Вашиот татко!

Член од
28 февруари 2009
Мислења
284
Поени од реакции
138
Чоеков е во принцип, мој најголем срам и несреќа. Штета што некои го немаат на овој свет, а јас и покрај тоа што е жив, го чувствувам за недопирлив и емоционално мртов.

Покрај сево ова, се работи за непоправливо одвратна компилација од најлоши карактеристики кои вклучуваат тврдоглавост, гадно болна желба за провокации, вечно незадоволство, неодговорност и мрзеливост. Сево ова, помножено со низок коефициент на интелигенција. Просто, се чудам како можел да ме створи.
исто и кај мене... Го сакам многу и посакувам да го променам некако, но тоа е невозможно:( Добар е ми овозможува се што ке посакам јас сум галениче дома.. ама љубов, никаква.. Никогаш не сум го гушнала, никогаш не сум била блиска со него, тој е себична и самобендисана пијандура која прави проблеми дома секој саат..
ама навикнав веке на него.. знам како да играм во секоја ситуација со него.. тој само може да ќути и да ме слуша сега.. Како и да е многу сум попамента од него..
 
RebelMk

₪ ₪ ₪
Член од
18 октомври 2010
Мислења
1.725
Поени од реакции
1.130

Пробај разговарај со него да намали со алкохолот навистина не е добро и за него и за околината . И кај мене татко ми е мераклија по алкохол но често се спротиставувам на тоа па гледам да му иде срам од мене . Зближи се со него нема ништо подобро од родителската љубов искрена ...
--- надополнето: Jun 22, 2012 3:06 AM ---
Секој има негативности и предности ти си за мене единствен . Можеби си повлечен но имаш помогнато на многу луѓе каде и да си никогаш нема да те заборавам . Секогаш гледаш секој да е задоволен иако најмалце секогаш останува за тебе ти никогаш немаш дадено слабост . Иако имам кажано дека не сакам да сум како тебе ама како тебе човек втор пат не се раѓа
Те сакам чале
 
Член од
28 февруари 2009
Мислења
284
Поени од реакции
138
Пробај разговарај со него да намали со алкохолот навистина не е добро и за него и за околината . И кај мене татко ми е мераклија по алкохол но често се спротиставувам на тоа па гледам да му иде срам од мене . Зближи се со него нема ништо подобро од родителската љубов искрена ...
--- надополнето: 22 јуни 2012 во 05:06 ---
Секој има негативности и предности ти си за мене единствен . Можеби си повлечен но имаш помогнато на многу луѓе каде и да си никогаш нема да те заборавам . Секогаш гледаш секој да е задоволен иако најмалце секогаш останува за тебе ти никогаш немаш дадено слабост . Иако имам кажано дека не сакам да сум како тебе ама како тебе човек втор пат не се раѓа
Те сакам чале
Ох џабе е џабеее.. има интелегенција 0 не знае ни што зборува ни што мисли.. абе бог да чува, жал ми е за мајками што мора нон стоп да се расправа со будала.. како старее така повеке забегува.. мора да се трпи тоа е :confused:
 
Член од
23 јули 2010
Мислења
163
Поени од реакции
85
Баш ми е мило за тие што се блиски со својот татко, тоа никогаш сум го немал и никогаш нема да го имам. Во него повеќе гледам странец отколку татко. Цел живот израснав со мајка ми и благодарен сум и за се што направила за мене. Од татко ми освен финансиска поткрепа немам ништо. Тврдоглав, бесчуствителен и непријателски насторен. Ништо никогаш не го задоволува, се што ќе направам е премалку, на ништо не му придава значење. Ама пуста навика, се надминува :).
 
RebelMk

₪ ₪ ₪
Член од
18 октомври 2010
Мислења
1.725
Поени од реакции
1.130
Ох џабе е џабеее.. има интелегенција 0 не знае ни што зборува ни што мисли.. абе бог да чува, жал ми е за мајками што мора нон стоп да се расправа со будала.. како старее така повеке забегува.. мора да се трпи тоа е :confused:
Значи не ме сваќај погрешно и не е ова лично за тебе . Али неможам никако да ги сватам овие родители што немаат срам и обзир пред децата не створил фамилија за да се изживува врз неа туку напротив да има на кого во староста да му се радува и да знае дека секогаш до крај на живот деќа ќе има некој покрај него жал ми е за тие луѓе навистина го утнале животот
 
Член од
27 март 2011
Мислења
362
Поени од реакции
162
epa koga ke dojde momentot na starosta trkaloto ke se zavrti i izzivuvanite ke se izzivuvaat vrz macitelot - zar ne e toa pravedno?
 
Член од
30 јули 2010
Мислења
157
Поени од реакции
40
Пијаница, ѓубре,гнаса, никогаш не гледаше за фамилијата, си живее само за себе, штета што морам сеуште да живеам со него против своја волја.
 
Член од
26 јуни 2012
Мислења
105
Поени од реакции
193
Многу го сакам и почитувам.Тој ми е повеќе од татко.Тој е мојот најдобар пријател и другар.Можам да разговарам за се и сешто.Никогаш не ме осудува за моите грешки туку напротив ми укажува каде сум згрешила и ми помога да научам од грешките.Ги слушам и ги ценам сите совети што ми ги дава иако нему му изгледа како да не слушам па често пати знае да се подналути за тоа.Тој навистина е човек со големо срце и со сите е пријателски насторен.Му благодарам за се.Задоволена сум со се.Ништо не ми фали и му благодарам за тоа , но мене најважно ми е што ја имам неговата љубов , неговата подршка и неговото разбирање.Ништо друго не ми е поважно од тоа.Многу сум поврзана со него.Го сакам многу и незнам како би живеела да го нема. Те сакам Џони :love:
 
D

Deleted member 55587

Гостин
Незнам како да го опишам...со него се ми е на нож ,се поретко имаме заеднички јазик ,а имаме многу заеднички интереси.Не се ни сеќавам кога ја изгубивме блискоста,не ни знам дали некогаш воопшто постоела некаква блискост. Еднаш се чувствувам поудобно кога не е дома(на работа или сл.),а друг пат пак, се сложуваме фино и пријатно ми е кога е тука.Не ми ускратувал ништо како мала,но сум имала стравопочит кон него,а сега веќе одамна преминува во некој ладен однос.Многу ме караше порано,затоа што бев џамбаз,живец...Никогаш не ме спознал каква сум навистина ме знае само површно,не знае многу работи за мене, а секогаш ми викаше ''ти си добро девојче,верувам во тебе'' и ќе ме гушнеше.Проба милион пати да се доближи,но џабе... многу му е криво што не сум таква каква што очекувал дека ќе станам,но знам дека се е ова вака зошто сум му слаба точка,а ништо не се менува...можеби ќе биде,некогаш...понатаму.
 
Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.631
Поени од реакции
31.841
Татко ми е закон човече. Иако имам 21 година, често пати знам во текот на денот да седнам до него, да си го гушнам и бацам на коса. Истото се случува и обратно. Јас не се срамам да го кажам тоа бидејќи истото ме исполнува и прави среќен. Да ми оди по газот ми оди, но сум далеку од разгален, секогаш во можностите, кога некогаш рекол НЕ, по одредено време го разбирам зошто е тоа така, воспитување, не размазување. Знае да ме насмее ако нешто не ми е погодено, да ме утеши, да ме развесели, да направи муабет со мене на одредени теми ако имам потреба ( и да немам знае да ги начни), да види како размислувам, да помогни.
 
n/a

Член од
28 декември 2011
Мислења
1.194
Поени од реакции
2.258
Би можел да напишам книга... да бев добар раскажувач, можеби и ќе напишев... а можеби и не, сеќавањата си се за таму каде што се, и себичен сум...мои си се!

Може да се рече, сепак, следново - дека има такви луѓе кои може да се наречат големи луѓе, а има и такви, за кои може да се рече дека прават сите околу нив да се чувствуваат како големи луѓе. Ете, тоа...

Се сметам себеси за самостојна личност од сите аспекти (што е, во голема мера и негова „заслуга“), ама жал ми е што не е веќе тука за да си ги споделиме маките, убавините и плановите. Да си се провериме еден со друг, да си направиме reality check, да си позборуваме, да си помолчиме, да се смееме, да си се укрепуваме еден другега...
и така...

Ете, си кажав.
 
Член од
27 март 2011
Мислења
362
Поени од реакции
162

Kajgana Shop

На врв Bottom