asterix_m
Регулатор
- Член од
- 19 април 2006
- Мислења
- 2.765
- Поени од реакции
- 33
Во аптеката на сопругата на директорот на Бирото за лекови се пронајдени поголеми залихи лекови
Пронајдени вишок лекови во аптеката на сопругата на актуелниот директор на бирото за лекови Илчо Захариев. Ова го утврдила инспекцијата на Фондот за здравство која деновиве изврши контрола на околу 100 тина аптеки. Колкава количина на лекови стојат позади рафтовите во аптеката Морфеј во Штип директорот на Фондот Тренковски денеска не сакаше да открие. Од каде се нашле и што е одговорено во аптеката кога точно се знаат договорените квоти на лекови во секоја аптека со Фондот за здравство никој денеска не одговора.
Директорот на бирото за лекови Илчо Захариев денеска реши да молчи – неговата секретарка го правдаше дека постојано е зафатен со состаноци.
Тренковски вели дека одговорните на аптеката се известени и дека во овој момент имаат право на приговор ,чекаат и образложение како се нашле залихите на лекови токму во оваа аптека.
Контролата на Фондот за здравство во другите аптеки во земјава во Тетово, Куманово, Кавадарци, Неготино инспекторите констатирале дека неовластени лица издаваат лекови на граѓаните, во дел од аптеките во Велес, Кавадарци, Неготино, Кочани, Виница, Гостивар, Кичево, Охрид и Струга имало финансиска разлика околу дозволени квоти на лекови .
Сите аптеки имаат право на жалба – откако Фондот за здравство ќе го добие нивниот приговор ќе одлучува дали парично ќе го казни или затвори.