Гадафи ги финансирал Милошевиќ, Шешељ и Месиќ

oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
3.088
Поени од реакции
1.255
Што откриваат документите на либиската разузнавачка служба?

Гадафи ги финансирал Милошевиќ, Шешељ и Месиќ

Според пронајдените документи Гадафи испраќал пари и финансирал некои моќни политичари во Западна Европа и САД: францускиот претседател Никола Саркози, италијанскиот премиер Силвио Берлускони, американскиот дипломат Дејвид Велч и многу други

Со влегувањето на бунтовниците во зградата на либиската разузнавачка служба во Триполи се отвори Пандорината кутија која сигурно ќе ги открие големите тајни за заткулисната соработка на Гадафи и неговото финансисрање на некои политички моќници на Балканот, во Западна Европа и САД. Според пронајдените документи можело да се заклучи дека Гадафи финансиски го поддржувал режимот на Слободан Милошевиќ и лидерот на радикалите Воислав Шешељ, но и лидерите на Хрватска, Франција, Италија и САД, пишува "Вечерњи лист".
Весникот наведува дека помошта за Милошевиќ било враќање за услугите кои тој му ги дал на Гадафи за време на '90-тите години од минатиот век кога бил угушен бунтот на исламистите, бидејќи Слобо испратил пилоти од Србија "кои со авиони фрлале отровен гас". По смртта на Милошевиќ, Гадафи продолжил да го финансира лидерот на радикалите Воислав Шешељ.
Бившиот либиски лидер ја финансирал и предизборната кампања на поранешниот хрватски претседател Стипе Месиќ, изјавил претседателот на либиската Републиканска партија за демократија и правда Фараг Абу Алеш, истакнувајќи дека според документите пронајдени во зградата на либиската разузнавачка служба Гадафи испраќал пари и финансирал некои моќни политичари во Западна Европа и САД.
Пред се, тука се наведуваат францускиот претседател Никола Саркози, италијанскиот премиер Силвио Берлускони, американскиот дипломат Дејвид Велч и многу други познати имиња од јавниот и политички живот на Западот.
На прашањето дали либиските бунтовници располагаат со детални информации за платеници од Хрватска Абу Алеш одговори: "Зошто ме прашувате за платеници од Хрватска кои дошле да се борат за некои ситни пари? Нив на некој начин би можел да ги разберам и оправдам, бидејќи биле подготвени да го дадат и својот живот. Прашајте ме за дволичните политички платеници кои, и покрај тоа што се полни пари се продале себе си и својот морал за грст долари".
Претседателот на либиската Републиканска партија за демократија и правда Фараг Абу Алеш истакна дека стои зад секој свој збор.
Месиќ остро ги отфрли тврдењата на Абу Алеш: "Финансиските извештаи од мојата кампања се јавно објавени и достапни, а од нив се гледа кој ме финансирал. Се друго се глупости, конструкции поради кои може да се тужи", изјави Месиќ за "Вечерњи".

http://www.vecer.com.mk/?ItemID=1C277490BF250E42BD1E6A1CA953A9EF
 

Kajgana Shop

На врв Bottom