Bratot
Стоик и Машкртник!
- Член од
- 27 јануари 2007
- Мислења
- 17.089
- Поени од реакции
- 4.499

Европратеникот Ерик Мејер врз основа на чиј извештај Европскиот парламент ја усвои резолуцијата за Македонија вели дека своевидна победа е што за првпат на расправата во Европарламентот нормално се зборувало за Македонија, а не за ФИРОМ.
Тој во неговиот извештај до Европаламентот предложи дека името не смее да биде пречка за европска интеграција на Македонија што беше прифатено во резолуцијата.
- Службената позиција на ЕУ е дека сé уште не сте признаени според уставното име Република Македонија. Спорот во Европскиот парламент оди во три различни насоки: оние кои велат Македонија, како мене, оние што велат ФИРОМ и одбиваат да употребат било што каде се содржи името Македонија и службениот став, потврден неодамна, дека во документите на ЕУ ќе стои Поранешна југословенска република Македонија без да се користи кратенката ПЈРМ, истакнува Мејер во интервјуто за Македонската редакција на Би-Би-Си.
На прашањето дали беше неопходно менувањето на формулацијата Мејер вели: - „Во првиот документ јас дадов свој личен предлог, а сега конечниот исход е под влијание на парламентот, а мнозинството мислам, е донекаде помалку пријателско кон вашата земја од мене. Тоа игра улога. За прв пат е важно што во оваа дебата, нормално се зборуваше за Македонија а не за ФИРОМ, што е важна разлика бидејќи во минатото во секоја дебата, кога некој ќе употребеше Македонија, некои членови стануваа и велеа дека името е забрането и не смее да се изусти а тоа не се случи на дебатите во средата и четвртокот. Тоа веќе е своевидна победа".
Прашан дали дијалогот меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ го смета како предуслов за отворање на преговорите за зачленување на Македонија во ЕУ Мејер вели да, но не само разговорите меѓу ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ, туку и договорот меѓу лидерите на, како што вели, главните две етнички групи, се смета за мошне важен.
- Ако идејата е Македонија да не се однесува како мултиетничка држава потврдувајќи дека има различни јазици, во владата и образованието, тогаш имате проблем. Бидејќи другите членки на ЕУ ја признаваат разновидноста во себе, особено земјата со која можеби најлесно се споредувате - Белгија со своите две големи јазични групи, сега треба да има прифаќање кога ќе се користи едниот јазик, а другиот не, истакнува Мејер посочувајќи го како важен напредок во образованието на албански јазик Универзитетот во Тетово.
Иако не влезе во завршната резолуција во извештајот Мејер истакнува дека Македонија има незаконски ѓубришта долж патиштата, реките и шумите.
- Видов ѓубре и го видов загадувањето на Вардар кое е едно од најголемите во Европа иако немате некоја голема индустрија. Тоа е едно од важните прашања во Европа. И самите членки во изминативе десет години мораа да напреднат по ова прашање, бидејќи се сфаќа оти не можеме да преживееме ако не го чиниме тоа, вели Ерик Мејер во интервјуто за Македонската редакција на Би-Би-Си.
Европскиот парламент во својата резолуција го поздрави напредокот на Македонија откако стана кандидат за членство во Европската унија. Но, за тој напредок да биде проследен со отворање преговори за членство, Парламентот ги повика сите страни во земјата да го консолидираат духот на дијалог во решавањето на разликите меѓу нив.
http://www.mrt.com.mk//index.php?option=com_content&task=view&id=11730&Itemid=27