Воена и Цивилна Морнарица

Член од
28 декември 2015
Мислења
3.978
Поени од реакции
6.464
Кузнјецов е жив страм за Русите.па една Индија има посолидни носачи од истата класаНека го тргнат пд него руското знаме и стават на него пиратско знаме за да не се брукаат.
Има такви најави дека ќе бил повлечен од употреба ама работата е во престижот на една земја, особено ако се смета за сила да има flat-top, макар тој бил само за украс.
Путин најави пред пар години градња на нови носачи (во множина) ама немаше некои детали, кога, како, имало проект за супер-носачи (Уљанов) со све AEW авиони како Хокај и остало ама тоа баш пред распад на СССР, не знам дали Русија има средства за нови носачи, развој на катапулти, сосема нови системи...



Според макетава делува како нешто поголема верзија на Кузњецов, истите ски-џамп и Су-27.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.978
Поени од реакции
6.464
Повлечен од употреба пред некое време последниот класичен артилериски крстосувач, перуанскиот Алмиранте Грау од 9000 тони, граден во Холандија заедно со брата си, Алмиранте Агуире.

Интересна сторија имаат овие бродови. Започнати неколку месеци пред немачката инвазија на Холандија, двете кобилици остануваат во бродоградилиште да рѓаат. Некој би помислил дека на Германија два такви, за тоа време супер-модерни бродови во изградба би биле природно надополнување на загубите од норвешката кампања. (Блихер, Кенигсберг).
Но германците оставаат започнатите бродови и пренасочуваат ресурси далеку од Кригсмарине која не добива ниту еден брод поголем од разурнувач од 1941 натаму.

По крајот на војната, холанџани се во криза (а кој не бил во криза во Европа тогаш) па одлагаат довршување на овие крстосувачи за некои подобри времиња. Десет години подоцна конечно овие два брода од класа Де Зевен Провинсиен се завршени и стануваат најголеми евер во историјата на холандска морнарица. Првично имале 10 полуавтоматски топа од 150мм од Бофорс но подоцна во Перу тие се редуцирани на 8 па на 4 со нивната капитална реконструкција во седумдесеттите кога добиваат хеликоптерска платформа и хангар, ПБР, CIWS, САМ, лансери за топлински мамци и лансери за алуминиумска фолија, и све што модерен брод треба да има.
Холандија решава да изгради голема серија фрегати за замена на веќе застарените крстосувачи, па ги продава на Перу каде што тие се модернизирани до непрепознатливост и со тоа им е продолжен животниот век на 70-80 години.

Името го наследи фрегата од класата Лупо, одличен италијански дизајн кој се продаде по цел свет.





Да појаснам, Chaff лансерите се наменети за мали ракети од кои има барем по 24 на еден лансер. Има и такви со по 50.
Тие се лансираат како последна одбрана, за да противничката ПБР која е наведувана од радар биде "удавена" во лажни сигнали.
Истото потекнува од британските улетувања со Москитоси во WW2 за правење коридор кон целта кој ќе биде употребен од Ланкастери, Халифакси и Стерлинзи. Значи улетува москитос со контејнери за тенки ленти од алуминиумска фолија, скроз иста со оваа која се употребува во кујни и која се употребува за заштита на глава од страна на теоретичари на заговори.
Тие ленти прават хаос низ германскиот радарски систем пошто сигналот се одбива од милион листови фолија и на екран изгледа како да надоаѓаат милион цели.
Денес тие мамци се употребуваат буквално на секој брод поголем од Корвета или за одбрана на поморски или авио бази.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.978
Поени од реакции
6.464
Последниот голем брод потопен од подморница во WW2 е америчкиот крстосувач Индианаполис од 10500 тони кого го торпедира јапанска подморница околу почеток на август 1945. Тој брод иначе пренесувал компоненти за склапање на атомската бомба на Маријански острови пред тоа.
Да биде невољата поголема, при потопувањето на овој брод се случува втората најголема shark feeding frenzy над човечки битија во историјата (првата е во јужен атлантик ли беше, некаков брод со талијански ратни заробеници). Над 600 морнари и офицери се искасапени од ајкули кои кружеле два дена наоколу користејќи секоја прилика да откинат нога или рака на несреќниците, се додека една едина Каталина не слетува на местото случајно.

