Здраво, оддамна не се имав логирано на форумов. Имам едно прашање не знам дали некој го има истиот процес како јас. Во Февруари 2016 поднесов документи за бугарски пасош, со Удостоверение од Лазар Младенов, вчера бев во Софија да ги поднесам документите во Министерство за правосудие и ми дадоа датум на интервју во септември 2017, што лично многу ме изненаде, бидејќи бев информиран дека од поддавањето на документите до интервјуто закажуваат за од прилика 3-4 месеци. Посредникот ми кажа дека имало предлог да се полага писмено во големи групи од 400/500 души наеднаш, за побрз да биде процесот, дали некој слушнал за ова или сепак ќе треба да се чека година дена до интервјуто? :/