Верски вести III

Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
Ограбена црквата во гостиварска Сушица


Непознати сторители, провалиле и ја ограбиле црквата „Свети Никола“ во гостиварското село Сушица. Од СВР Тетово, информираат дека случајот во полициската станица Гостивар го пријавил 58годишниот Н.Т. кој денеска ја посетил црквата.

Од увидот утврдено е дека провалата се случила во периодот од 24 до 31 март, а провалниците во објектот влегле со кршење на еден од прозорците. По пребарувањето ја нашле металната каса во која имало околу илјада денари, пари кои ги донирале верниците. Најверојатно при излегувањето ја оштетиле и влзената врата и натписот на црквата, а го симнале и ѕвоното од камбанаријата. Металната плоча и ѕвоното биле најдени на извесна одалеченост од црквата.

Овој месец, во Гостиварско регистрирани се три кражби.

Провала во верски објект беше регистрирана и вчера во тетовското село Теново, каде од црквата „Света Петка“ биле украдени пари.

На почетокот од годинава, покрај пари, крадците од црквите по долината на Радика одзедоа и неколку десетици икони.
http://kanal5.com.mk/vesti_detail.asp?ID=3057
--- надополнето: 31 март 2013 во 21:45 ---
Свет | 31. March 2013 - 15:38
Палестинци фрлаа со камења врз Израелци на Плоштадот на џамиите во Ерусалим

Шестмина Палестинци беа уапсени, откако фрлале со камења врз Израелци на ерусалимскиот Плоштад на џамиите, изјави портпаролот на израелската полиција Мики Розенфелд.

Палестинците фрлале со камења врз израелски посетители на плоштадот, рече Розенфелд. Нема повредени во инцидентот.

Поради еврејскиот празник Пасха во Ерусалим во моментот има голем број еврејски аџии.

http://sitel.com.mk/palestinci-frlaa-so-kamenja-vrz-izraelci-na-ploshtadot-na-dzhamiite-vo-erusalim
 
Член од
21 декември 2011
Мислења
430
Поени од реакции
79
понеделник, 01 април 2013, 13:36


Започна реконструкцијата на Исхак-Челеби Џамија
Со финансиска поддршка од турската агенција “ТИКА“ започна реконструкцијата на Исхак-Челеби џамијата која се наоѓа во центарот на Битола, во близина на градскиот пазар.

Инаку, Исхак-Челеби џамијата во Битола, споменик на османлиската архитектура од 16 век, која од 2005 година е во сопственост на битолското муфтиство на Исламската верска заедница.

Комплетната реставрација според претходните најави се очекува се да заврши за најмногу шест месеци.

Исхак-Челеби џамија е примерок од класичната османлиска архитектура, со квадратна форма и едно кубе. Била изградена во 1561/1562 година по налог на Хајдар-бег кој во Битола во тоа време бил администратор на османлиската провинција Румелија.
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
Секој пост ... нафрлен безвеза со копи паст ќе биде избришан .. евентуално и казнет
потрудете се да си ги средувате постовите .. немам намера да барам по постот каде е изворот и датумот ...
одсега секој кој планира да пренесе вест на темава ЈАСНО НА СТАРТ НА ПОСТОТ ЌЕ НАПИШЕ:

Датум: 01.01.1111
Извор: линк

за се друго нема ни да размислам ... одма бришам ...
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
Во џамијата Јени во Солун извршена молитва, прв пат по 90 години
Вторник, 02 Април 2013 12:55

- Во џамија во Солун е изведена молитва за прв пат по 90 години, соопшти сајтот „Ворлд булетин“.

Околу 50 студенти муслимани се молеле во текот на викендот во џамијата Јени, која за богослужба е затворена уште од 1923 година.

Градоначалникот на Солун, Јанис Бутарис, им го дал одобрнието на студентите да се помолат во храмот.

Турскиот конзул во Солун, Тугрул Билтекин, посочи дека изведувањето на молитвата е историски важен момент.

