Влијанието на светската економска криза во Македонија

Јован

дежурен сеирџија
Член од
16 октомври 2005
Мислења
4.892
Поени од реакции
265
Текстов од Вест ме инспирираше да ја отворам темава.

======================================================
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif] Светската економска криза која почна од САД и како лавина ги зафати сите развиени земји почна интензивно да се чувствува и во Македонија. Првин реагираше реалниот сектор - металургијата, текстилните фабрики, кожарската индустрија, кои веќе најавуваат можност за масовни отпуштања по Нова година. Вториот бран ги погоди транспортерите, кои загубија голем дел од своите клиенти. Новите сигнали за стегање на ремените пристигнуваат од трговијата. Таму последниве два месеца прометот драстично паѓа.
Владата се уште негира дека државава е зафатена од рецесијата, но народот и тоа како силно веќе ја чувствува. Кризата влегува речиси во секое семејство. Се прават списоци на приоритетни работи што треба да се купат, се штеди дури и на храна.
"Вест" неделава направи истражување кај трговците и кај угостителите и дојде до заклучокот дека нема гранка од трговијата во која не е забележан пад на прометот.
Најдрастично намалување на продажбата, за дури 50 отсто, има на пазарот на недвижности, а најмало кај автомобилите и кај облеката - околу 5 отсто. Неочекувано, но голем пад има и во продажбата на храна. Во некои супермаркети потрошувачката од септември наваму е намалена за 10 отсто, а на поголемиот дел од рестораните прометот им се скусил за дури 40 отсто.
Од супермаркетите велат дека граѓаните почнале да штедат и на најосновните продукти за живот. Помалку трошат на исхрана и на козметички производи и само ако е неопходно, купуваат поскапи продукти.
"Се повеќе луѓе се откажуваат од скапите сокови кои чинат од 70 денари, па нагоре. Си купуваат од евтините од по 30 денари. Оние што порано купувале скапи сирења и кашкавали, повеќе не се подготвени да ги платат, па ги заменуваат со оние што се многу поевтини или со најевтините. Повеќе не избираат производител, туку најважна им е ниската цена", велат комерцијалните директори на неколку поголеми супермаркети.
Трговците забележале и послаба потрошувачка на производите за лична хигиена. Поскапите пасти за заби се заменуваат со поевтини и се помалку се купуваат скапи прашоци за перење. За повторно да ги придобијат купувачите, поголемиот дел од супермаркетите од октомври почнаа со акции да ги спуштаат цените и да нудат поевтини производи. Дури некои од продавниците, иако никогаш порано не го правеле тоа, почнаа да печатат каталози на поевтини производи само за да го привлечат вниманието.
Најзагрозени се, сепак, рестораните. Сопствениците на неколку елитни угостителски објекти во Скопје ни признаа дека со светската криза прометот им се намалил за дури 40 отсто.
"Не е како порано, кога луѓето секојдневно доаѓаа. Сега седнуваат само ако имаат некој многу битен повод или многу важна работа. И оние што решиле да дојдат водат сметка колку ќе потрошат. Имаат мерка колку ќе испијат и колку ќе јадат. Нема големи гоштевања", вели газдарица на познат ресторан од Скопје.
Според неа, оние што порано нарачувале цел ручек и вечера сега остануваат само на мезење, а од менито го избираат најевтиното вино или жесток пијалак.
Трговците со облека велат дека, во споредба со летниот период кога на големо се купувале алишта и чевли, овој и минатиот месец клиентите само влегуваат и шетаат по штандовите, а се помал е бројот на оние што решаваат нешто да купат.
"Можеби, разликата во однос на порано не е драстична, но, сепак, има намалување на потрошувачката и кај нас. Се чувствува психолошка бариера кај купувачите. Влегуваат, разгледуваат, пробуваат, но ретко кој вади пари да плати", се жалат трговците. Стегањето ремени подеднакво, објаснуваат тие, се чувствува и кај поскапите и кај поевтините брендови застапени на пазарот во Македонија.
"За бројки не би можеле да дискутираме оти треба да помине подолг период за да видиме за колку е намалена потрошувачката. Засега добро се држиме и не е исто како, на пример, во 2001 година, кога поради воениот конфликт многу малку се купуваше облека", кажуваат трговците со облека и со чевли.
Од Здружението на автоувозници велат дека цело лето продажбата им одела доста солидно, но во ноември е забележан мал пад на прометот.
"Не би го поврзувал со светската криза, туку со предновогодишното затишје, кое редовно секоја година ни се случува во ноември", вели Златко Калеников, претседател на Здружението на автоувозници.
Според Калеников, овој месец продажбата на автомобили во Македонија е намалена само за 5 отсто, но дилерите на автомобили очекуваат да го подобрат овој процент во декември.
За разлика од нив, хотелиерите очекуваат лош крај на 2008 и уште потежок почеток на 2009 година. Дончо Таневски, претседател на Асоцијацијата на хотелиери на Македонија (ХОТАМ), вели дека цела Југоисточна Европа во следниов период ќе има намалување на гостувањата во хотелите за околу 30 отсто.
"На последниот саем за туризам во Лондон луѓето од хотелскиот бизнис предупредија дека намалениот интерес за патување поради светската криза ќе го намали прометот на хотелите", вели Таневски.
Ирена Смиљанска