Чудно, по завршувањето на WW2 иако во овие 76 години минати од тогаш светот сведочел на безброј војни, постојат само два настани да подморници потопат противнички брод. Два !
Првиот е во третата Индо-Пакистанска војна 1971 кога пакистанска подморница од француска класа Дафне торпедира индиската фрегата Кукри која потонува за пет минути.
Вториот е од Фокландите кога атомската подморница Конкверор го торпедира и потопува аргентинскиот крстосувач Хенерал Белграно кој потонува за 20-тина минути влечејќи во воден гроб 323 члена на екипажот (тоа е половина од вкупните KIA на Аргентина во ратот). Истовремено тоа е најголемиот успех на една атомска подморница во последниве 66 години, т.е. откако во употеба влегува Наутилус. Ниту една друга од стотиците подморници не успева да потопи противнички брод.
Една британска се обидела да потопи аргентински носач на авиони но била откриена и принудена да побегне со длабински бомби.

Секако има сомнежи дека за време на студена војна имало неколку торпедирања на совјетски и амерички подморници во подводна борба, па чак и за Курск некои сметаа дека бил уствари удрен од страна на америчка подморница која ги пратела руските маневри, но тоа е во доменот на шпекулациите, она што е потврдено се наведените ДВА брода!
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.978
Поени од реакции
6.464
Интересна појава во поморската историја се бојните крсташи, капитални бродови кои требало да го имаат истото тешко вооружување кое го имале бојните бродови но со многу поголема брзина остварена на сметка на намалувањето на оклопот и неговиот распоред низ бродовите.
Изум на британскиот Адмирал Џеки Фишер, овие бродови се појавуваат одвај година дена после епскиот Дреднот т.е. класата Инвинсибл. Како одговор на тоа Германија ги положува Блихер и Фон Дер Тан а британците одговараат со класата Аустралија. И така поморската трка добива на брзина и ќе биде еден од факторите кои ќе доведат до WW1.

Бојните крсташи ќе бидат прилично често употребувани и во WW2, како концепт кој тргнувал од сосема логична идеја дека крсташот може да бира дали ќе стапи во борба или не. Значи брод кој е побрз од сите бродови кои се појаки од него и појак од сите кои се брзи колку него (тешки и лесни крстосувачи, разурнувачи).

Најзабеган проект бил личното "чедо" на Џеки Фишер, крсташот Инкомпарабл од 50К тони, 310м должина, 35+ јазли брзина и 8 топа од 457мм пошто првично предвидените 508мм се покажале како неизводлив проект во било која британска оружарница и ливница од тоа време, настрана проблемите со top-heavy куполите на самиот брод.
На цртежот се гледа комично распоредениот оклопен појас кој не покрива ни половина должина а нуди само симболична подводна заштита.



Последни Бојни крсташи во светот се Пјотр Велики и Адмирал Нахимов од руската флота кои и ден денес се во служба, секако тие се ракетни крсташи и тоа на атомски погон.
Ушаков и Лазарев од истата класа беа извадени од употреба пред неколку месеци и сега се во док каде што ги спремаат за сечење за рециклажа откако специјални екипи ќе им ги отстранат реакторите и горивото.
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.826
Поени од реакции
36.861



Најјакиот брод евер. Адмирал Накимов :) и вториот Пјотр Велики. Киров класа
Овие ако не се лажам се единствени разурнувачи/крстосувачи во светот, со нуклеарен погон.
 
Член од
17 август 2009
Мислења
3.678
Поени од реакции
5.305
Овие ако не се лажам се единствени разурнувачи/крстосувачи во светот, со нуклеарен погон.
Моментално да, САД ги имаат распуштено нивните нуклеарни крузери, калифорнија класа и лонг бич ако не се лажам.
И како да имаше најава од пред некое време дека од сенатот добиле одобрение да почнат да работат на нови проекти од тој тип.
Иначе на нуклеарен погон освен овие други бродови у светов се исто руски, мразокршачите :D сеа поготово тој најновиот ќе најдам слики ќе постирам некој ден им е перверзија...
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.978
Поени од реакции
6.464
Моментално да, САД ги имаат распуштено нивните нуклеарни крузери, калифорнија класа и лонг бич ако не се лажам.
И како да имаше најава од пред некое време дека од сенатот добиле одобрение да почнат да работат на нови проекти од тој тип.
Иначе на нуклеарен погон освен овие други бродови у светов се исто руски, мразокршачите :D сеа поготово тој најновиот ќе најдам слики ќе постирам некој ден им е перверзија...
Атомскиот погон последни 20-30 години е скоро резервиран за подморници, ете Индија и Бразил чак имаат такво нешто, нормално супер-носачите на САД се атомски но некако се избегнува ставање на реактор на површински брод па макар бил крстосувач. Овие руските се водат како Бојни крсташи пошто се 25К тони а просечен крстосувач денес е 8-10К тони.
Има недоследност во категоризација па така Арли Бурк се сметаат за разурнувачи со 9К тони а Тајкондерога од 7,5К тони за крстосувачи, исто е и границата меѓу фрегата и разурнувач нејасна како оние Халифакс канадските од 5К тони од друга страна има бродчиња од 1200 тони кои се фрегати (Петја класата)

Кинезите прават нов носач од 80К тони па и тие не ставаат реактор туку ќе биде на комбиниран погон. Пошто не се нешто особено на врв на поморската технологија, според снимки кои се појавија од док изгледа дека се купен руски проект за Уљанов класата кои требаше да бидат атомски но не ги завршија никогаш.
Автоматски споено мислење:



Сателитска снимка на сеуште неименуваниот кинески супер-носач кој требало да биде завршен до 2023 а да влезе во служба 2024, се шпекулира за 80-85К тони, т.е. како Уљановск.

Сличноста со Уљановск е очигледна само што кинезиве ќе вграделе електромагнетни катапулти, во случај да ја развијат таа технологија на време. Досега само САД кај новиве Џералд Форд имаат такви катапулти.



Она што немаат а го има на цртежов на Уљановск се авионите за рано откривање што ќе биде голем недостаток.
 
Последно уредено:
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.826
Поени од реакции
36.861
Инаку како што спомна @callejón de la muerte за развитокот на јапонската морнарица, со оглед на нивното опкружување, прилично е разбирлива таквата милитаризација. Тој регион околу кај Јапонското море иако не е толку често нагласен по медиумите за разлика од региони како Блискиот исток, е најверојатно најмилитаризираниот регион во светот. Тука ги имаме Јапонија, Јужна Кореја со многу сериозна армија, Кина, Русија и Северна Кореја. На тоа кога ќе се додадат и повеќе од 100 илјади американски војници во Јапонија и Ј. Кореја, станува збор за огромна воена моќ сконцентрирана на едно место. Јапонија покрај тоа што гледа на Кина и Северна Кореја како на директна закана, има голема недоверба и кон Јужна Кореја, со која има неколку спорови, иако повеќе би рекол дека Јуѓна Кореја има сериозно негативна перцепција за Јапонија од историски причини. Така да, таа воена експанзија на Јапонија воопшто не е наивна или без причинска.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.978
Поени од реакции
6.464
Инаку како што спомна @callejón de la muerte за развитокот на јапонската морнарица, со оглед на нивното опкружување, прилично е разбирлива таквата милитаризација. Тој регион околу кај Јапонското море иако не е толку често нагласен по медиумите за разлика од региони како Блискиот исток, е најверојатно најмилитаризираниот регион во светот. Тука ги имаме Јапонија, Јужна Кореја со многу сериозна армија, Кина, Русија и Северна Кореја. На тоа кога ќе се додадат и повеќе од 100 илјади американски војници во Јапонија и Ј. Кореја, станува збор за огромна воена моќ сконцентрирана на едно место. Јапонија покрај тоа што гледа на Кина и Северна Кореја како на директна закана, има голема недоверба и кон Јужна Кореја, со која има неколку спорови, иако повеќе би рекол дека Јуѓна Кореја има сериозно негативна перцепција за Јапонија од историски причини. Така да, таа воена експанзија на Јапонија воопшто не е наивна или без причинска.
Плус Тајван кој исто е сериозна воена сила со сосема солидна морнарица (4 Кид крстосувачи, модифицирана верзија на Спруанс)
Има неколку архипелази како Спрајтли или како беа каде се можни инциденти како што и имало на неколку наврати, дури и Филипини и Тајланд се вмешани. Виет Нам од друга страна е тотално анти-кинески до таа мера што пред 2-3 години имаа заеднички поморски маневри со САД :eek:

Ј.Кореја има историски антагонизам со право кон Јапан имајќи предвид зулумите во ратот но при некакво групирање вс. Кина мислам дека сепак би биле на америчка слеш јапанска страна, во тоа светло е и нивната поморска експанзија. Ете Виет Нам и покрај војната против САД пред некоја деценија, сосема прагматично бира страна пошто е загрозен од Кина.

