Водич [како најбрзо до 6ти левел]

  • Креатор на темата Ајсшутер
  • Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
А

Ајсшутер

Гостин
Во оваа тема ќе пишуваме само туторијали околу играта за почетниците ништо повеќе, ни прашања ни слично ќе има други теми во кои ќе можете да прашате за некои работи доколку не ви се јасни, доколку дозволите ќе напишам туторијали за сите работи кои се потребни за играва од најлесните до малку потешките, само ќе ми треба малку повеќе време 1-2 недели да го средам тоа.

За почеток еве основно видео на англиски кое е кратко објаснување во играта доколку можете да разберете, доколку не читајте ги туторијалите подоле.



Започнуваме првен по редослед My places, Market, Info и Community.


1. Измена на вашите детали, поставување аватар и преселување.



Овде ќе можете да ги изменете вашите детали при регистрацијата, да поставите слика (аватар) или пак да ги прегледате донациите на некој член, дали ви било нешто пратено или пак сте пратиле.
Откакко ќе отвориме My Places па Profile ќе ви се појават неколку работи како што се „Edit Profile - едитирајте го профилот“ потоа „Change Residence - променето го местото на живеење“ и „Donation list - листа на донации“ подоле ќе ги објасниме кое за што е.

- Во „едитирањето на профилот“ можете да ја смените вашата е-мејл адреса доколку ви е потребно да ви стасуваат при случај на заборавена лозинка информациите околу лозинката и слично, исто така можете да смените дата на раѓање и слично само внимавајте доколку имате под 14 години напишано мислам неможете да промените исто така и да се регистрирате, третото „Citizen avatar“ е да го промените или поставите вашиот аватар, сликите мора да бидат .jpeg значи други формати не се дозволени, со поставување на аватар добивате бонус поени.
- Во „Change Residence“ ќе можете да извршите преселба на играчот но притоа мора да имате билет во спротивно ќе неможете да ја извршите преселбата и запамтете не е пожелно преселување додека не качите 6+ левел.
- Во „Donation List“ ќе ги најдете луѓето кои ви донирале нешто храна, гифтови, пари, оружје и слично.



2. Работење и вежбање

Работењето и вежбањето е еднаш дневно само, доколку денеска работите тоа повторно ќе можете да го сторите утре исто како и вежбањето.

- За да работите одете My Places -> Company како на сликава



За да најдете работа ќе одите My Places ->Company и доколку немате работа кликате „Find Job“ и барате со вашиот скил, на почеток ќе влезете со скил од 0 до 0.99, доколку веќе имате работа ќе ви се појави сликата подоле и само ќе треба да кликнете „Work“ и тоа е се.




- За да тренирате одете My Places -> Army како на сликава подоле.



Откако ќе влезете таму имате копче „Train“ на кое кликате и тоа е тоа, но дополнителните информации што се подоле ќе ви ги објаснам сега.

1. Strenght - Тоа е вашата моќ на сила што повеќе имате толку поголема штета правите , на почеток кога ќе вежбате ви дава по 0.5, 1 стрејнџ но потоа ќе дава по 0.4 на ден.
2. Military Rank - Е вашиот чин во играта колку повеќе штета правите ви се зголемува побрзо чинот како што гледате кајмене моментално е Капетан.
3. Military Achievements - Е тоа колку пати сте биле херој на битката, херој на битката добива оној што ќе направи највеќе штета во некоја војна, но тоа е тешко да се добие.
4. Последното Show Active War ви ги кажува активните борби во кои можете да се борите но притоа внимавајте на силата, почетниците нека се обратат првен во другата тема откако ќе бидат 6-ти левел за понатамошни инструкции, но треба да бидете 6+ левел и мора вашата земја да биде вклучена во војната или пак да се сојузници со некоја држава која е во борба.

 
А

Ајсшутер

Гостин
Како правилно и брзо до 6-ти левел ?


Значи еве кратко објаснување за сите нови коишто ја почнуваат да ја играат играва како побрзо и правилно да стигнат до 6-ти левел бидејки почетокот е најтежок еве подоле еден краток туторијал кој ќе ви помогне.

1) Каде да се регистрирате ?
- За почеток најдобро е да се регистрирате во Indonesia, Java.

2) Откако ќе се регистрирам, што понатаму ?

2а) Откако ќе се регистрирате прво што треба да направите е да ставите слика (аватар) можете тоа да го направите преку My Places -> Profile -> Edit Profile и запомнете сликата мора да биде .јпег со ова вие добивате 2 поени.

2б) Откако ќе го направите сега следно е да најдете работа тоа ќе го направите Market - Job Market одбирате на втората коцка 0 (вашиот почетен левел) ви се појавуваат фирмите кои имаат понуди за 0 скил и кликате Apply потоа кликате Work, за да работите откако ќе аплицирате одите My Places -> Company -> Work со работата вие добивате 5 поени и добивате 2 левел сега можете да тренирате.

2в) Сега откако ќе качите левел 2 можете да вежбате тоа ќе го направите преку My Places -> Army -> Train и со тоа добивате 1 поен.

2г) Сега купете храна за почеток ќе морате да купувате секој ден за да не губите 3 сила ако немате храна тоа ќе го направите преку Market -> Marketplace во првата коцка (прашалникот) бирате Food сега ви се појавуваат компаниите кои продаваат храна пишувате сума колку сакате ќе пишете сума и кликате Buy на почеток парите трошете ги само на храна колку пари имате толку храна купете, на почеток ви даваат 5 IDR со што ќе купите 5 леба тоа е доволно.

2д) Следните денови правите само work & train и нормално купете храна, тоа ќе го правите додека стигнете 5 левел откако ќе стигнете можете да се борите и да се излечите, за да се борите мора да имате 40+ сила ако немате пишете во темата Помош за нови играчи и побарајте гифтови да ви се покачи силата откако ќе имате 40+ борете се само еднаш и потоа излечите, за да се излечите кликнете на вашата слика и потоа на регионот пример Indonesia, Java кликате на Јава и подоле кај Hospital има Heal копче кликате на тоа и добивате 50 сила, потоа другите денови ќе можете да се борите повеќе пати и добивате повеќе сила, и запомнете секој ден да се лечите и можете само еднаш на ден.

3а) Откако ќе играте 2-3 дајте отказ и одете во подобра компанија која плаќа подобро, ќе го видите вашиот скил со кликање на вашата слика (аватар) и после Bio ќе го видите вашиот скил и ќе барате таква работа.

3б) Објаснување на левелите подоле, скоро секој левел ви отвара нешто ново.

1 левел - Можете да работите
2 левел - Можете да вежбате
4 левел - Да поканувате пријатели, за секој пријател кој ќе стигне 6-ти левел вие добивате 5 злато кое можете да го искористите за храна, оружје и сл.
5 левел - Можете да се борите
6 левел - Можете да гласате на избори
7 левел - Да се зачлените во политичка партија
8 левел - Да отворите весник, чини 2 злато
9 левел - Можете да отворите компанија
12 левел - Да се кандидирате за парламент
13 левел - Да се кандидирате за претседател на партија
14 левел - Да се кандидирате за претседател


Тоа е се доколку имате некои потешкотии, посетете ја темата Помош за нови играчи и претплатете се на весников клик тука (кликнете Subscribe) да ви идат нови известувања инаку мој е весникот.

Сите нови играчи нека ме додадат за пријател Martin Davitkovski ми е никот чисто за статистика да видиме колку има и бидете активни на подфорумот, и најважно регистрирајте се преку реферал линк кога ќе сакате да играте да помогнете за кога ќе стигнете 6-ти левел кој ве поканил да земе 5 злато не е битно кој само да е член на форумов.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom