Оваа војна освен што е досега нај модерна и хај тек, по голем број основи. Меѓудругото е и војна за чистење на отпадот и застарената техника од СССР и НАТО произведена пред крајот на студената војна.
Секое оружје врши работи.
Мислам дека многу поголемо прашање за исходот на војнава е кој повеќе има натрупано воена техника од претходниот век и колку повеќе залихи остварил на истите, со се муниција.
Денешното производство е немерливо со тоа од тоа време. Имаше податок за производството на тенкови во време на СССР, од 3500 до 4000 годишно. Сега со три смени и фул капацитети, Русија се надева на максимум 1500 годишно, вклучувајќи ја и модернизацијата на, пак СССР техниката..
За Европа и да не праам муабет колку се очајни во тој поглед на производство на воена техника.
САД се донекаде Ок, само што кај нив е корупцијата преголем проблем. Ф-16 на пр. со дизајн од пред 50 години, глинен голуб во денешно време, ново произведен вреди околу 70 милиони евра. Со пакет муниција, тренинзи, испораки и остало близу 100 мил.
Ајде нека произведе десет такви нови ф-16ки (кои би коштале милијарда евра) и нека им ги достави на Украина. Прашањето е колку ќе им траат тие не-стелт авиони, против рускиот модерен ракетен штит, и дали тоа ќе биде воопшто исплатливо?
Значи новото производство е прескапо и неизводливо за западот, немерливо за Русија со тоа време. И се останува на тоа кој од двете страни уште колку залихи има од старудииве. За конфликт со висок интензитет како овој.