Русија главна им е Балтичка флота за површински а Северна за подморници, тихоокеанска им е второстепена што не значи дека по потреба дел од северна не би се пребацил на пацифик преку северна рута, со или без ледокршачи.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.978
Поени од реакции
6.464
Нешто и за едрениците кои ги наследиле бродовите со весла од антиката и раниот среден век и суверено владееле со морските широчини барем 1000 години.

Просто е неверојатно за колку кратко време парните машини го променуваат рељефот на поморството.
Во Кримска војна (1853-56) сите можни капиталци од обете страни биле едреници, т.е. Линиски бродови а веќе во 1866 во битката за островот Вис во Јадран сите освен еден линијаш кај Аустријанци (и тие имале солидна морнарица некогаш) и Талијани, све биле оклопници кои за нецела деценија ги истиснуваат линијашите од употреба.

После ерата на оклопниците (1859-1880) на сцена стапуваат бојните бродови во неколку форми па така имаме бојни бродови со централна батерија, бојни бродови со куполи и такви со Барбети, односно специјални постаменти кои овозможувале гаѓање по должина и по азимут.

Тек околу 1890 се стандардизира Боен брод со две куполи кои носат по два топа секоја (главен калибар 280-457мм) и две линии на секундарна артилерија (100-164мм) кои "старовремски" пукаат низ отвори во трупот од страните, исто како кај линијашите.

Неколку морнарици веќе извлекуваат поуки од разните битки и се јавува идејата за all-big-gun боен брод и така 1906 започнува ерата на дреднотите кои се задржуваат до 2006 (америчките Ајова, мислам дека се сеуште во резерва или усидрени како музеи).



Линијашот Виндзор Касл од 1854 со 6500 тони и 140 топа, четворопалубно чудовиште со помошен парен погон во момент на негово поринување на Темза (јарболите и такелажата се градат кога трупот е во вода).
За неполни 6 години со појавата на првата оклопница Ле Глоар во Франција, ова чудо ќе стане инстант застарено.
 

Eisenhorn

Lord Inquisitor
Член од
6 мај 2009
Мислења
4.089
Поени од реакции
9.383
Одлична тема како и секогаш @callejón de la muerte.

Мој скромен придонес е на изглед малку блесавата Nelson класа од која HMS Rodney учествувал во потопувањето на Bismarck.

HMS Rodney (29) - Britains Heavy Hitter - Great Britain - War Thunder -  Official Forum1204 × 767


https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/a/a7/HMS_Nelson_%281931%29_profile_drawing.png/1280px-HMS_Nelson_%281931%29_profile_drawing.png


Firing trials revealed that the blast of 'A' and 'B' turrets on forward bearings caused damage to many weather-deck fittings and conditions on the mess-decks became very uncomfortable. There was a longstanding rumour that the ships could not fire a full broadside without risk of structural damage.[3] This was disproved during the action against the German battleship Bismarck, where Rodney fired upwards of 40 broadsides (380 shells) without major structural damage except to deck planking and upper deck fittings,[11] although damage to sickbay fittings, partition bulkheads, toilet bowls and plumbing in the forecastle was extensive. Virtually every light bulb in the forward section was shattered also.[9]

:D
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.978
Поени од реакции
6.464
Одлична тема како и секогаш @callejón de la muerte.

Мој скромен придонес е на изглед малку блесавата Nelson класа од која HMS Rodney учествувал во потопувањето на Bismarck.

