Бонева Vs. Бучковски околу поврзаноста со бугарското подземје

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.098
Дали е точно дека луѓе од доверба на премиерот Владо Бучковски кон крајот на минатата година имале средба со сега починатиот Иван Тодоров – Докторот и со браќата Артемидас? И дали тие луѓе од бугарската и од грчката мафија добиле пет милиони евра за Бучковски и претседателот Бранко Црвенковски да дозволат транзит на 225 шлепери од Бургас преку граничниот премин Деве Баир за Косово, праша Силвана Бонева, координаторка на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, на вчерашната собраниска седница.


Бучковски одговори дека македонското МВР соработувало за решавање на случајот „Докторот“, во кој биле вмешани функционери од ВМРО-ДПМНЕ, во времето кога министер за финансии беше сегашниот лидер Никола Груевски.

Бонева праша и што се случило со 20 тони цигари запленети на граничниот премин кај Гевгелија и што барал Захарие Ќуркчиев, брат на генералниот секретар на СДСМ Никола Ќуркчиев, во ресторан во Петрич со браќата Артемидас.


- Зошто е зголемена фреквенцијата на камиони со двојни документи од Деве Баир кон Дојран што ги обезбедуваат ДБК и припадници на единицата „Тигри“? И дали по налог на Ќуркчиев се заташка случајот со 20 тони цигари запленети кај Гевгелија – праша Бонева.


Бучковски посочи дека Бонева има бугарски пасош и дека е семејна жена, која го вработила својот сопруг од Струмица во Скопје. Затоа тој ја праша дали разговарала со нејзиниот лидер Груевски како ги купил трите стана во Скопје и што е разликата меѓу семејна и брачна заедница.


- Кога ќе одговорите на овие прашања, може да зборуваме за доктори и за пациенти. Во случајот вие сте пациенти, бидејќи МВР соработуваше во големата акција за Докторот, каде што ВМРО-ДПМНЕ беше посочена за организатор на шверцот со цигари. Во тоа време на функцијата министер за финансии беше Груевски. Не може директорите на Царинската управа или на УЈП да прават нешто, а министерот за финансии да не знае – заклучи Бучковски.

Бонева рече дека е незадоволна од одговорот, оценувајќи дека е недолично за еден премиер да дава несериозни одговори на сериозни прашања.


- Ако е така, што сте правеле овие три и пол години. Ваша е одговорноста ако не сте ги затвориле оние што биле вмешани во тој криминал - рече Бонева.


На тоа Бучковски возврати дека останува на ветувањето дека ја европеизирал опозицијата и дека писмено ќе одговори на, како што рече, изнесените небулози.


Кој лаже? Или и двајцата се прљави?
 

ВМРО

Loved By Few, Hated By Many, Respected By All
Член од
12 септември 2005
Мислења
1.863
Поени од реакции
26
Vtoroto....t.e. nekoi struktiri od DPMNE sorabotuvaat so bugarskoto a i srpskoto podzemje....aj da ne otkrivame iminja
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
Евтино собирање политички поени во предизборие.И народот се пали на таквите изјави,во стилот:Иииии,шо му кажа,гледате ли?

А не се чисти во никој случај и двајцата.Сите ке се богатат,на грбот на народот,а народот ке пати и осиромашува се повеке и повеке...

Леб и игри...Да даваа барем леб.Овие само игри даваат.Ништо повеке.
 
Член од
27 февруари 2006
Мислења
49
Поени од реакции
0
Buckovski, Boneva, sdsm, vmro dpmne, np sve e toa propast za Makedonija. Koj e clen na ovie partii, ucestvuva vo unistuvanjeto na Makedonija, a od ovde sum siguren deka se 70%.
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.098
VMak напиша:
Buckovski, Boneva, sdsm, vmro dpmne, np sve e toa propast za Makedonija. Koj e clen na ovie partii, ucestvuva vo unistuvanjeto na Makedonija, a od ovde sum siguren deka se 70%.
А што е според тебе решението? :)

Сигурен сум дека сега ќе излезе некоја мудрост како апстиненција или треќи пут како опција. Или можеби имаш некој подобар совет да ни дадеш, за да не учествуваме во уништувањето на Македонија.

Не сум член, ти зборам од позиција на гласач. Што да одберам во јули?

А дека им е прљав г'зот на сите, прљав е. И им смрди.
 
Член од
6 февруари 2005
Мислења
9.722
Поени од реакции
248
Мене ми е скиснато од една работа : се едни исти да слушам и да гледам. Како овде во Франција, така и во Македонија... :pishtoldz
 

GUSAR-VMRO

МАКЕДОНИЈА ЗАСЕКОГАШ!
Член од
27 јануари 2005
Мислења
635
Поени од реакции
7
Macedalien напиша:
Мене ми е скиснато од една работа : се едни исти да слушам и да гледам. Како овде во Франција, така и во Македонија... :pishtoldz
E море Мацедалиен, одамна не си бил тука, ама интернет имаш!! Оди на официјалниот сајт на ВМРО-ДПМНЕ и ќе видиш дека Груевски има нов експертски тим, за нас досега непознати магисти и доктори на науки,
Странскли експерти ...

одговор на Мистичен: Тоа со апстиненцијата е кампања на СДСМ...нив тоа им одговара и тоа го фураат сега, пошто они у секој момент имаат 300.000 гласачи - администрација и пензионери!!
 
Член од
1 мај 2005
Мислења
2.612
Поени од реакции
32
Глуп, поглуп, најглуп

strumics напиша:
Евтино собирање политички поени во предизборие.И народот се пали на таквите изјави,во стилот:Иииии,шо му кажа,гледате ли?
не сум сигурен дека е само ефтино собирање поени... то се вељит кај нас в село ебајне вуши, ама здраво... и не сум сигурен дека очиве и ушиве ми функзионираат убаво, и дека читам и слушам ова...

Значи... Бонева ги оптужува буќко и ал капоне, а буќко не негира, туку ја тера да се информира од кај му се станојте на Гвујо?

Е, ако е така, тогаш е Глуп, Поглуп и Најглуп работава...

Глупи се буќко и бране капоне, поглуп е народот шо (ко офци)дозволуваат да бидат „водени” од такви (не)луѓе ко спомнатото дуо, а Најглуп Јас, шо губам неповратно време од мојот живот, обидуваќи се да му помогнам на секој начин на тој истиот народ, наместо да си пулам ќефот тука...

шо народ станавме...
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
GUSAR-VMRO напиша:
E море Мацедалиен, одамна не си бил тука, ама интернет имаш!! Оди на официјалниот сајт на ВМРО-ДПМНЕ и ќе видиш дека Груевски има нов експертски тим, за нас досега непознати магисти и доктори на науки,
Странскли експерти ...

одговор на Мистичен: Тоа со апстиненцијата е кампања на СДСМ...нив тоа им одговара и тоа го фураат сега, пошто они у секој момент имаат 300.000 гласачи - администрација и пензионери!!
Непознати бедници кои сакаат да украдат од она малкуцка што остана.
 
Член од
6 февруари 2005
Мислења
9.722
Поени од реакции
248
Garfield напиша:
Непознати бедници кои сакаат да украдат од она малкуцка што остана.
Кога медот ти е на располагање, не можеш а да не сркнеш од него. Кој и да е, истото ќе го направи. Тоа е болеста на сите политичари па од која и партија да биле. :wink:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom