Тоа со гасоводот се појави утрово, но не знам колку е веројатно.
Пробајте да си преставите цевка по која неколку десетлетија течел гас.
Ако е вистина ова, значи во ВСУ не го читале Виктор Иго!
* Приближна состојба на фронтот кај Суџа. Продорот по цевка е кај стрелката источно од Суџа. ВСУ се речиси во очајна состојба. Плавите кругови се нивните единици, за кои се знае дека се во окружување. Кај Мартиновка има вести дека никој никого не напаѓа, нит русите се трудат да ги уништат обиколените сили на ВСУ, ниту пак овие имаат некоја алтернатива и пат за повлекување. Силите на ВСУ кај Махновка кобајаги имаат место за повлекување, ама изгледа само теоретски. Бидејки и од кај Гуево се засилува притисокот на РФ.
Пред некое време е пресретната радио комуникација на украинците останати кај Казачја локња, организираат пробив во текот на ноќта, а и како друг избор имаат?
** Северно накај Мала локња исто има трупи на ВСУ, засега не се вклучени во овој судир, многу веројатно ке се потрудат да се извлечат со нивните колеги јужно.
*** Подрачјето означено со Сераја зона е всушност недефинирано под чија контрола е, тоа е можеби и единствена можност за провлекување на остатокот на ВСУ.
**** Со ова нема да заврши дуелот околу Суџа, физички не е можно толку војска да се повлече за ден-два, башка под постојан оган од РФ. Дел од таа војска ќе остане и сакала нејќела ќе мора да се спротиставува на нападите на силите на РФ.
Господ напомош на дечките од двете страни.