Џамијата Јени е изградена од италијански архитект во 1902 година, за време на османлиското владеење

http://lokalno.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=17105:-90-&catid=110:balkan&Itemid=135&lang=mk
--- надополнето: 2 април 2013 во 21:29 ---
Лего ќе го повлекува сетот коцки што ја налути исламската заедница

Лего минатата година на колекцијата „Ѕвездени војни“ (Star Wars Collection) го додаде својот сет од коцки „Палатата на Џаба“, што ја налути исламската заедница во Австрија.
Сетот е наменет за деца на возраст од девет до 14 години, а го прикажува Џаба д Хат (Jabba The Hut) сосе неговото засолниште. Џаба, негативец во облик на голем црв, за првпат се појави во филмот „Враќањето на џедајот“ (Return of the Jedi) од 1983 година, а живее во градба која наводно личела на џамија, полна со ракети и оружје, каде пуши наргиле и ја држи како затвореник принцезата Леа.

„Вакво нешто нема место во детските соби. Сетот е педагошка бомба и ги прикажува муслиманите како терористи. Џаба е прикажан како терорист кој пуши наргиле и ги мачи и убива своите жртви“, изјавила Мелиса Гунес, портпаролка на Турската културна асоцијација во Австрија. Критичарите на играчката тврдат и дека постои сличност меѓу палатата на Џаба и музејот Аја Софија во Истанбул. Од Лего беше побарано веднаш да го повлече својот производ од пазарот.
Лего тогаш го одби барањето. Тие инсистираа дека производот е само верна репродукција на сцена од филмот. „Не гледаме причина да го повлечеме од пазарот, само го следевме филмот“, соопштиле од Лего.

Сепак, производот ќе биде повлечен од пазарот, но наводно не поради контроверзиите, туку поради фактот што тематските сетови се менуваат на секои две години.

Многу е симптоматично тоа што Лего го најави повлекувањето само една недела по средбата со претставниците на Турската културна асоцијација во Виена.

http://www.mkd.mk/svet/vesti/lego-kje-go-povlekuva-setot-kocki-shto-ja-naluti-islamskata-zaednica
Објавено на

02 Април 2013 - 16:07
--- надополнето: 2 април 2013 во 21:32 ---
Историски знаменитости на удар во Сирија: Над 2.000 години стара синагога уништена во Дамаск

Објавено: 16:17, 02/04/2013

http://a1on.mk/wordpress/archives/129498

Најсветата еврејска локација во Сирија – синагогата Џобар во Дамаск, која стара повеќе од 2.000 години – беше ограбена и запалена, а покривот срушен.

Ова е уште една жртва во серијата на уништени културни знаменитости во Сирија. Се верува дека Синагогата Џобар, е една од најстарите во светот, изградена на врвот на пештера каде што пророкот Илија нашол прибежиште од прогонот. Синагогата се споменува и во Талмудот.

Израелското радио, како што се очекуваше, пренесува изјава на бунтовниците кои тврдат дека синагогата ја запалиле “сириските на власти.” Од друга страна, сириските владини извори и либанскиот Ал-Манар истакнуваат дека овој културоцид го извршиле бунтовниците.

За Евреите, оваа синагога се смета за најсвето место во Сирија. Во минатото болните се несени во пештерата под синагогата и таму биле оставани преку ноќ, со надеж дека духот на пророкот Илија ќе ги излечи.

Во 2011 сирискиот претседател Башар ал-Асад одобри реновирање на 11 синагоги ширум земјата, вклучувајќи ја и синагогата Џобар во Дамаск.

Од почетокот на конфликтот. во Сирија страдаа голем број историски места. Тврдината од 12-от век, Крак де Шевалие, пред конфликтот беше една од најпосетените туристички локалитети во Сирија – сериозно беше оштетена од артилериски оган на сириската армија која настојуваше да го елиминира бунтовничкиот камп. Крак де Шевалие е тврдина на крстоносците во Сирија и една од најважните зачувани средновековни тврдини. Се наоѓа 40 километри западно од градот Хомс, во близина на границата со Либан.

Многу историски знаменитости во Дамаск и Алепо се или оштетени или уништени. Бројни музеи, верски објекти и други места се ограбени.
 
Член од
21 декември 2011
Мислења
430
Поени од реакции
79
Католички свештеник продавал дрога

2. АПРИЛ 2013 - 21:34http://www.sitel.com.mk/katolichki-sveshtenik-prodaval-droga


Католички свештеник е прогласен за виновен бидејќи од својот стан во американската држава Конектикат продавал метамфетамини, а од заработката купил продавница за сеексуални помагала и филмови со порнографска содржина.
Свештеникот Кевин Валин (61) призна дека заработил најмалку повеќе од 256.000 долари од продажбата на дрога која ја набавувал од Калифорнија.
- Продавницата „Земјата Оз и местото на Дороти“ купена е од парите заработени од продажба на дрога, изјавија обвинителите.
Пресудата за Валин ќе биде изречена на 25 јуни, а тој може да биде осуден од 11 до 14 години затвор.
Валин девет години бил свештеник во парохијата „Свети Августин“ во Бриџпорт, Конектикат, а во 2011 година се повлекол од „лични и здравствени причини“ и продал околу 1,8 килограми метамфетамини. Дијацезата го суспендира Валин во мај минатата година иако претходно му одобрила отсуство.
Црквата официјално го обвини Валин за „сексуално неприфатливо однесување“.
Свештеникот бвеше уапсен во јануари откако таен агент повеќе пати купил од него 23 грама метамфетамини, за 3.400 долари.
--- надополнето: 3 април 2013 во 11:38 ---
Свет | 31. March 2013 - 15:38
Палестинци фрлаа со камења врз Израелци на Плоштадот на џамиите во Ерусалим

Шестмина Палестинци беа уапсени, откако фрлале со камења врз Израелци на ерусалимскиот Плоштад на џамиите, изјави портпаролот на израелската полиција Мики Розенфелд.

Палестинците фрлале со камења врз израелски посетители на плоштадот, рече Розенфелд. Нема повредени во инцидентот.

Поради еврејскиот празник Пасха во Ерусалим во моментот има голем број еврејски аџии.

http://sitel.com.mk/palestinci-frlaa-so-kamenja-vrz-izraelci-na-ploshtadot-na-dzhamiite-vo-erusalim
PONEDJELJAK, 01 APRIL 2013 10:42http://minber.ba/index.php?option=com_content&view=article&id=15463:zapadna-obala-doseljenici-ranili-osmero-mladih-palestinaca&catid=56:vijesti&Itemid=80

Zapadna obala: Doseljenici ranili osmero mladih Palestinaca


Osmero palestinske djece školske dobi lakše je ranjeno u nedjelju navečer blizu Nablusa na Zapadnoj obali pošto su ih izraelski doseljenici gađali kamenjem, rekli su čelnici palestinske sigurnosne službe.
Školska djeca su autobusom pošla na izlet kada su ih blizu naselja Yitzar napali doseljenici, dodaju isti izvori.
Yitzhar, uporište židovskih vjerskih nacionalista, slovi kao jedna od najekstremističkijih kolonija na okupiranoj Zapadnoj obali.
Smještena je blizu grada Nablusa i ondje nerijetko izbijaju sukobi doseljenika i Palestinaca ili izraelskih sigurnosnih snaga.
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
http://brif.mk/balkan/deneska-ke-bide-objaven-tender-za-izgradba-na-dzamija-vo-atina/
--- надополнето: 3 април 2013 во 14:23 ---
Папата Франциско ќе ја затвори скандалозната ватиканска банка

Ова ќе биде едно од клучните прашања на папствувањето на Франциско, изјави висок официјален претставник, и „секако, ако сака, папата може да ја затвори“ банката.
Папата Франциско планира да ја истражи скандалозната банка на Ватикан, со намера да ја преструктурира или дури и целосно да ја затвори, велат за Ројтерс извори од Ватикан.

Првата работа на папата на таа тема ќе биде проверка на државниот секретаријат на Ватикан, кој беше во центарот на аферата Ватиликс, што веројатно ќе вклучи и отпуштање на неговиот челник.
Ова ќе биде едно од клучните прашања на папствувањето на Франциско, изјави висок официјален претставник, и „секако, ако сака, папата може да ја затвори“ банката.

„Ќе биде потребно време“, вели друг висок функционер, кој предвидува „сериозна реконструкција“, наместо затворање.

„Но јас не би ја исклучил ништо, дури ни затворање. Франциско секој ден прави изненадувачки работи.“

Објавено на

03 Април 2013 - 08:45

http://www.mkd.mk/svet/vesti/papata-francisko-kje-ja-zatvori-skandaloznata-vatikanska-banka
--- надополнето: 3 април 2013 во 14:29 ---
Младите Пакистанци го претпочитаат шеријатот пред демократијата
пред 2 часа

Бројот на млади Пакистанци кои сакаат земјата да се управува според законите на Исламот е поголем од оние кои се за демократско управување, покажуваат резултатите од истражувањето на Британскиот совет.

Денеска објавениот извештај покажува дека за 38 проценти од Пакистанците меѓу 18 и 29 години шеријатот е најдобриот политички систем за Пакистан. Околу 32 отсто од испитаниците го избрале управувањето на војската, додека поддршка за демократијата дале 29 проценти.

Помалку од една четвртина од младите Пакистанци сметаат дека тие или нивните семејства имаат добивки од демократијата. Резултатите од истражувањето доаѓаат непосредно пред парламентарните избори во Пакистан закажани на 11 мај.

http://denesen.mk/web/2013/04/03/mladite-pakistanci-go-prtpocitaat-serijatot-pred-demokratijata/
--- надополнето: 3 април 2013 во 14:31 ---
Свештеник продавал дрога
Објавено: пред 3 часа
Католички свештеник е прогласен за виновен бидејќи од својот стан во американската држава Конектикат продавал метамфетамини, а од заработката купил продавница за сексуални помагала и филмови со порнографска содржина. Свештеникот Кевин Валин (61) призна дека заработил најмалку повеќе од 256.000 долари од продажбата на дрога која ја набавувал од Калифорнија. Пресудата за Валин ќе биде изречена на 25 јуни, а тој може да биде осуден од 11 до 14 години затвор. Валин девет години бил свештеник во парохијата „Свети Августин“ во Бриџпорт, Конектикат, а во 2011 година се повлекол од лични и здравствени причини и продал 1,8 килограм метамфетамини. Црквата официјално го обвини Валин за сексуално неприфатливо однесување.
http://www.plusinfo.mk/vest/87175/Sveshtenik-prodaval-droga
 
Член од
21 декември 2011
Мислења
430
Поени од реакции
79
Притвор за прилепчанецот што ја ограби џамијата во Ресен

Текст: Макфаксhttp://kajgana.com/pritvor-za-prilepchanecot-shto-ja-ograbi-dzamijata-vo-resen
| 03 април 2013


Триесет идеветгодишен прилепчанец заработи кривична пријава заради тешка кражба извршена во џамијата во Ресен.
Како што соопшти полицијата, настанот се случил ноќта меѓу 14 и 15 септември минатата година, кога 39 годишниот З.Т. од Прилеп, со употреба на погоден предмет влегол во џамијата и од металниот сеф украл 312.482 денари, 14.415 евра, 1.920 шведски круни, 175 американски долари, 120 австралиски долари и 20 швајцарски франци.

Истражен судија му одреди мерка притвор во траење од 30 дена.
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
Свет | 4. април 2013 - 13:47
Шестмина британски министри „паднаа“ на случајот со опасниот Абу Катада
http://www.sitel.com.mk/shestmina-britanski-ministri-padnaa-na-sluchajot-so-opasniot-abu-katada
--- надополнето: 4 април 2013 во 21:16 ---
Чешки патријарх има вонбрачни деца
Објавено: 11:27, 04/04/2013
http://a1on.mk/wordpress/archives/130350
--- надополнето: 4 април 2013 во 21:20 ---
Двајца мажи истуриле киселина врз чесни сестри
Објавено: 11:29, 04/04/2013
http://a1on.mk/wordpress/archives/130353
--- надополнето: 4 април 2013 во 21:21 ---
Во обраќањето на плоштадот Свети Петар
Папата ја истакнал „клучната“ улога на жените во црквата
Објавено на

04 Април 2013 - 08:45
http://www.mkd.mk/svet/vesti/papata-ja-istaknal-kluchnata-uloga-na-zhenite-vo-crkvata
--- надополнето: 4 април 2013 во 21:25 ---
http://republika.mk/?p=48656
 
Член од
21 декември 2011
Мислења
430
Поени од реакции
79
Измама на векот во Ватикан: Свештеник украл милиони евра!

05.04.2013 | 10:08
Извор: Точка



Свештеникот Франко Декаминада бил ставен во куќен притвор, откако истрагата потврдила дека искористил милиони евра за купување на хациенда од 18 соби и плац од 23 хектари во Тоскана.

