Влез во Грција со новите услови од мај 2021

Член од
12 декември 2010
Мислења
9.894
Поени од реакции
10.517
да не беше 2 до 7или 9? месеци стар ПОЗИТИВЕН ПЦР тест, а антителата нормално по тазе ???
од 2-9 е сигурно ама за што сигурно сега кога отворив на страната за пополнување на плф малку се збунив и незнам како точно да го протумачам, јас кога пополнував ја немаше опцијата “Recovery from COVID in the past 9 months”, плус на сите тестовите не им се на англиски, го нема бројот на пасошот, така да со пцр ке може да се влезе кога ке ги убацат у грин пасот што го најавува Филипче
иначе еве скрин од официјалниот сајт што бараат за да поминеш граница



Sent from my iPhone using Tapatalk
 

STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.626
Поени од реакции
14.399
Нешто има најави од српските медиуми дека грчките власти ќе почнат да пуштат и со негативен антигенски тест (брз).

Дали е само за српските туристи или за сите земји кои моментално се пропуштени до Грција - не знам.
 
Член од
12 март 2012
Мислења
59
Поени од реакции
72
Јас поминав со позитивен ПЦР тест, во приватна клиника се тестирав тогаш и стои и на англиски дека стрико е позитив...а ги исполнува критериумите 2-9 месеци "важност".
 

^^GoRiLLaZ^^

Happiness...?
Член од
25 јануари 2007
Мислења
5.735
Поени од реакции
7.983
Нешто има најави од српските медиуми дека грчките власти ќе почнат да пуштат и со негативен антигенски тест (брз).

Дали е само за српските туристи или за сите земји кои моментално се пропуштени до Грција - не знам.
Па така треба и да биде реално. Во Германија за у бутик или за бербер ти бара брз тест, ама БЕСПЛАТНИ СЕ и ти излегува за 15 минути.

Вака треба низ цел свет да функционира, направи бесплатни брз тестови и пушти го народот.
 

^^GoRiLLaZ^^

Happiness...?
Член од
25 јануари 2007
Мислења
5.735
Поени од реакции
7.983
Нови правила за патување со брод / траект. Потребно ви е формулар, тест или да сте вакцинирани

За грчките државјани и за туристите кои планираат да патуваат на некој од островите во Грција, задолжително е, 24 часа пред тргнувањето да имаат пополнето специјална здравствена изјава, односно фолмулар што се однесува на Ковид-19. За патување со брод, исто така, задолжителен е или сертификат за вакцинација или негативен резултат од направен тест кој може да биде или ПЦР или селф или рапид тест, податоци кои се внесуваа во формуларот.

Конкретниот формулар е задолжителен за сите полнолетни лица, достапен е во електронска верзија преку специјаниот сајт https://sea.travel.gov.gr/, а при влезот во траектот патниците треба да го имаат специјалниот код што ќе го добијат на мејл по пополнувањет на прашалникот.

Потврдата може да биде или во електронска или во печатена верзија.

Освен личните податоци и податоците за бродот, датумот на патување и крајната дестинација, патнците потребно е да одговорат десет прашања поврзани со Ковид-19.

Како што пренесува МИА, првите седум прашања се однесуваат на тоа дали патникот во изминатите 14 дена имал некој од симптомите поврзани со коронавирусот, дали имал контакт со заразено лице, дали се грижел или бил во ист простор или патувал со лице позитивно на Ковид-19 итн.

Последните три прашања се поврзани со потврдата за здраствената состојба, односно дали е направен некој од трите тестови што се на располагање (ПЦР, селф или рапид тест) или пак лицето има сертификат за вакцинација.

Без здравствената изјава не дозволено патникот да се качи на брод.
 
Член од
17 јануари 2011
Мислења
614
Поени од реакции
410
Јас поминав со позитивен ПЦР тест, во приватна клиника се тестирав тогаш и стои и на англиски дека стрико е позитив...а ги исполнува критериумите 2-9 месеци "важност".
Јас имам позитивен ПЦР тест направен на 26.10 во Жан Митрев, резултатот го добив електронски на меил но е на Македонски.
Дали знаеш дали треба да биде преведен/заверен - и дали треба некој официјален потпис/печат пошто овој нема ништо ?

1623222556090.png
 

^^GoRiLLaZ^^

Happiness...?
Член од
25 јануари 2007
Мислења
5.735
Поени од реакции
7.983
Јас имам позитивен ПЦР тест направен на 26.10 во Жан Митрев, резултатот го добив електронски на меил но е на Македонски.
Дали знаеш дали треба да биде преведен/заверен - и дали треба некој официјален потпис/печат пошто овој нема ништо ?

Прегледај го приврзокот 297869
Јас колку што сум запознаен треба самата болница да ти даде на англиски, а не да идеш да плаќаш преводи итн. Најдобро ти е да ги контактираш нив, бидејќи овој тест не ти бил за патување. Објасни им, сигурно ќе те упатат.
 
Член од
12 март 2012
Мислења
59
Поени од реакции
72
Оди во Митрев клиник да ти издадат на англиски, или да ти заверат со печат на тоа што го имаш па превод 250 ден. Инфо од една тур.агенција.
 
Член од
9 ноември 2009
Мислења
325
Поени од реакции
56
Едно прашање, дали за излез од Грција треба PLF формулар. За влез знам дека треба, ама за излез ?
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.846
Едно прашање, дали за излез од Грција треба PLF формулар. За влез знам дека треба, ама за излез ?
Исто е да прашаш ,,Дали треба да ја заклучам колата кога влегувам во неа". :D
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
9.894
Поени од реакции
10.517
Едно прашање, дали за излез од Грција треба PLF формулар. За влез знам дека треба, ама за излез ?
Не!
Денес донесена е одлука за влез во Грција и со брз антигенски тест за земјите во зелена зона, најверојатно ова се однесува и на нас


Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Член од
30 декември 2014
Мислења
350
Поени од реакции
439
"I will submit only one PLF form for my family / household"

Ова значи пример бидејќи сум ја навел дека мајка ми патува со мене во формуларот, нема потреба и таа да пополнува посебен формулар, така?
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
9.894
Поени од реакции
10.517
"I will submit only one PLF form for my family / household"

Ова значи пример бидејќи сум ја навел дека мајка ми патува со мене во формуларот, нема потреба и таа да пополнува посебен формулар, така?
Да, на крајот има опција да внесеш член од фамилија, мислам само име и презиме и години треба да пополниш


Sent from my iPhone using Tapatalk
 

^^GoRiLLaZ^^

Happiness...?
Член од
25 јануари 2007
Мислења
5.735
Поени од реакции
7.983
Каква е состојбата со островите за патување со траект?

Знам дека е потребен PCR тест (за невакцинираните) и формулар. Тоа ќе го имаш бидејќи секако поминуваш граница. Но за назад после неколку дена?
 

STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.626
Поени од реакции
14.399
Зошто би им било потребно за назад, не ќе те чуваат на островите :)
Само за од копно се правилата, мада како што читав - почнале да замижуваат. Не ќе се ебаваат да ги проверуваат цели траекти, секако се пуштени на граница туристите.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom