Во ред, отстрани го тој делот "и во светот" и ете ти го коментарот поточен и поверодостоен.
Па да, освен Југославија, можеме да ги додадеме и задушувањето на Унгарската Револуција во 1956 година и задушувањето на Прашката пролет со советската окупација на Чехословачка во 1968 година.
Во пракса мирот е само мисловна именка бидејќи не е конзистентен, но ако говориме за долготраен мир во држави кои биле опустошени од војна, победата на Советскиот Сојуз и Сојузниците од анти-фашистичката коалиција, е главниот фактор кој придонесува за мирот кој до денешен ден опстојува во повеќето - но дефинитивно не сите - европски држави од 9 мај 1945 па наваму.
Па делумно е точен коментарот кој го спомнав за британската младина - статистиките од референдумот за излегување на Велика Британија од ЕУ кој се одржа вчера, четврток, 23 јуни 2016, велат дека од гласачите на возраст помеѓу 18 и 28 години, дури 75% гласале ЗА останување на Велика Британија во ЕУ.
Исто така коментарот за Шкотска испадна точен, исто како и коментарот за Велс и Северна Ирска.
Еве ја и мојата прва реакција после објавувањето на првите резултати од вчерашниот референдум во Велика Британија, според кои се очекуваше Британците да гласаат Велика Британија да остане во ЕУ.
http://forum.kajgana.com/threads/Референдум-во-врска-со-членството-на-Обединетото-Кралство-во-ЕУ-bretxit.80875/page-7#post-7757538
Мило ми е бидејќи референдумот заврши успешно и со резултат излегување на Велика Британија од ЕУ, но тешко ми беше да верувам дека референдумот ќе заврши вака и со ваков исход.
Ја следев кампањата на Најџел Фараж и Grassroots Out за излегување на Велика Британија од ЕУ, и кога го гледав човекот како трпи да маваат по него со дрва и камења во телевизиски студија полни со пристрасна публика која се стреми кон останување на Велика Британија во ЕУ, многу тешко ми беше да верувам дека референдумот ќе заврши успешно и со резултат излегување на Велика Британија од ЕУ.
На крајот на краиштата, слободно можам да кажам дека размислувам како Македонец, а не како Британец, па затоа не верував дека резултатот ќе заврши вака како што заврши и со ваков исход.