- Член од
- 22 април 2010
- Мислења
- 93
- Поени од реакции
- 186
Пред две години во Франција е донесен закон со кој вработувањето на странци и мнооогу отежнато. Не е проблем да најдеш работа, туку да добиеш работна дозвола. Работодавецот мора да докаже зошто ти си покомпетентна од французите кои што конкурирале за истото работно место, и плаќа дупла трошкови одколку за вработен французин. Така да не сум сигурна дека е добра опција. Најлесно би било да се запишеш на факултет во франција, така сигурно ќе добиеш дозвола за престој. До 31 јануари се уписите преку ФКЦ, а ти самостојно можеш да конкурираш до средина на април, ако не се лажам. Провери на страните на универзитетите, може да варира од еден до друг факултет, и гледај во делот за странци. Трета опција ти е да направите пакс до дечко ти, тоа е нешто како предбрачен статус, потпишувате во матично дека сте во врска, и може да се прекини во било кој момент, без никакви процедури. Е сега, за да добиеш дозвола за престој со пакс, мислам дека треба да покажете дека имате зеднички стан и дека не е само ради дозволата... Најдобро распрашај го дечко ти, пошо немам многу информации околу паксот. Во најмала рака, легално можеш да престојуваш 3 месеци, па во меѓувреме барај опции.