***

ШТО ВЕЛАТ ПСИХОЛОЗИТЕ

Кризата нема да исчезне ако ја игнорираме

Од Комората на психолози на Македонија велат дека колку и да сакаат државата и луѓето да негираат дека Македонија е во криза, таа веќе е пристигната кај нас. Според Ивана Станковска, која го пренесува својот и ставот на останатите психолози од Комората, финансиската криза што се случува во глобални рамки, секако, има свој одек во однесувањето на луѓето, особено бидејќи финансиите се поврзуваат со доживувањето на сигурност, која, пак, е наша основна потреба.
"Ако таа потреба е осуетена, луѓето со право можат да реагираат со загриженост. Имено, благодарение на медиумската моќ на Холивуд, често гледаме филмови кои ни ја прикажуваат американската реалност во текот на големата депресија во 30-тите: анксиозно и депресивно расположение, психосоматски тегоби, злоупотреба на алкохол, итн. Интересно е што тие употребиле психолошки термин за да именуваат економски проблем - голема депресија, која е тешко растројство на расположението. Зборувајќи со економски јазик, таа претпоставува безживотност во економијата. Всушност, економијата и припаѓа на сферата на активноста, рационалноста, остроумноста, иницијативноста, интелигенцијата", вели Станковска.
Таа вели дека во современото општество во кое живееме луѓето многу инвестираат во градењето на овие особини и способности. Со тоа, за нас е вистинско изненадување да ни се случи финансиска криза, бидејќи сме повеќе од сигурни во супериорноста на нашата рационалност. Но се чини дека таа рационалност ја довела нашата егзистенција во прашање и дека човекот подзаборавил да балансира и да вложи и во својата емоционалната страна.
"Затоа, моменталната глобална криза разбуди поголема внимателност во приоѓањето на егзистенцијалното прашање. Во ваков случај, очекувано е и посакувано т.н. алерт однесување или одговор на организмот во случај на опасност. Ги мобилизираме нашите капацитети во изнаоѓањето добро решение кое се однесува на нашата финансиска сигурност, бидејќи нашата мотивација е навистина голема", вели Станковска.
Според неа, всушност, приодот кој ќе го заземат луѓето во ситуации на стрес е најважен. Некој избира да му пријде на проблемот барајќи добро решение и притоа манифестирајќи решителност, добра смисла за хумор и алтруизам, кои, сепак, се зрели одбранбени механизми, а некој, пак, негира дека воопшто постои проблем.
"Забележуваме и очигледно е дека во светски рамки водечките земји заземаат став кој бара решенија, додека Македонија негира дека постои проблем-ситуација. Тоа, секако, нема да направи проблемот да исчезне, туку тој да се пројави на други начини: ако умот одбива да го препознае стресот, тогаш телото сигурно ќе го препознае и ќе го покаже тоа", објаснува Станковска.
Станковска и останатите психолози од Комората оценуваат дека Македонија може да излезе од состојбата на несвесност и пасивност, бидејќи ние и нашата земја навистина поседуваме потенцијали и капацитети за да го направиме тоа. Едноставно, потребно е да ги препознаеме и мобилизираме во вистинска насока.

***

ОПМ: На Македонија може да и се намали БДП

Организацијата на потрошувачите на Македонија се уште нема направено истражување и, според нејзините членови, се уште е рано да се констатира дали потрошувачката на одредени добра во Македонија е намалена. Оттаму велат дека е очекувано потрошувачите да се воздржуваат од купување скапи производи и вложување во поголеми инвестиции. Тие ги следат информациите и случувањата на глобално ниво и самите определуваат дали и каде ќе ги вложат своите пари, што ќе купат и слично.
Истовремено, ако на сите медиуми потрошувачите се бомбардирани со информациите дека е намалена потрошувачката во земјите на ЕУ, дека европските потрошувачите го намалиле купувањето на одредени добра, патувањата и сл. и дека многу развиени економии како германската и италијанската објавиле дека се во рецесија, нормално е да се очекува намалување на потрошувачката, а со тоа и на бруто-домашниот производ во Македонија. Намалувањето на потрошувачката и нивните вложувања во покрупни инвестиции е директна последица на стравот од губење на работните места и неможноста да се враќаат кредитите кои би се користеле за таа намена.

***

Најмногу се продаваат станови со мала квадратура

Според агентите за недвижен имот, луѓето што решаваат да си обезбедат дом во време на светска криза најчесто бараат станови со многу мала квадратура. Сега во Скопје најмногу се трошат становите од 25 до 60 квадратни метри. За големите станови никој не се интересира. Поголемиот дел од агентите тврдат дека последните два месеца прометот на станови, куќи и плацови во Македонија е преполовен, а цените за квадратен метар се зголемени. Кризата, велат тие, кај нив почнала уште летово, кога поради вртоглавото растење на цените на недвижниот имот во цела држава побарувачката на станови, куќи и плацови почна да опаѓа.
"Не е време луѓето да заробуваат пари во крупни инвестиции. Не знаат дали утре ќе имаат за да си купат леб или други основни производи за живот. Очигледно, за да почнеме повторно добро да тргуваме со недвижности, ќе треба да помине подолг период и да закрепне светот од големата криза", вели сопственик на агенција за недвижен имот од Скопје.

