Не сум ја сретнал темава до сега, иначе одамна сакам некаде да го опишам и да се отворам, а да не ја трпам болката во себе. Не знам ни од кај да почнам. Не знам ни за што попрво да го пофалам. Не знам ни за што да му се заблагодарам. За мене беше генијалец, и да ако мислите дека сум претерал со пофалби, ќе ви кажам штета што не го знаевте, верувам дека тие што го знаеа го делат истото мислење со мене. Уште како мал памтам од него 2 ќутека изедов, за кои тогаш го "мрзев", а покасно сфатив дека се само лекција и не беше за џабе.
Тоа што сум денес, сум благодарение на него. Со него почнав да идам и на утакмици, он ми ги даде првите лекции за кола, за женски, за секс, и за многу работи ме научи, и сум му вечно благодарен. Беше човек што или ќе ве сака или ќе ве мрази, го немаше она озборување зад грб, се што мислеше во лице ти кажуваше без разлика дали си му роднина или не. Ретко кој мрзеше, претежно фирмашите од државните фирми со кои нерви губеше на тендери. Него да го изнервираш? Немаше шанси. Единствено нешто за кое се нервираше беше работата и луѓето од државни фирми кои го моткаа(приватно работеше со делови за коли), и за мене. Беше весел човек кој беше полн со живот и енергија. Деновите му беа во брзање и воопшто не беше во мирување нонстоп беше некаде растрчан, што за работа, што за да помогне на некој или да среди некоја машка работа по дома. Во фамилијата пред 2 години имавме исто така смртен случај. Благодарение на него бидејќи цела фамилија сме врзани на некој начин се извлековме од тоа, нонстоп тераше на заебанции и се правеше за да те расположи.
Ден денес памтам кај верото во тафталиџе се враќал од дома и некој му пресекол пат па му излегол од кола да го тепа демек татко ми крив. Он останал смирен за да ако биде нешто, да не испадне татко ми почнал се до моментот кога типот му пререкол последните пари да ги дадеш за децата дома на лекување. Понатака претпоставувате што се случило по што беше приведен и коа го прашав зашто ми рециплираше само: Моето единствено дело за кое се гордеам во животов си ти, и нема да дозволам некој да те омаловажува или да те чепка кога можеше мене да ме гази на земја, немаше потреба тебе да те спомнува во негативен контекст, подобро ќе поминеше ако не те спомнеше, сега мислам на преврска е во болница. Не ми се веруваше поготово на начинот на кој што ми го кажа. Можеби не требаше така да изреагира но сепак ...
Пишувам без редослед и без размислување што и како да пишам, пишувам што ми текне на памет, морам некаде да се испразнам. Како и повеќето од негова генерација немаше завршено факултет, али не дека е мој татко ама слободно можам да кажам дека од сите што ги познавам беше можеби и најпаметен. На секоја област го биваше и не се чекаше одговор од него да размисли, имаше одговор на секое прашање и решение за секој проблем, кликерот му работеше и за се имаше сфаќање. Тоа што не го знаеше го учеше многу брзо. Се
На секоја прослава на роденден или било што, беше највесел и цела атмосфера ја правеше. Две недели пред да почине бевме на прослава во Боними и жива музика се тоа он игра рипа со пејачката со свирачите, од маса на маса идеше. Газдата неможеше да верува и со отворена уста беше па на крајот му кажа: До сега повесел човек немам сретатно и да дигне волку атмосфера, ќе те најмам за аниматор.
Се што постигнав е благодарение на него. Многу работи ми кажуваше дека не се добри за мене, а јас секако не се согласував, за на крај да сфатам дека бил во право. За алкохолот секако не ми бранеше но не сакаше да сум пијаница секогаш викаше да имам умерена граница. За цигарите не ми ни збореше пошто знаееше колку ми се одбивни. Од него научив дека животот нема правила никогаш, дека треба да се бориш за она што го сакаш и никогаш да не чекаш на готово, ме научи дека треба да помагам без да барам за возврат, ме навлече на клубови од кои и денес неможам да се одвојам, ме научи што е животот. За било што да покажев интерес одма ме поддржуваше и покажуваше дека и него го интересира тоа, а и искрено немаше нешто што не го интересира.
Често знаевме да почнеме дискусија за спорт најчесто фудбал (Вардар) и да ми раскажува приказни од минатото како било па некогаш и по 2-3 саата сме дискутирале и малце биле.
Горд сум што имав таков татко и не би го заменил со ништо, затоа што беше единствен. Од спомени не се живее но ете убаво ми е кога ќе ми текне на нив, поготово кога ми ги даваше љубовните совети, на нив и покрај сета болка се смеам. Синко остај ти тоа жените, како змии се поклон се купува у брак, ја у мое време сменив многу женски, чим и дојде роденден раскинувам, или 8ми март. Каков поклон, не ми е жена. Се на се многу ми фали, затоа што мислам дека сега ми е најпотребен...
Се извинувам за долгото тупење, имав желба да се испразнам...