HMS Rodney (29) - Britains Heavy Hitter - Great Britain - War Thunder -  Official Forum1204 × 767


https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/a/a7/HMS_Nelson_%281931%29_profile_drawing.png/1280px-HMS_Nelson_%281931%29_profile_drawing.png


Firing trials revealed that the blast of 'A' and 'B' turrets on forward bearings caused damage to many weather-deck fittings and conditions on the mess-decks became very uncomfortable. There was a longstanding rumour that the ships could not fire a full broadside without risk of structural damage.[3] This was disproved during the action against the German battleship Bismarck, where Rodney fired upwards of 40 broadsides (380 shells) without major structural damage except to deck planking and upper deck fittings,[11] although damage to sickbay fittings, partition bulkheads, toilet bowls and plumbing in the forecastle was extensive. Virtually every light bulb in the forward section was shattered also.[9]

:D
Thanx :)
Овој бил редуциран проект на Г-3 и Н-3 проектите, иако тие имале инфраструктура и оџак измеѓу првите две и третата купола. Ги протнале низ Вашингтонски договор британците пошто ги тргнале 3 бојни брода од Ајрон Дјук класа од употреба.
Им се посреќило што го успориле Бизмарк па мрцинава се довлечкала на домет на своите 406мм топови и завеса за Бизмарк. Нешто слично како и со бојниот крсташ Шарнхорст подоцна во битката кај Норд Кап.

Иначе бродовите кои служеле како основа за Нелсон и Родни, 4 Н-3 бојни брода од 52К тони и 9 топа од 457мм и 4 Г-3 бојни крсташи од 50К тони со 9 топа од 406мм имале за цел повторно да ја донесат Британија на two powers standard пошто ќе го имале истиот ефект на Дреднот, т.е. сите дотогашни дредноти во светот би станале застарени со поринувањето на новите супер-модерни тешки чудовишта.
За среќа Вашингтонски договор од 1922 става крај на тие проекти.

Французите биле импресионирани од Нелсон освен од неговата брзина па така нивните крсташи од класа Данкерк биле со цела главна артилерија во четвороцевни кули напред а назад секундарна и ПА, исто и Ришеље класата подоцна.

Јапан имал план 8-8 т.е. 8 бојни брода и 8 крсташи со кои би ја надминале моќта на САД. Сите биле започнати да се градат но неколку страдале во земјотресот од 1923 а другите страдале ради конференцијата па така само Акаги и Кага биле завршени како носачи на авиони.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.978
Поени од реакции
6.464
Ја споменав Битката за Вис во која аустриска флота ја победила талијанската во една од ретките битки каде аутсајдерот го растура фаворитот, да употребам спортски термини.

Од каде па сеа Аустрија како поморски фактор коа знаеме дека е земја без излез на море? Не било секогаш така и пост Берлински договор 1815 ја земаат Венеција, Далмација, Истра и Трст/Монфалконе со што отвараат потреба од градење на морнарица.

Оваа битка била дел од втората од трите војни за германско обединување. Прусија како главен фактор ги принудува малите државички од германско говорно подрачје, милом или силом да се откажат од независност за да владетелите од кралска куќа Хоенцолерн бидат лидери на Вториот Рајх.

На пат на таа замисла стоеле Австрија, Франција и Данска кои имале што да загубат со појава на огромен, дебел немачки Рајх на нивните граници. За несреќа, Прусија во три војни ги победила сите три земји.
Во 1866 избива втората војна за доминација на Прусија во германофонскиот свет. Австрија е основниот противник.
Истовремено, новооснованиот ентитет Италија која тогаш е стара само 5 години, гледа шанса низ сојуз со Прусија да ја врати Венеција под талијанска контрола.
Талијаните преминуваат во копнена и поморска офанзива, но после катастрофалниот пораз кај Кустоца против Аустријанци се ограничуваат на поморска блокада.

Имајќи повеќе од дупло појака флота од аустријанците, талијаните се решаваат како прво да го освојат остров Вис, т.н. Јадрански Гибралтар кој имал сериозно стратешко значење на Јадран.
И така на 19.Јули 1866 талијанска флота испловува од главната база во Анкона и се упатува кон Вис.
Стигнувајќи таму, талијаните веднаш го гранатираат островот кој имал извесни фортификации и 88 топа од разни калибри заедно со гарнизон од 2000 војници.

После артилериската припрема талијани требало да извршат десант со морнаричка пешадија и да го скршат отпорот на аустријанците.
Талијани претпоставувале дека Вис е поврзан со подводен телеграфски кабел со mainland Austria но потрагата по тој кабел и обидот да се оневозможи комуникација биле залудни.
Со помош на тој кабел, аустриски гарнизон праќа порака дека главнина на талијанска флота е пред Вис и дека нема да издржат повеќе од недела дена опсада.

Аустриската флота, примајќи ги овие вести, набрзина ги собира сите можни бродови од својата релативно скромна морнарица и на 20.Јули Адмирал Тегетхоф дава сигнал за full speed ahead со што испловуваат од базата Фажана во Истра и со максимална брзина се упатуваат кон Вис.

Тегетхоф имал на располагање 8 капиталци од кои 7 модерни оклопници и еден Линијаш со помошен парен погон.
Тактички, Тегетхоф ја дели флотата на три клинови, првиот се состоел од 7-те оклопници, вториот од Линијашот Кајзер и 7 дрвени парни фрегати а третиот клин имал 12 корвети.

Адмиралски брод бил Фердинанд Макс, а останатите капиталци во првиот клин биле Хабсбург, Кајзер Макс, Дон Хуан де Аустриа, Принг Еуген, Драхе и Заламандер.

Талијанскиот командант, адмирал Карло Персано сметал дека австријците имаат дно од флота, никаква традиција на море и команден кадар кој бил слаб во споредба со талијанскиот.
Толку малку се грижеле за противникот што имале само еден едини брз брод (Месаџеро) кој требало да изигрува Picket ship и да го открие противникот.

Така и биднало, овој брод јавил за некакви сомнителни бродови и густ црн чад кој се движеле во правец на Вис од Север.
Италија имала 12 оклопници, скоро двојно од противникот, вклучувајќи го еден од најмодерните бродови на светот, оклопницата без едра исклучиво на парен погон со две куполи кои се вртеле 360 степени, Афондаторе.

Освен него, другите биле Ре Д`Италија, Ре Д`Портогало, Реџина Мариа Пиа, Сан Мартино, Кастелфидардо, Анкона, Принчипе ди Карињано, Формидабиле, Терибиле, Палестро и Варезе.
Персано се одлучил за линиска тактика, т.е. ставање на сите оклопници во една линија за да се максимизира бочниот плотун.
Дрвените парни фрегати (10) и парни корвети (10) требало да бидат маневарска заштита на главнината.

Голема предност за Италија била што имале топови кои се полнат од полнач а не однапред од цевка, заедно со нарезаност за стабилизација на проектилите.
Австрија за несреќа имала нарачано таква артилерија од Круп, а Круп бидувајќи Пруска корпорација, едноставно не ги испорачал топовите па аустријанци биле принудени да употребуваат застарени 36-фунташи и слични топови кои ги прегазило времето.

Свесен за тоа, Вилхелм Тегетхоф влегува во битката со цел клиновите да ја растурат талијанската линија и да дојдат на доволен домет за да можат да употребат своите застарени топови. Друга причина била тоа што имал во план да нанесува директни удари со бродовите врз противникот, тактика од времето на античките битки кога Ramming бил the name of the game.
И за чудо, баш таков настан ќе биде решавачки за битката.

Аустријанци успеваат да ја нарушат талијанската линија релативно брзо и битката фактички станува хаос во кој најголем предизвик бил да не се пука случајно по свои бродови, пошто димна завеса, црн чад од парните котли кои биле наполнети до максимум, чад од црниот барут...

Талијанскиот командант Персано едноставно рекол "Стигнаа рибариве" тотално потценувајќи го противникот. Бидувајќи лик со сомнителни морални каратеристики решил да се префрли од Ре Диталија, адмиралскиот брод на погоеопишаниот супер-модерен Афондаторе. Но за тоа не ги обавестил своите потчинети :facepalm:што подоцна ќе придонесе за целиот хаос во талијанските редови.