***

Автомобилите нема да поевтинат во 2009 година

Поевтинување на автомобилите на почетокот од 2009 година нема да има како што очекуваат граѓаните, тврди Златко Калеников, претседател на Здружението на автоувозници. Според него, напротив, се очекува новите возила во државава да пристигнат со цена повисока за 1 насто.
"Поради затворањето на познати автомобилски индустрии, сите заклучуваат дека цените на возилата ќе паѓаат. Но производителите за да ги зачуваат високите цени, намерно не прават големи трошоци и ги затвораат производствените погони", објаснува Калеников.
[/FONT]


[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]=============================================================
[/FONT]
според вас дали се чуствува светската економска криза кај нас и дали вие лично сте почуствувале на ваша кожа откако почна да се зборува по медиуми дали повеќе внимавате што купувате, дали се откажавте од нешто, дали треба да се плашиме...
 

tomsaso

Пемпере
Член од
10 септември 2005
Мислења
1.387
Поени од реакции
339
јас нонстоп сум во рецесија... среќа цимеркиве ме кредитират... тоа ти е кој ќе имаш безкаматни кредити...

трошете само то му е мајката никако штедење :D :D :D :D :D :D :D :D :D
 

Amnaesiac

Paranoid Android
Член од
9 декември 2008
Мислења
1.818
Поени од реакции
43
zaebi svetska ekonomska kriza i zaebi kafe bez cigara
trajko i stavre rekoa deka svetskata ekonomska kriza nema da se oseti kaj nas
a jas kako i 27 koma neznam kolku bese procentot od poslednata anketa im veruvam
pa duri i da vidam deka ke se oseti pak ke im veruvam da ne objasnuvam zosto
 
Член од
29 ноември 2008
Мислења
1.041
Поени од реакции
43
Како што добрите работи доаѓаат покасно кај нас, така и лошите, тоест економската криза ќе дојде покасно.... Греота за луѓето кои работат во фабриките, сигурно ќе летаат од работа во голема бројка
 
Член од
12 јуни 2008
Мислења
260
Поени од реакции
6
Dojde ekonomskata krizza i tuka ovoj mesec se cuvstvuva jako.I ke bide uste pojako.
Ke se smeeme site do eden
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Ајде де кој ќе преживее ќе раскажува.Сум преживеал јас од полоши работи па и падот на ова опшество(ако се случи)ќе го преживеам.
 
Член од
16 септември 2007
Мислења
1.486
Поени од реакции
338
Se custvuva i toa kako a uste povece ce se custvuva i vo Mk nema da ima granka koja nema da bide pogodena od ovaa kriza barem jas taka mislam ce bide loso za site
 
Член од
20 август 2007
Мислења
2.252
Поени од реакции
312
Pribidejki svetskata ekonomska kriza zapochna vo Amerika,a ko shto znaeme,nie od Amerika sme ponazad edno 100 godini,takada ic ne se sekirajte,kriza kaj nas ke ima po 100 god :smir:
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
.....tipuvam na 150 :)...godini....
..no bidejki ova epten dobro im dojde ko kec na desetka, na vlastodrscite da se opravdaat za svojata nesposobnost , ni delumicno da gi ispolnat vetuvanjata dadeni na narod...OVA KE SE DUE KO BALON...iako mislam deka edna BEDNA EKONOMIJA kako Makedonskata voopsto nema potreba da se voznemiruva....realno gledano i ako se saka da NE SE IMA KRIZA... :)
 
Член од
20 август 2007
Мислења
2.252
Поени од реакции
312
Malce edit:

Poshto jas sum vo tek so svetskite trendovi mene me fati momentalno ekonomska kriza.Da ne ima nekoj da mi pozajmi nekoj denar? :kesa:
 

Amnaesiac

Paranoid Android
Член од
9 декември 2008
Мислења
1.818
Поени од реакции
43
ama amerite ne mozat da me svatat, bidejki
Not everyone understands it...It's a spiritual thing,...
 

ATG

Член од
12 декември 2008
Мислења
56
Поени од реакции
4
... Дефинитивно новинариве го прескокнале предметот „економија“, како ќе се спасат од рецесија со намалување на побарувачката???. Така само држава ќе се доведе во депресија а нема теоретски шанси да излезе од рецесија. Дали знаете како Белгија се справува со рецесијата? Со зголемување на побарувачката за 30% и тоа на автомобили, чии цени драстично се намалени. Во некои земји се намалени каматите, зошто? Се разбира да се стимулираат луѓето на што поголема потрошувачка. Само уште луѓето да го сфатат тоа и се ќе биде многу полесно...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom