Зошто седеа во место? Не е можно толку да се глупи и неуки, веројатно некои такви наредби имаат, ништо не смеат да менуваат во реално време ако не добијат инструкции од горе... Кој и да одговрорен - фул ретард.
А на каде да одат, одење лево и десно е ризик да отидеш директно во минско поле, ај тенк ако погоди ќе биде онеспособен и возачот најверојатно ќе биде тешко повреден. Ако тие макспро погодат анти-тенковска мина има да се дезинтегрираат, со се сите во нив. Поради истата причина и Рускиот тенк се држеше само до патот и мал дел каде што веќе некој друг возел кај појасот дрва зошто знае дека таму нема мини. Во спротивно и он ќе го заобиколеше појасот дрва од десно откако беа уништени двата тенка и ќе ги довршеше сите таму што останаа.
Друга работа е и што дури и тенковите имаат проблем со меката почва во Украина, ако оние макспро што се тешки колку тенк влезат со гуми во полињата, толку излегување нема.
И последното е паника, кога се така во колона ако последниот не реши да оди во рикверц сите сте заглавени, плус на радио гарант сите се дерат, експлозии, адреналин и ако немаш искуство што да правиш во моментот додека не ти проработи пак мозокот, најчесто ќе бидеш веќе мртов.