Здраво,
На сите кои беа на интервју оваа година им велеа дека ќе биде убрзана постапката за нив и дека се по нови правила,но се до овој момент нема абер од такви промени освен што имаше неколку примери во смисол побрзо разгледување на предметите кај оние што се ставени на дополнителна проверка.
Дај боже да се убрза,но службениците и на мене ми рекоа дека за една година од интервју ќе си го земам пасошот ама не е така.
Ова е редослед на статусите кои следат и временски период на нивно менување.
1.Образувана преписка(веднаш по интервјуто се јавува овој статус и трае 1 до 2 м)
2.Образувана преписка N:ххх/201х/хх.хх.201х г. Преписката се намира в процедура по зад'лжително с'гласуване.(се чека мин 13 месеци од интервју ,а ако си преку родител и до 20м)
3.По преписката Ви предстои да б'де изв'ршен финален експертен преглед преди да б'де разгледана от С'вета по гражданство(овој статус трае 2 до 3 месеци откако ќе се смени од задолжителна)
Доколку имаш однесено оригинали односно истите документи по втор пат како што ги подаваше за происход во Министерството за правосудие статусот ќе биде
4.Молбата ви е разгледана от С'вета по гражданство с положително становиште Предстои издаването на указ на Вицепрезидента на Република Б'лгарија (овој статус значи дека чекаш потпис и дека ти е одобрено,а колку се чека никој незнае,во моментов добиваат оние што чекале 10 до 11м ,но се убрзува и сметам дека за побрзо ќе се потпишува)
5.Образувана преписка N:9220/2017/13.09.2017 г. Вашата преписка е вклјучена в Указ 120 от 2019 год. Можете да резервирате час, за да получите удостоверението си лично. Можете да направите нова резервација само ако сте пропуснали п'рвата резервација(вака изгледа ако ти е потпишано државјанството)
Во меѓувреме може и отказ од Вицепрезидента да се добие(по сопствени критериуми,најчесто дава отказ кај оние преку прв братучед,чичко,вујко и сл но нема правило),а може и советот од Правосудие да не ја уважи молбата.