.
Мислиш на FC (Fuck Club). Каква врска има тоа со геј барови?
Во таквите клубови - да, има такви работи, и не е ништо поинаку од нивните стрејт колеги, кои ги има многу повеќе. Најчесто тоа е еден локал каде има посебен оддел за хомосексуалци. Ретко цел клуб да е исклучиво за гејови.
Нешто си чул, и си смешал со друго :helou:.
Да нагласам дека гласав за првото, оти ваквите места се лоши за општиот морал.
Јас гласав за третото. Сакам кога ќе влезам во кафич да си бидам опуштен и ослободен ос стеги да се пазам што зборувам или да користам кодирани зборови/термини, кога правам разговор.
Дури и Out Boy не се согласува со тебе.
Јас гледам на таквите барови (а и Out Boy изгледа исто така ги разбира тие места) како место во кое можеш да одиш да легнеш нешто набрзинка.
Едно е како Out Boy ги разбира тие места, а друго е што се тие навистина. 100% сум сигурен дека он не бил на такво место, уште помалку ти. Така да ставовите ви се базирани на шпекулации, на ништо друго.
А ако ти се пие онака, не знам зошто би барал геј бар.
Мене кога ми се пиело кафе, никогаш немам лутано и барано кафич во сопственост на Албанци низ градов
Да, ама Princ, албанците не се мета на дискриминација каква ја искусуваат хомосексуалците. Има огромна разлика тука. Затоа ти можеш да си бидеш слободен и опуштен во било каков кафич, а ние не.
А што има ја да го лапам и гушкам у локал? Всушност, што има и некој-стрејт пар да се лигави на јавно место?
Да не ти е срам? Ми збориш дека си мразел дискреција или неискажување на љубов, епа еве, ај докажи му на дечко ти дека го сакаш. Или докажувањето е резервирано само во спалната соба?
Се случува да се занесете од атмосферата и да го фатиш за раце, или прегрнеш, се слулуваат и бакнежи. Стрејт двојките не му ја мислат многу, зошто треба то да ја мислиш? Или поважно ти е што другите ќе мислат за тебе од дечко ти?
А, битното не е дека децата на Принц нема да видат. Битното е дека тоа се своевидни јавни-геј куќи кај што сите идат со надеж дека ќе падне блоу у ВЦ, или во најмала рака, ќе се запознае некој за во кревет таа вечер.
Геј бар = Геј јавна куќа? :pos2:
Абе човек, да те чуе некој од странство каде има и едно и друго има да се згази од смеење.
Врска нема. геј барот (ЛГБТ-место) ти е обичен бар каде за разлика од другите барови, нема предрасуди и секој има слобода на говор и однесување. Бар, човече, не е booty-rent.
ставот ми е јасен, со оглед на тоа дека сум против секаков промискуитет (стрејт и геј) како и случаен секс, кој кај хомосексуалците скоро секогаш е ризичен.
Ставот твој ни е јасен. Не ни е јасно од каде заклучоците? Си бил во геј бар? Си бил во геј јавна куќа/секс клуб? Од каде вадиш аргументи?