Па не е само тоа што биле уништени возилава иако баш за тие возила има(ше) 24/7 пропаганда како ќе ја решат војната, па мемиња, митинзи, церемонии, состаноци а-у за да сега се крева раменици.
Туку на страна тоа што Украина губи скапоцени возила (како и војници), тие се уништени/имобилизирани уште додека се движат во колони кон линијата за контакт и некои од нив не ни стигнуваат до руските позиции. Како планираат да напредуваат низ 4-5 одбранбени линии кога не се во можност да ја стигнат првата одбранбена линија?
Ќе видиме како ќе се одвива офанзивава понатаму, но моментално според видеава мислам дека Украина брзо ги троши западните оружје, наводно САД им дале околу 100 Бредлиња а само на видеа/слики се гледаат 10 уништени/напуштени, тоа се 10% од севкупниот број на овие возила. Како ќе стигнат до Токмак? Или пак Мелитопол, Бердјанск. За Мариупол да не правиме муабет.
Затоа и одбивам да верувам дека ова е тоа, мора да имаат некој скриен план кој не го гледаме.