Веридба, да или не?

Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.829
Поени од реакции
8.850
Јас сум против веридба, и не сакам да имам веридба. На веридбата, поентата е, мојот избраник да ја побара мојата рака од мојот татко.
Јас не сум сопственост на мојот татко, ниту пак татко ми одлучува со кого јас ќе бидам, затоа е глупав обичајот и е ради реда, нема вистинско значење.
Кога веќе ќе решам да се мажам, ќе ги соберам моите родители и родителите на мојот иден сопруг на вечера, и убаво ќе им соопштиме што сме решиле. Можат да достават имиња на луѓе кои би сакале да бидат поканети, и секако ако имаат некаква желба може да биде кажана, а ние да си разгледаме дали ни одговара.
Јас и се надевам мојот иден сопруг убаво сме си усогласени тука, никакви родители кои организираат ништо. Наша свадба, наш брак, наша работа.
Сакале, не сакале веридба, не е наш проблем :)
 
Член од
8 октомври 2009
Мислења
312
Поени од реакции
153
Ne bi sakala veridba bidejki smetam deka toa e totalno nebitno , zemanje pa koga ke dojde vreme za svadba pak nazad za da ja zemat povtorno spored obicaite dokolku se raboti za tradicionalna svadba... taka da samo trosok i frlanje pari pokloni itno_O najubavo ako se raboti za tradicionalna svadba samo svadba bez veridba barem ednas ke go pomines cinot na zemanjeto :D
 
S

Shellshock nam67

Гостин
Ne bi sakala veridba bidejki smetam deka toa e totalno nebitno , zemanje pa koga ke dojde vreme za svadba pak nazad za da ja zemat povtorno spored obicaite dokolku se raboti za tradicionalna svadba... taka da samo trosok i frlanje pari pokloni itno_O najubavo ako se raboti za tradicionalna svadba samo svadba bez veridba barem ednas ke go pomines cinot na zemanjeto :D
samo gragjanski brak i nisto drugo brz svadba kako vo vegas samo najbliskite vazno e da se sakaat mladite a ne kolku gosti i kako ce bide svadbata :)
 

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618
Најголем уткести малер е да се вратиш по истиот пат по кој си пошол по невестата. Мислам тоа е нешо немогуче ситуација која што дефинитивно ќе го раздрма сонот на баба ти. Од спротивниот табор ни под разно не смеат да помислат да дојдат пред 00.00, мислам мене ми е малку несфатливо то прибидејќи шо ако се налета на Robert Pattinson да речеме , али јбг адети. А ќе го заборавев - парен број одсекат е бил неубав број, затоа строго у непарен број да се иде (препорачливо е бројот на чевли да е исто така непарен - у опција се 37,39,41,43,45)
Инаку Веридбата ( големата буква не е случајна) е генерална проба пред свадба. Тука бе бејб се мери грудестиот дел на сваќите и се форсираат фризури од локалниот фризерај, се прават финалните подготвки кој на која песна ќе биде танец а кој кец ( можда исти се терминиве поима неам), па тука бе бејб една од другариците на свекрвата се истакнува со руската салата и кифличките, па тука еуфорично се трампаат бовчите (значи бовча не е бовча ако нема бањарка), па прв кис на раката на свекорот и свекрвата, па после сите пијат од едно шише ракија ( сеа некој шо зима поголеми голтки нема љутиш) и секако секоја веридба завршува со носење на планината од бонбоњери у локалното дуќанче кај шо се трампа за пари (секако продавачот нема срце да те одбие ).

Значи, да сумирам, " Шо мислам за веридбата " - секако дека не.
 
Член од
22 август 2011
Мислења
326
Поени од реакции
346
Ние не правевме веридба, само дадовме збор. Значи, без оние адети, невестата излегува, па вика Мамо со солзи во очите, демек колку е тажна што се дели од дома:rolleyes:, разменување на бовчи или сл., глупости. Дојдоа неговите кај мене да се запознаат со моите, беше само, децава решиле да се земат, немаше Дали ќе ни ја дадете, бла, бла... На ручек се собравме и толку беше. Дури потоа он ми купи прстен.
Ме нервираат онакви веридби што се мини свадби, за што би била свадбата потоа?:)
 

miki002

Фејл гејмер
Член од
18 февруари 2010
Мислења
369
Поени од реакции
269
За 2-3 недели и мене треба да ме снајде вакво нешто, е сега јас и моите тоа го гледаме како вечера на која треба што се вели да се даде збор и да се запознаат нашите родители ова она, нејзините на тоа гледаат како на свадба од помал размер, па ќе видиме што ќе произлезе од сето тоа. Не планирам да барам никој од никого, ако имаат такви адети може и ќе ги разочарам или ќе направам мини скандал така што ќе си тргнам накај дома како што сум дошол - сам, па скоро 5 години сме во врска и сега да ја барам од татко и, како да не. Она дарови ок е мислам меѓу мене и нејзе да се разменат, како и прстени, ама не како порано јамболија и буре со вино и шест кила злато :), а што ти знам погачи, китење сватови такви глупсти НЕ. Нешто како роденденска прослава дома, толку и храна и пиење и музика (не студентска прослава, тоа може и да забега малку).
 

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.497
Старински традиции од типот на веридби, свадби и сл. воопшто не ме привлекуваат и ми се тотален кич и шљам !
Битно е младите одреден период да одат па и да живеат заедно, да се запознаат добро меѓусебе, да се сакаат и привлекуваат еден со друг и кога самите ќе одлучат нека си влезат во брак но без тие такви народњачки тракатанци и нус-појави ко традиционалните циркус-церемонии и кич-манифестации !
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.920
Поени од реакции
41.888
За глупости ќе фрлиш 1000 евра во ресторан за некој да јаде и да пие. :D
Ние тие пари ги дадовме за фамилијарен ручек во Банско Бугарија. Беше зимо и убаво ни дојде и скијање. :cool:
А и не идовме кај неа дома таа сама си дојде. :icon_lol: Немаше ништо од тие циркузи.
Не сакавме подароци, злато и други глупости и тие пари што требаше да се потрошат за тоа ги дадовме за три неделна екскурзија низ европа.
А свадба е веќе друго тогаш мораше малку да е традиционално со гости и музика.
 
Член од
20 јуни 2016
Мислења
257
Поени од реакции
120
Врска неам како одат овие адети само едно сакам да знам денот кога ке се договориме неговите да дојдат кај мене дали истиот ден се разменуваат прстените или се закажува ако може така да се каже друг ден за ставање на прстените. П.с не сакам никакви адети глуппсти сакам да биде вечера кај мене дома само моите од дома и неговите без никакви зурли и тапани
 
Последно уредено:
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.920
Поени од реакции
41.888
Врска неам како одат овие адети само едно сакам да знам денот кога ке се договориме неговите да дојдат кај мене дали истиот ден се разменуваат прстените или се закажува ако може така да се каже друг ден за ставање на прстените. П.с не сакам никакви адети глуппсти сакам да биде вечера кај мене дома само моите од дома и неговите без никакви зурли и тапани
Секој различно. Некои си ги разменуваат на денот на венчавката, кога дома доаѓаат по невестата, а некои во матично.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
Врска неам како одат овие адети само едно сакам да знам денот кога ке се договориме неговите да дојдат кај мене дали истиот ден се разменуваат прстените или се закажува ако може така да се каже друг ден за ставање на прстените. П.с не сакам никакви адети глуппсти сакам да биде вечера кај мене дома само моите од дома и неговите без никакви зурли и тапани
дур не се види дали е женското невино, нема никакви обврски ни прстења ни ветувања!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom