Да ве прашам нешто вмровци ако е останат воопшто некој што сеуште е заинтересиран за ДПНЕ.
Толку ли не гледате дека ве носат како јагне на кољање со Данела, Тимчо и Митко или повеќе и не се ни трудите да им се спротиставите. Еве уште зимоска или рана пролет накај март ако има избори, победите и оформите влада со АА. Знаете дека раководството на таа нова влада ќе ви се состои од Мицковски, Николовски, Тимчо, Данела, Рашела и Јанчев.
Може ли да ми објасните како тоа партиско јадро е нешто многу подобро од Заев и компанија? Јас не разбирам навистина во што се разликуваат во ставовите со Заев и компанија. Се за преспа, се за тиранска платформа, се за рамковен, номинално се против бугарскиот пред избори али ќе видиме кој ќе им биде ставот после тоа. Која е разликата? Што подобри менаџери ќе бидат на северна?
Мислам Данела се шета низ град со обезбедување на америчка амбасада, додека Тимчо тера кампања со Амбасадорката на Германија ЗА ГРАДОНАЧАНИК НА АЕРОДРОМ . Која е разликата меѓу на СДС нај-полтронскиот кадар и овие двајца. Мите лимунада нема што и да се спомне. Онаа Данела буквално во живот нема направено една работа, а и доделиле 300 титули. Кога ќе цитира биографија само цитира титули, а нема еден цитат што направила за да ги добие. Претседател на федерација на стопанственици кој никогаш не бил стопанственик. Ваков апсурд може да има само во Северџанија.
Буквално ве товат со измет за да бидете новото СДС, дека овие комплетно пукнаа на шевови и не може веќе да се одржат никако.