Бучковски му се извини на Марјановиќ (Глумење лудило и глупирање по договор)

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.098
Премиерот Бучковски му се извини на професорот Марјановиќ, во судница за кажана клевета минатата година. Процесот заврши експресно. Двајцата насмеани од судницата. Не кажаа дали затоа што одамна се немаат видено или пак судијката ги развесели.

„На крајот заврши онака како што треба да заврши - цивилизирано. Јас јавно се извинив“, изјави Владо Бучковски, претседател на Влада.
Бучковски ја призна грешката. Од неговата советничка група во Советот на град Скопје добил нецелосна информација за синот на Марјановиќ. Тој преку медиумите го обвинил професорот за конфликт на интереси, дека како советник го сместил синот Филип Марјановиќ во управен одбор на претпријатието за паркинзи.
„Мојот син е полнолетен, тој е инженер и имаше желба да работи нешто и да даде некаков придонес во урбанизамот и архитектурата. Кога дозна дека за тоа немало место и го ставиле на паркинзите, тој самиот рече - тоа место мене не ме интересира“, вели Ѓорѓи Марјановиќ, универзитетски професор.


Бучковски со доаѓањето во судот сакаше да докаже дека нема недопирливи. За Марјановиќ, како претседател на Лигата за демократија, ова е старт на предизборна кампања. Тужениот и тужителот од судот заминаа со премиерскиот автомобил.
 

gOJDO

Пациент, неизлечив
Член од
4 јануари 2006
Мислења
1.304
Поени од реакции
20
ништа ново на западу....одамна видено, а некои од нас од прва рука кркаат такви филмови
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.098
Ги гледав преска и на Вести. Професорот маестрално во неговиот добро познат стил со веќе видени "чичковски досетки" и старовремски хумор, премиерот продава приказни од библијата во стилот "човечки е да згрешиш, да се покаеш и да побараш прочка".

Их да имав една шпиун буба да им ги слушав муабетите во возилото додека си одеа накај домче (кафана, кабинет...?)...
 

gOJDO

Пациент, неизлечив
Член од
4 јануари 2006
Мислења
1.304
Поени од реакции
20
si si ibale majkata oni...hollywood
 

GUSAR-VMRO

МАКЕДОНИЈА ЗАСЕКОГАШ!
Член од
27 јануари 2005
Мислења
635
Поени од реакции
7
Ц Ц Ц овој Бучко е ненормален, ама и марјановиќ ако се здружи со него....Лошо, лошо
 

Caligula

Realiziran
Член од
25 јануари 2005
Мислења
895
Поени од реакции
97
најглуп предизборен маркетинг...ОДВРАТНО!!!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom