Воздухопловно моделарство

  • Креатор на темата Креатор на темата VORTEX
  • Време на започнување Време на започнување
P180113_2011_zpse1105388.jpg


Модел изработен 80% од трска :)
 
Користев ПВА, цијаноакрилат и 10минутнен епоксид.

Рамењачите, дијагоналните ребра и вертикалците се со епоксид, а трупот и останатото со цијаноакрилат и малце ПВА(кај шо ми требаше време за манипулација со спојот)
--- надополнето: 7 февруари 2013 во 19:09 ---
Користев епоксид на места кај шо можеше и со ЦА, ама реков да ја потрошам цела смеса да не оди џабе.
 
Како ја припремаш трската?? Може ли под пареа се омекне???
 
Трската е незгоден материјал за виткање. Влакната на трската за разлика од клетките на балзата се доста поотпорни на распаѓање па треба екста мака која на крајот не се исплаќа. Истиот модел од балза би бил 20% полесен и сигурен сум поцврст.


Јас практикувам во екпрес лонец(без преливен вентил) да ставам пола литро вода и 100мл средство за чистење прозорци кое има амонијак на оган добри 3-4 часа. Се загрева доста и притисокот расти ама не вервам дека ја достигнувам или преминувам критичната точка на амонијакот, така да си земам здраво за готово(без мерења - претпоставувам само бидејќи откако ќе го отворам лонецот уште смрди) дека амонијакот е структурно константен. Го оставам преку ноќ да се олади(тогаш и почнува да делува амонијакот) посекако неможам да го отворам лонецот, нема преливен вентил. Наредниот ден директно од лонец ги ставам на картонски калап лентичките и го оставам да исушат добро. Ја задржуваат формата.

Сум имал и обиди само во врела вода да ги киснам лентите, ама после сушење има негде 10-20% еластична деформација. Во лонец и со амонијак викањето е потполно пластично, на мала цена на структурната цврстина на влакната.

Доста инфериорен материјал за моделирање е трската споредено со балзата, и по специфична цврстина и по начин на изработка ама работам на неколку проекти со балза и ова го работам чисто од мерак. Не би го препорачал за воздухопловни модели.
--- надополнето: 7 февруари 2013 во 22:21 ---
ехх требаше пократко ама се заборајв :D:D:D
 
Малку зарѓав со моделарството, но сега сакам повторно да започнам со хобиво кое ме исполнуваше „на времето“. Затоа сакам да ви поставам две прашања бидејќи гледам дека сте поупатени:
1) Дали некаде во Македонија може да се набави цел кит за изработка на едрилица? Знам дека едно време продаваа во Политехна, ама вчера ги прашав и ме известија дека веќе не држат такви материјали.
2) Каде може да се набави квалитетна балза, депрон/стиропор и моделарска шперплоча и по која цена?

Однапред ви благодарам на одговорот. :)
 
неможам ништо подобар одговор да ти дадам освен - балза набавувам од аероклубовите, депрон од продавница за ламинат а аерошпер неможам да најдам :)
 
неможам ништо подобар одговор да ти дадам освен - балза набавувам од аероклубовите, депрон од продавница за ламинат а аерошпер неможам да најдам :)
Благодарам на одговорот, ќе пробам да скрпам материјали, ако не успеам ќе набавам нешто од нет.
 
Јас се занимавам со 3D дизајнирање на авиони па ме интересира каде можам да ги постирам моите проекти .
 
Јас се занимавам со 3D дизајнирање на авиони па ме интересира каде можам да ги постирам моите проекти .
...како не...има овде неколкумина кои љубопитно чекаат да ги видат твоите дизајни.....:vozbud:
 
..ахаа, а со кој софтвер црташ??? имаш ли некое знаење околу принципите, методите и стандардите на конструкција на модерни авиони, или само некоја естетика те интересира???
..пробај со designspark тоа ти е бесплатна верзија на spaceclaim engineer и како за без пари е одличен 3D, ако малку му влезеш има добри можности за нешто симетрично ко авион.....

PLANER1_zpsf78908af.png
 
Немам познавање така естецки ги дизајнирам, инаку ме интересираат методите и принципите за конструкција .А како софтвер го користев Blender.
 
Извинете што прашувам на сто места али вака ке сум поблиску до одговорот дали и од каде и по која цена можам да си купам модел за составување на авион во МК ?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom