ГМО - генетски модифицирана храна

  • Креатор на темата Креатор на темата Мистичен
  • Време на започнување Време на започнување
Тоа не го потврдуваат 1300 истражувања кој го добиваат истиот заклучок, а колку има истражувања што покажуваат лошо и тоа покажуваат на инсектицидот, а не на генетската модификација.

А бе нека бидат и 1300000000000000000000 истражувања, се додека не се воведе задолжително обележување на генетички модифицираните производи, веродостојноста на истите тие истражувања ќе остане под знак прашалник.
 
Декстер, ознаките на производите се само еден дел од проблемот (иако сосема значаен дел).
Најголемиот дел од проблемот е тоа што не постојат меѓународно прифатени норми и стандарди за тие истражувања. Практични самата индустрија која профитира од ГМО бизнисот, е таа која ги диктира „стандардите„ за истражувањата за безбедноста.

Не само тоа, туку и ниедно од тие истражувања не ги истражува долгорочните последици врз тие што се хранат со ГМО - а токму тоа е најважното, според мене. Пошто сите се согласуваме дека исхрана со ГМО нема да те отруе како некој отров (банално да симплифицирам), но долгорочните последици се напластуваат се повеќе и повеќе... се додека не дојде крајот (во облик на разни автоимуни заболувања, канцери, итн).
 
Па да, доколку генетички модифицираните производи почнат да доминираат во човечката исхрана, ќе биде потребно обележување на органските производи, бидејќи тие ќе бидат малцинство наместо генетички модифицираните производи, како што фала му на Бога, засега е случајот.
 
Абе бачка... и органската индустрија лека-полека станува една голема превара. Да не знае човек кај да се сврти.
Има многу „дупки„ во правилата за органска храна, на пример се наведува точна листа на пестициди/хербициди кои не смеат да се употребуваат и никаде не ти кажуваат дека смееш да прскаш со се што не е наведено (од пестициди/хербициди) и тоа без ограничувања во количините. И ете некои пестициди/хербициди се помалку опасни од некои други (како ДДТ или Роундап/глифосат), ама што значи тоа ако тие „помалку опасни„ пестициди/хербициди се прскаат во ДЕСЕТ ПАТИ поголеми количини?

Најпосле, погледај го сопствеништвото во денешната органската индустрија - Кока Кола, Пепси, итн... истата стара индустрија:
organic_industry.png
 
Последно уредено:

Никогаш не сум ги негирал манипулациите на големите корпорации во прехранбената индустрија, ниту планирам да ги негирам.
 
Никаде не реков дека негираш.
Само нагласив дека денес ништо не е едноставно, за атер на дискусијава. :)
 
Секоја индустрија сака профит и ГМО и органската која ина повеќе профит од монсанто. На крајот на денот се сведува да сам си растеш и да ја чистиш храната од пестицидите и инсектициди.
 
Ти со што си ја чистиш храната? Со џигерот и со бубрезите, или со таа големата четка од тоалетот?

Секоја индустрија сака профит и ГМО и органската која ина повеќе профит од монсанто. На крајот на денот се сведува да сам си растеш и да ја чистиш храната од пестицидите и инсектициди.
 
Абе јас не те прашав тоа, туку те прашав како ахеммм.... Како ја чистиш храната од пестициди и хербициди. А ако веќе толку сакаш да си играш економија, наместо пропагандни блогови - отвори берза и таму спореди ги нет вредностите.
 
Нормално дека бубрезите и црниот дроб вршат детоксификација, но миењето со вода исто така ги отстранува дел од пестицидите.
 
А глифосат хербицидот, како го чистиш?
 
Не е толку токсичен да се замарам :)

Судејќи според твоите коментари, можеби треба отидеш на лекар за да ти го проверат организмот, а особено мозокот за остатоци од токсини, не само од глифосат, туку и од сите "здрави" генетички модифицирани производи кои ги консумираш.
 
Не е токсичен, м’хмм? Би кркнал ли една ладна чаша, испотена?
Еве јас частам! :rolleyes:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom