Битолчанец со ментални проблеми ги искршил штабовите на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ.

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Битолчанец со ментални проблеми ги искршил штабовите на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ
Битолчанец стар 36 години вчера околу 14 часот со палка за безбол најпрво ја искршил влезната врата на штабот на ВМРО-ДПМНЕ лоциран на улицата Белградска во Битола, а потоа на улицата Борис Кидрич го искршил и штабот на СДСМ.

Од таму, насилниот битолчанец продолжил со палката да крши и во Домот на културата во градот. Тука стасала полицијата и го привеле в станица.

Полицијата вели дека С.Н. имал ментални проблеми
http://www.plusinfo.mk/vest/36034/Bitolchanec-so-mentalni-problemi-gi-iskrshil-shtabovite-na-VMRO-DPMNE-i-na-SDSM
Кој овде не полуди тој не е нормален :pos::pos::pos::pos::pos:, добро е овај со ментални проблеми се сетил кој го дупи сите овие години, тие што немаат такви проблеми не можат да се сетат :icon_lol:.
 

831

רַב אושר של חוכמה
Член од
8 ноември 2009
Мислења
6.927
Поени од реакции
12.499
Мене ова ми е најнормална реакција...еден по еден треба сите да станат нормални како фацава...
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Сум против кршење такви работи, ама ме фати смеа кога го читав па мораше тема, тоа обезбедувањето таму јако од двата штаба во глувчја дупка се имаат пикнато :pos::pos::pos::pos::pos::pos:.
Бегајте еве го пак :pos::pos::pos::pos::pos:.
 
P

Princ

Гостин
Во земјава мора да си луд за да кршиш штабови без разлика на која политичка партија и припаѓаат :/
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Вака треба низ цела Македонија да се однесуваме кон политичарите. Палката и да не знаат низ која врата да испаднат. Да е живо и здраво момчево, така треба.
 

831

רַב אושר של חוכמה
Член од
8 ноември 2009
Мислења
6.927
Поени од реакции
12.499
Вака треба низ цела Македонија да се однесуваме кон политичарите. Палката и да не знаат низ која врата да испаднат. Да е живо и здраво момчево, така треба.
Така е! Поздрав до нас менталните претежно без мадиња како типов:
 

831

רַב אושר של חוכמה
Член од
8 ноември 2009
Мислења
6.927
Поени од реакции
12.499
Еве нешто интересно,не знам кај го најдов мислам дека е од Венко:

Што е негативна селекција? -Негативна селекција е кога намерно на чело се избира послабиот, за да не оди напред подобриот, затоа што тогаш сите ќе мора да одат напред. За да не мора да се оди напред. За да не мора да се работи. Тоа е цената на мрзеливоста, комоцијата и диктатурата на просекот. Тоа е кога народот сака да го убие најдобриот, затоа што најдобриот го засрамува просекот. Тоа е моја дефиниција, по искуствата со персонализмот и колективитетите. Логиката на толпата е - треба да се убие. Тој е различен, премногу добар. Медиокритетите тоа тешко го поднесуваат. Тие шизнуваат при помислата дека некој подобро го работи она што и тие го работат. И тогаш се ЗДРУЖУВААТ , без разлика што еден на друг би си ги ископале очите. Заедно се додека не го елиминираат заедничкиот непријател, НАЈДОБРИОТ! Кога него ќе го нема, ќе се свртат повторно еден против друг!
ЗOШТО? Затоа што просечноста не поднесува генијалност! Затоа што незнаењето е сурово кон знаењето, а знаењето е благо кон незнаењето. Затоа што знаењето има разбирање за незнаењето и во тоа е неговата слабост, а незнаењето нема разбирање за знаењето и во тоа е неговата слепа сила.

Значи време е кога знаењето треба да престане да има разбирање за незнаењето и да нападне немилосрдно...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom