Борисов рипна за Спаска Митрова – нови закани за блокади од Софија!

Статус
Затворена за нови мислења.

iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.184
Тазе - Бугарката Спаска Митрова која ги обвинува македонските власти за репресија поради нејзините бугарски национални чувства повторно е актуелна. Одлуката на Врховниот Суд во Скопје дека за две недели треба да ја врати ќерката на поранешниот сопруг, ја натера Софија повторно да се сети дека во Митрова има материјал за закани кон Македонија и нашите евроаталантски аспирации.
Одлуката на македонскиот Врховен Суд да и се одземе старателството на Спаска Митрова за нејзината ќерка ја крена Бугарија на нозе. Судот дефинитвно пресече – во рок од две недели Митрова треба да ја предаде ќерката на поранешниот сопруг Воислав Савиќ , одлука што во Бугарија го погоди и лично премиерот Бојко Борисов. Агенцијата Фокус пренесува негова изјава во која тој вели дека како држава нема да го коментираат поединечниот случај на Спаска Митрова, но Бугарија ќе била многу стриктна кога се работи се приклучувањето на Македонија во Европската Унија. За Борисов случајот со Митрова е испит за дипломатијата:

„Во неколку инстанци судот во Македонија пресуди контра Спаска Митрова. Целата бугарска јавност се крена за нејзина поддршка. Љубовта е слепа, луѓето се венчаваат и се разведуваат. Ние како држава, тешко можеме да го коментираме судот и неговото решение. Крајно ми е непријатно да коментирам посебна тема или случај. Нема да го поврзувам оовј случај со нашиот став во однос на македонските интеграции, но Бугарија ќе биде многу исклучива во оценувањето на критериумите“ изјавил Борисов.

Тој понатаму зборува за топлите односи со Косово и со Србија кои неговата земја ги има, па оотука оценува дека не случајно го зема овие две држави за пример, кои до вчера војуваа, па затоа не може да разбере како секој ден од Македонија добива сигнали кои бугарскиот народ не ги заслужува:

„Први ги признавме, секогаш сме им помагале, во се. Побратски народ на Балканот ние од Македонците немаме. Нема јавно да се произнесам, ќе ги пуштам кога ќе дојдат македонските власти во Бугарија, каде што се добредојдени, да одговорат тие. Знам што ќе речат – дека тоа одлука која ја донел независен суд. Добро. Ни јас не коментирам судска одлука. Но, кога ќе дојде ред да го коментираме македонскиот судски систем, ќе коментираме како што ние ќе процениме. А, ние ќе процениме дека тој систем треба да е независен, демократски, европски, толерантен, заштитнички за интересите на сите граѓани. Ќе судиме според европските критериуми“ вели Борисов.

Поостар во ставот е бугарскиот европратеник Димитар Стојанов, кој вели дека овој случај може многу на влијае врз позициите на Бугарија виза ви поддршката на Македонија за влезот во ЕУ:

„Односно многу јасно ќе биде пренесен нашиот став во Брисел дека додека во Македонија не престанат овие дејствија, нема шанса земјата да влезе во Европска Унија“ вели европратеникот.

Гевгеличанката Митрова одамна е актуелна пречка во македонско – бугарските односи. Таа преку ноќ се почувствува како Бугарка откако го почна судскиот спор за родителското право врз ќерката. Декларираната Бугарка веќе пет години тврди дека пред македонските судови е репресирана поради националното чувство. Митрова стана член на Националдемократската партија од Бугарија откако ја напушти ултранационалистичката Атака на Волен Сидоров, кој не го признава македонскиот јазик. Митрова од Гевлегија се пресели во Благоевград каде извесен период беше професор во приватната гимназија Александар, а исто така и советник на европратеник.



Во меѓувреме од Канцеларијата на македонскиот правобранител велат дека ниту еден случај досега не е регистриран на граѓанин кој се жалел на судски репресии во Македонија или на дискриминација поради неговата национална припадност.

Од македонското МНР се категорични – не разбираат зошто Бугарија во последниот период зачестено ја напаѓа нашата држава и ја критикува за наводна антибугарска клима, но стојат на ставот дека немаат намера да коментираат вакви провокации.

Извор: Идивиди

Добро бе, оваа уште не е решена? Со години ја влечат натаму наваму како да се работи за кралица.
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
3.378
Поени од реакции
4.196
Додека ова се реши детето ке порасне па ке нема потреба од вакви глупости.
 

iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.184
Очекувам да се јави некој "брат" Б'лгарин да ни ја разјасни дилемата и да го реши случајот по брза постапка!

Додека ова се реши детето ке порасне па ке нема потреба од вакви глупости.
Коментар на место!
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
Види го ова бе.Треба да земам да се степам со некој полицајци после ќе викам дека сум Бугар може и до Европратеник да стигнам.
 

iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.184
Види го ова бе.Треба да земам да се степам со некој полицајци после ќе викам дека сум Бугар може и до Европратеник да стигнам.
Пратеник можеби не ама државјанство и пасош ќе ти дадат за 24 часа
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.407
на оваа „благонадежна“ Б’лгарка,а по ново и Европејка,
ако и е толку по ќерки,еве и понуда од мене за уште една,
ако иска и ако и стиска,јас ќе сторам себап,нели си помагаме,
а мојов само женски врла со гаранција и проверено,се разбира сето тоа
бесплатно и со желба за понатамошна добрососедска соработка.
 

M.O.P.

Niggaz were born to kill
Член од
27 јануари 2012
Мислења
1.435
Поени од реакции
1.305
како што го потапка стариот на Блгарскиот новинар по рамото и му рече Булшит така е и мојот став за овва Офцава и за Блгарија и за Борисов кој оод обезбедување на премиерот во 80 години стана сега он премиер=најголем криминалец
 
Член од
12 април 2010
Мислења
10.060
Поени од реакции
15.032
Бојко сака Спаска да биде министерка за правда.......
едно време мешање во внатрешни работи на една држава од страна на друга беше акт на војна..
Баш сакам Бугарија да не спречи во влез во гЕјУ. И онака не сакав влез во фашистичка творба.
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.006
Поени од реакции
5.653
Аман човек, те молам не лути се... ко којзнае каков фактор да се во Европа, па уште ќе се закануваат. Оф мори мајко, дајте му бе 50 ч'рвени и нека не замара.
 
Член од
11 јуни 2012
Мислења
34
Поени од реакции
2
Свикување, во ЕУ секој случај се гледа под лупа и како не им се допадна доаѓаат и тие почнуваат - пример - кај нас бете така со Мајкл Шилдс
--- надополнето: 19 јуни 2012 во 17:01 ---
Аман човек, те молам не лути се... ко којзнае каков фактор да се во Европа, па уште ќе се закануваат. Оф мори мајко, дајте му бе 50 ч'рвени и нека не замара.
е па фактор сме - членове сме , а вие не... седи кротко, штом е б'лгарка, че ја пазим.. така се прави
 
Член од
20 март 2012
Мислења
1.465
Поени од реакции
2.366
Не знам какво е чувството да послужиш како инструмент за нарушување на добрососедските односи меѓу две соседни земји...но едно сум сигурна, добро е платено.
 
Член од
8 декември 2009
Мислења
702
Поени од реакции
528
Остајте го Бојко, можеби иста соба делеле во лудницата со оваа, нормално ќе се загрижи за неа:).
Ништо од благонадежнава Б'лгарка, чим цел ден ги нема комшииве да ја бранат ни за Бугарка не ја бива женава. (Или па некој празник им е денес па не работат :D).
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.462
Поени од реакции
5.880
Зошто да и го одземат детето ?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom