Пошто ДПМНЕ е на добар пат да се врати на власт, имајки ги на ум резултатите од локалните избори, ме интересира по нивното евентуално враќање каква ќе биде надворешната политика. За внатрешната нема да прашувам, тоа се знае, споменици, панорамски тркала, дизниленд, партиски вработувања на најако итд.
Ме интересира надворешната политика. Што ќе стане со преспанскиот и името на државата и двојазичноста, ќе се врати ли името, дали министри од ДПМНЕ ќе држат прес конференција каде во позадина пишува Северџанија, дали во официјални обраќања ќе се употребува терминологијата Нашата Држава/Земја или Северџанија? Дали исто така ќе се продолжи да се преговара со Бугарија?