Ако некој не сака да те прими кај него (В.Б. во случајов) не значи дека нешто со него не е во ред, туку со тебе (не се однесува на некој лично, општо мислам), затоа и не сакаат да не примат, што к** ќе им се македонци таму.
by the way англичаните се супер културни и кул луѓе, само позитивно мислење за нив, а не судите кога немате ни видено англичанец.
Виза.
многу одамна (2006) имав желба да студирам таму (после завршување на средно) бев запишан и на некои универзитет таму (open universities) но не бев спремен ме одбија за виза на интервјуто така заврши.
Следната година алпицирав за виза и добив туристичка виза на 6 месеци со повеќекратни излагања влагања. За тое ми требаше еден куп документи од типот, дека сум студент редовен и положени испити, дека моите родители тука се вработени (и колку земаат плата), дека имаат имот тука, не сум осудуван од полиција потврда и др. - од англија од роднините дека се вработени и извештаи од нивни сметки дека имаат пари и трансакции од минатите неколку месеци, гарантно писмо убаво напишано дека доколку останам и не се вратам у МК они ќе сносат одговорности, дека имаат таму имот и др. Значи процедурата за виза е многу тешка и скапа. Сега најново е дека во Скопје не ни имаат сектор за визи па се праќаат некаде надвор и тоа кошта уште некои 50фунти плус значи минимум 160фунти е виза без документите.