Здраво луѓе имам во иуте еден помошен кредит од 6000 денари кој требаше да го платам на 10ти меѓутоа не платив сега исто така овај месец на 10ти имам кредит 77000 денари 3490 рата двата ги одложив за на 23ти и 26ти овај месец со по 300 денари провизија на едниот за одложување и 300 денари на другиот прашањево ми е се плашам дека за две недели нема да ги најдам парите
а нареден месец и понареден исто
кажете ми кој се последиците и процедурата за неплаќање во иуте ?
Прочитај у договорот. Последиците се додатни камати кој се насобираат за на крај да те блокира извршител. Тој од 77,000 исто ти е од овие брзи кредити, или од банка?
Што повеќе го одложуваш, само собираш камати и нервози од миљарда повици дневно за наплата и долг. Ако немаш работа, одам почни нешто да бараш, макар и за минималец. Ако си комарџија, прекини одма. Чим веќе стануваш свесен дека ќе имаш последици и дека ќе немаш од каде да ги најдеш, смени нешто.
пс: Глеам сите објави ти се за кредити и дури имаш и други објави со други суми:
Здраво луѓе 1200 денари односно 4000 денари не поминати на кредитна картичка и неплатен кредит веќе една рата доцнење две недели вкупно 750 000 65 000 кредитна 685000 потрошувачки кредит мислења за неплаќање. .... Инаку од приватни причини башка имам три брзи но некако ги плаќам нив
Колку кредити имаш? 2 првите од 6,000 и 77,000 или плус имаш 685,000?
На форум помош за вакви работи не наоѓаш. Ако сите овие заглавувања се ради здравствени или некакви прифатливи причини, те разбирам, таков е животот. Ама ако ова ти е за курцање, коцкање и остали глупости, нема поента. Реши си ги проблемите одма. Те фаќа некоја паника, се глеа по објавиве пошто све ти е за кредити.
Истото останува, најди работа ако немаш сместа. Ако имаш, труди се повеќе, барај покачување, биди заинтересиран вработен пред газдите и стисни зуби.