@cYb3rc0re:
Me бендиса страната на Ајтене. Весела, едноставна, буквално "таманска". Браво!
Кај Gudalat ми се допаѓа едноставноста на концептот, но ме нервира и мислам дека е заморно менито кое трепка цело време, заедно со текстот доле "хостирано и изработено од ANet.com.mk".
Kaj "Гипа" менито би го направил малку повпечатливо на прв поглед, бидејќи навистина ми требаа десетина секунди пред да сфатам и дека постои мени. Би му ставил и некое ефектче кога се поминува со курсорот преку линковите.
Не ми се допадна воопшто сајтот на радиостаницата. Хедерот ми е многу едноставен, боите ми се "мртви", и повторно од лева страна гледам мени кое трепка. Не ја сфаќам поентата ни на купчето еднолични банерчиња од десна страна. Претставувањето на дејностите наместо со тие банерчиња можело да се реши на друг начин.