Во сета таа гужва, Тегетхоф го приметил Ре Диталија кој имал проблеми со парните котли како споро се движи на некои 600м од неговиот Фердинанд Макс. Аустријанци исто мислеле дека тоа е талијанскиот адмиралски брод. Тегетхоф веднаш се решава на крајно ризичен потфат кој може да го промени текот на битката.
До тогаш, многуте погодоци од обете страни ниту еднаш не успеале да го пробијат оклопот на ниту една оклопница што говорело за триумф на оклопот вс. тогашната бродска артилерија.
Со буквална наредба "Удрете на противникот и потопете го", Фердинанд Макс со максимална брзина од некои 12,5 јазли, низ сет тој хаос и дим наоколу спектакуларно го удира по средина противничкиот Ре Диталија со што прави зјапечка дупка од 16м2 кај талијанскиот брод.
Ударот бил толку силен што јарболот кој го веел талијанското знаме и морнарички ensing паднал на палубата на Фердинанд Макс. На повикот на Тегетхоф да се заплени знамето и со тоа симболично да се понижат талијани, некој далматински морнар, под дожд од талијански куршуми успеал да ги прибере обете знамиња.

Ре Диталија тоне за неполни пет минути повлекувајќи во смрт преку 300 души.
Останатите италијански бродови и капетани, не знаејќи за промената на бродот на кој бил Персано, мислеле дека нивниот командант завршил како храна за рибите.
Тоа дополнително внесува несигурност кај талијани, се издаваат нелогични заповеди, често контрадикторни.
Практично тогаш веќе се назирал победникот на битката.

Талијаните гледајќи дека не можат да го скршат австрискиот клин од 7 оклопници, се концентрирале на вториот клин од 1 линијаш и 7 фрегати. Кајзер бил гранатиран безмилосно и само чудо го спасило од потонување, т.е. интервенција на првиот клин во момент пред да му биде зададен последен удар.
Со рушени јарболи, без такелажа, со огромни дупки на себе, Кајзер излегува од битката и на парен погон се упатува кон вишкото пристаниште бидејќи без муниција и со 36 мртви и 100+ ранети на себе веќе не бил во можност да придонесе за својата флота.

Италијаните се обиделе повторно да направат линија, но овој пат аустријанци нема да дозволат тоа. Бидувајќи попрецизни, успеваат со запаливи гранати да направат голем пожар на оклопницата Палестро.
На морнарите на овој брод им бил даден избор да го напуштат бродот или да се обидат да го изгаснат пожарот. Повеќето се одлучиле да се обидат да го изгаснат пожарот.
Но судбината не сакала тоа да се случи. Десетина минути подоцна, огнот достигнува до муниционите комори и Палестро претрпува мамутска експлозија која го дели буквално на два дела. Потонува за 3 минути, влечејќи со себе 230 души. Се спасуваат само 19.

Сега веќе со две оклопници потопени, иако имале сеуште бројчана надмоќ, талијаните немале идеја како да ги пробијат аустриските редови.
Паниката и стравот се вовлекле кај талијанските капетани. Од Персано немало ни трага ни глас.

Аустријанци некако дознаваат дека фактичкиот адмиралски брод е всушност Афондаторе а не Ре Диталија. Затоа започнуваат да го таргетираат баш тој брод кој трпи десетици погодоци на себе. Машинеријата му е веќе под вода, пумпите некако успеваат да го одржат над вода но како борбена единица тој брод е веќе надвор од игра.

Персано конечно дава заповед за повлекување кон Анкона. Иако сеуште со бројчана надмоќ 10-7 во оклопници кај талијани се вивлекува страв и паника. Афондаторе е влечен од страна на Ре Ди Портогало за да не падне во раце на противникот. Но и тоа ќе биде попусто бидејќи таа модерна оклопница ќе потоне на пат кон својата база.

До приквечерието на тој ден веќе било јасно дека Австрија е сензационален победник на најголемата битка на Јадран евер, потопувајќи 3 противнички капиталци по цена на еден тешко оштетен застарен линијаш.

Тегетхоф станува национален херој, пословицата Челичен Адмирал со дрвени бродови може да победи дрвен адмирал со челични бродови добива на популарност.
Навистина Вилхелм Тегетхоф влече феноменални потези пред, за време и по битката, тактички генијално се справува со противникот и му нанесува тежок пораз.
Од друга страна Персано е ражалован од сите рангови, пратен пред суд и протеран од било каква работа поврзана со поморство.
Во чест на адмиралот, еден од првите аустриски бојни бродови дредноти од 1912 ќе биде именуван според него.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom