Мислам дека е добро да се направи една листа на темава на продукти кои би можеле да се употребуваат во секојдневна употребаа а не се премногу скапи, тешки за наоѓање и нетретирани со хемија многу. Треба да се направи една пирамида, својствена за нашево поднебје.
Ако има некој забелешки слободно нека каже, да го елиминираме или модифицираме од листата.
1. Семки и јаткасти плодови:
-Сусам
-Сончоглед
-Ленено с.
-Семки од тиква
-Црно семе
-Чија семе
-Обезмастени с. од тиква
-Бразилски ореви
-Ореви
-Кикирики
-Лешници
-Бадеми
2. Мешунки и сл:
-Леќа
-Грав(бел, црвен...)
-Грашок
-Леблебија
-Хељда(хелда)
-Боранија
3. Житарици
-Пченица(незнам околу глутенот ако има некој проблем)
-Овес(овесни снегулки дали? )
-Ориз(интегрален?)
-Пченка(дали може брашно и палента? )
-Просо
-Киноа
4.Печурки
-Шампињони
-Буковка
и други...
5. Соја
Да се продискутира во која форма и колку редовно да се конзумира....дали: соини трошки, шницли, тофу, соино млеко и сл. се добри за конзумирање.
6. Зеленчук:
-Цвекло
-Спанаќ
-Брокула, кељ, прокељ, карфиол..
-Зелка
-Морков
-Кромид
-Лук
-Домати
-Пиперки
-Целер
-Пашканат
7. Овошје(свежо или сушено)
Да не набројувам, во зависност од сезоната....што ќе се најде во моментот на пазар тоа, ама мислам најмалку два пати дневно не е лошо.
Би ја издвоил боровинката како нешто што е пожелно скоро секој ден, посебно спортисти.....ќе ми текне уште нешто.
8. Млечни производи(за тие што користат)
Ако веќе се користат, да се минимализира штетата со ограничено користење, и да се обрати внимание на тоа.
-сирење, кашкавал, биено сирење....мое паушално мислење е еднаш(дискутабилно два пати) неделно....би бирал кватро формаџи и така можам да јадам колку сакам
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
-Јогурт/кефир три пати неделно...исто некое од тепка мислење.
9. Јајца(за тие што користат)
Ако веќе се користат, зависи од здравствена и кондициона спремност, мислам до кај 2 неделно, односно еден оброк.
10. Зачини во смисла на екстракти, раствори и како додатоци во исхраната.
-куркума
-цимет(цејлонски)
-ѓумбир
-бибер
-рузмарин
-каранфилче
-босилек
-буковец
-чубрика
нека додаде некој уште некој...
Ако има некој да додаде уште нешто...морска храна(алги и сл.) можеби или нешто друго нека дополни. Сакам да направиме горе доле некоја основа за исхрана со ваша помош нормално, околу тоа што да се јаде, и колку пати неделно.
После рецептите се лесна работа
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
Ќе дискутираме и околу суплементација на некои микронутриенти, омега 3 и сл.
Ова би го јадел и пет пати неделно...ама еднаш ако помине добро е