Италијанската полиција го уапсила свештеникот осомничен за измама и присвојување на четири милиони евра додека управувал со престижна болница во Рим, која припаѓала на Ватикан. Свештеникот Франко Декаминда, монахот кој се заколнал на сиромашен живот, бил ставен домашен притвор бидејќи истрагата потврдила дека искористил милиони евра за купување на хациенда со 18 соби и плац од 23 хектари во Тоскана, Италија, пренесува агенцијата AFP.

Декаминада бил на чело на престижниот дерматолошки институт "Имакулате" во Рим помеѓу 2004 и 2011 година, кој во моментов е ставен под специјално водство на Ватикан бидејќи биле потврдени загуби од 600 милиони евра. Папата Бенедикт XIV пред заминувањето од местото на поглавар на Римокатоличката црква, именувал кардинал кој треба да ги реши економските проблеми во медицинските установи.



Истрагата потврдила "измама за вкупно 14 милиони евра" соопштила италијанската полиција и навела дека 4 милиони евра од таа сума, водат директно кон Декаминада, кој секојдневно земал пари од болницата на име "дополнителни трошоци".

Неколку месеци болницата не можела да исплати 1.500 вработени, меѓу кои и 300 лекари.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.937
Поени од реакции
83.207
Недела, 07 Април 2013 15:23

Не се плашете да бидете христијани, изјави поглаварот на Римокатоличката црква Франциско.


Новиот поглавар на Римокатоличката црква го изјави ова пред околу 100.000 верници, кои се собраа на плоштадот „Свети Петар“ во Рим за да го добијат неговиот неделен благослов.
- Не треба да се плашиме да бидеме христијани и да живееме како христијани. Треба да покажеме храброст и гласно да го објавиме воскреснувањето на Исус Христос, истакна 76-годишниот папа.
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
На жените во С.Арабија им е дозволено да возат велосипед


:vozbud:

Како што е наведено во изворот на жените во С.Арабија им е дозволено да возат велосипед, но само рекреативно и во присуство на машко лице,
Во изворот се наведува уште дека треба да се избегнуваат поголеми групи на луѓе.
 

Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Вести

Верски судири во Каиро




Египетската полиција соопшти дека судирите во Каиро се обновиле, по вчерашните насилства пред коптската христијанска катедрала во Каиро во кои имаше еден загинат. Насилствата избија по погребната молитва за четворица христијани кои беа убиени во меѓуверските насилства на 5 април. Очевидци велат дека по молитвата, христијаните биле гаѓани со камења на излегување од црквата. Додека други очевидци, пак, велат дека христијаните извикувале слогани против Муслиманското братство на египетскиот претседател Мохамед Морси. На телевизиските снимки можеше да се види дека специјалните полициски сили испукуваат солзавец кон портите на катедралата, откако христијанските верници се обиделе да се засолнат таму. Катедралата е симбол на коптската заедница која долго време се жали на дискриминација од египетските власти.

извор http://www.makdenes.org/archive/news/20130408/428/428.html?id=24950623
-------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

Религијата на мирот продолжува со своите мирољубиви акции, да ги опамети останатите, ако не милом тогаш силом.
 
Член од
28 ноември 2011
Мислења
246
Поени од реакции
106
KОЈ ГО ЧУВА НАЈСВЕТОТО ХРИСТИЈАНСКО МЕСТО? 2 МУСЛИМАНИ ГО ИМААТ КЛУЧОТ ОД ГРОБОТ НА ИСУС


Секој христијанин знае дека најсветите места на христијанството се наоѓаат во Ерусалим а, најсветото од сите е црквата на Светиот Гроб, која била изградена во 325 година, над местото каде што се верува дека Исус бил распнат, погребан и воскреснат од мртвите. Сепак малкумина знаат дека муслимани се тие кои што ги чуваат, односно отвораат и затвораат вратите на најсветото во христијанстовото.
Всушност двајца муслимани, еден од Јоудех фамилијата и еден маж од Нусејбех семејството, две Ерусалимски и Палестински кланови кои се чувари на влезот на Светиот гроб уште од 12 век.

Секое утро во 04:30 Адееб Јоудехс патува од неговиот стан надвор од ѕидините на Стариот град, за да го донесе леаниот железен клуч за црквата, исто како што тоа го правел неговиот татко пред него и неговите претци пред нив.
Откако ќе го донесе 12 инчниот клуч, околу 30 сантиметри долгиот железен клин, му го доверува на Вајеех Нусеибех, кој чука на портата за да ги повика свештениците и верниците кои ја минале цела ноќ внатре во храмот, молејќи се од внатрешноста на црквата.

Нусеубех преку дрвена скала се прекачува преку прозор за да го отклучи горниот дел од огромната врата.
Потоа Вајеех ја отклучува долната порта, пред повторно да му го врати клучот назад на Јоудехс. Ритуалот се анулира секоја вечер во 07:30, откако стотици туристи и аџии ја напуштаат црквата. За време на празниците, како што се Света Недела, која кулминира со неделата кога се слави христијанскиот Велигден, елаборатот и отворањето и затворањето се одвива неколку пати на ден.

Зошто елобаратен ритуал? Како што често се случува во Ерусалим, Светиот Град на неколку народи и религии, постојат различни верзии за да се објасни зошто двете муслимански семејства ја добија довербата за да го чуваат клучот за најсветото место во христијанството.
„По муслиманското освојување во 637 година, калифот Омар му гарантирал на Архиепископот Софрониј, дека христијанските места за богослужба ќе бидат заштитени и на тој начин му ја доверил ваквата служба на Нусејбех, семејство кое потекнува од Медина, а кое имал односи и со пророкот Мухамед“, вели Нусејбех, пензиониран 63 годишен електричар.

„Тоа се случило во 1187 година, откако Саладин му ставил крај на Крстоносното Кралство Ерусалим. Тој го избрал нашето семејство повторно да се грижи за мир меѓу различните Источни и Западни христијански конфесии, кои биле во расчекор околу контролата на Гробот“, изјавил Нусејбех со блага насмевка, седејќи до неговиот син Обадах.
На овој ден Католиците, Грчките, Ерменските, Сиријските и Етиопските ортодокси монаси, повеќе пати посегнале со својата тупаница за да ја одбранат својата респективна деноминација и привилегии во црквата, како што е дефинирано во декретот од страна на Отоманската империја, познат како статус кво во 1853 година.
Ваквите тепачки меѓу свештенството го докажуваат предведението на Саладин пред 1000 години, кога султанот ја запечатил втората предна порта на црквата, а за останатите влезови им ја предал контрола на неутрални чувари.
Нусејбех тврди дека Јоудехс семејството, во оваа приказна влегуваат во 16 век, откако отоманските Турци ја имале контролата на Палестина и одлучиле да им наплаќаат на секое второ семејство со одговорноста да го чуваат клучот.
„Да, ние ја делиме одговорноста со Јоудех, а понекогаш и се караме, како што се случува во секоја фамилија“, вели Нусејбех.

Секој Велики четврток уште од крајот на 19 век, двете муслимански семејства го предаваат клучот од Светиот Гроб на локалните францискански калуѓери, онолку долго колку што е потребно за да отидат во црква во поворка и да ја отворат вратата по утринските лутургии. Кога тие ќе бидат завршени, калуѓерите го враќаат клучот на семејствата.
Оваа церемонија, се повторува со грчките и ерменските заедници, на православниот Велики петок и сабота соодветно.
„Токму сега, во моите раце го имам клучот на срцето на христијанството. Ова е многу важен момент за нас“, вели свештеникот Артемио Виторес, шпански францискански свештеник, кој е чувар на светата земја, во текот на Велики четврток.
„Со векови на Христијанските верници, им бил одбиен влезот во црквата, или морале да плаќаат огромни суми на пари за да се помолат на гробот на Исус“, вели тој.

Виторес, бил нападнат од една страна од Вајеех Нусеибех и неговиот син Обадах и уште двајца братучеди, кои биле компензирани со калуѓерите за нивните услуги со симболична сума од 60 долари. На другата страна биле семејството на Адееб Јоудех, со неговиот 19 годишен син Џавад.
Околу 20 минути Јоудех ја презема контролата на единствениот постоечки клуч за Светиот Гроб. Постоел уште еден клуч кој се скршил одамна и повеќе не се користи. Клучот се чува во мала канцеларија во црквата и се чува од страна на вработените на семејството Јоудех.

„Чест ми е што овој клуч кој беше предаден од страна на Саладин на моите претходници, да го чувам и што имам можност да бидат еден од чуварите на најсветите христијански места“, вели Јоудех.
Тој инсистирал преку својот смартфон, да ги покаже 165 официјални декрети кои ја потврдуваат улогата на семејството на Јоудех, како чувар на имотот на црквата низ вековите.

