Dar_Mak
ексцентрик
Повеќето од овие UFO's се баш UAP's, небесни феномени за кои нема објаснение и мислам дека немаат никаква поврзаност со вонземјани. Човекот можеби го владее копното, но не е толку доминантен во воздух, па според тоа и неговото разбирање за тоа како изгледаат работите и како функционира физиката во воздух/вселена се ограничени. Верувам дека постои живот на други планети, како и многу поразвиени цивилизации од човечката, но ако навистина толку често сме посетувани од нив, зошто не воспостават контакт? Зошто воглавно се во небо, а не на копно? Зошто за САД и Хитлер кружат информации дека совладале вселенски брод и ја употребиле нивната технологија, па зарем е можно толку напредна цивилизација која успеала да патува со брзина речиси како онаа на светлината да биде заробена од планета каде што сеуште владее сиромаштија? Американците често додаваат драма на настаните за да добијат на вредност, па од тука доаѓа прашањето како тоа сите НЛОа и сите филмови за НЛО се од таму, па зарем вонземјаните не знаат дека има и други многу поубави предели на Земјата 