„Мојот поредок на кој му беше доверена улогата на чувар на клучот е висока ценета личност, која не извршуваше никаква физичка работа, како на пример качувањето по скали за да ја отвори портата. Затоа семејството Нусеибех беа повикани да ја извршат оваа должност. За жал тие се чувствуваат посрамотено што се сметаат за чувари на портата“, вели Јоудех.
На крајот на процесијата, клучот беше поздравен од страна на вселените верници кои чекаат пред црквата.
За неколку моменти сите зјапале во свеченото отворање на портата и чекаа што побрзо да мине церемонијата за да влезат внатре.

Неколку минути подоцна Јоудех со неговиот син си замина дома. Тие ќе се вратат повторно да ја отклучат портата на Светиот Гроб. Двајца Муслимани кои доаѓаат во мир и го носат клучот на срцето на христијанството.
http://mkd-news.com/koj-go-chuva-najsvetoto-hristijansko-mesto-2-muslimani-go-imaat-kluchot-od-grobot-na-isus-video/
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
Once upon a time .....

Before the Islamic takeover, the Byzantine Empire had banned Jews from entering Jerusalem.[citation needed] When the prayer time came, the Archbishop of Jerusalem, Sophronius, invited Caliph Omar, a leading companion of Muhammad, to pray at the Church of the Holy Sepulchre, Christianity's holiest site. Omar refused fearing that future Muslim generations would claim the church as their own and turn it into a mosque. Omar instead prayed few yards away from the church where a mosque is built now. The Mosque of Omar still stands next to the Church of the Holy Sepulchre as a reminder of the strong Muslim-Christian bond in the Holy Land. Upon entering Jerusalem, Omar signed with the Christians of Jerusalem what became known as the "Covenant of Omar". It guaranteed protection for the Christians to live and worship freely and also protection for the Christian places of worship.

........
немало тогаш „мерења“ како денес?
да се чудиш ...
 
Член од
12 април 2010
Мислења
1.602
Поени од реакции
890
http://www.novamakedonija.com.mk/DetalNewsInstant.asp?vestInstant=16682
Дали сте верник или не, сепак има некои работи во Библијата се корисни и сите би требало да се придржуваат кон нив, како што е Божјата заповед “Не кради” и “Сакај го ближниот свој, како самиот себе”. Меѓутоа, постојат работи кои Библијата ги забранува, а ние секојдневно ги правиме


1.Сендвич со шунка- Тешко е да се одолее на сендвич со шунка, а уште потешко е да оттргне вниманието од вкусните колбаси, сланина и ребра. Сепак, Левитскиот законик вели дека забрането ни е да јадеме свинско месо.
2.Тетовирање-Бог јасно рекол: “Немојте на себе да имате никаков белег”.
3.Консултирање со астролози-Можеби понекогаш читате хороскоп, но знајте дека Бог таквото однесување на го одобрува.
4.Оговарање-Секој сака да го прокоментира неспособниот колега на работа или изгледот на некоја колешка, но важно е да се знае дека Библијата не го толерира оговарањето.
5.Пцуење на родителите-Доколку како немирен тинејџер сте ги пцуеле родителите, знајте дека и тоа во Библијата е строго забрането.
6.Брак откако сте се развеле-Во овој случај постои исклучок, само ако вашиот бивш партнер ве изневерил.
7.Жени кои зборуваат во црква-На жените им е наредено во црквата да молчат, и доколку сакаат нешто да разберат да го прашаат нивниот сопруг кога ќе се вратат дома.
8. Школки, лигњи, јастози- се забранети за јадење, затоа што немаат пердуви и крлушки.
9. Секс со личност од ист пол
10. Секс пред брак-Ова дефинитивно е строго забрането. Во Библијата пишува: “Девојката која го сторила тоа нека ја одведат пред куќата на нејзиниот татко, нека ја удираат со камења се додека не умре, затоа што направила срамно дело”.
11.Модни експерименти- “Жената не смее на себе да става машка гардероба, а мажот не смее да се облекува во женски фустани. Кој го прави тоа одвратен е на својот Бог”.


вторник, 09 април 2013, 21:38
 

Kajgana Shop

На врв Bottom