Биди МАКЕДОНЕЦ, сакај ја својата ТАТКОВИНА !

Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.666
Кон содржината на некои од горните постови, за Османлиите и за тоа што би било кога би било:
факт е дека биле тука на власт околу 5 века, во кои се случиле многу нешта, негативни пред се`, што е нормално, зошто освојувачот прави што сака со она што го освоил. Значи - разни тешки даноци, еден од нив (девширме) јаничарски, верска дискриминација, чести самоволија и изживувања од секаков вид (силувања, грабежи, убиства). За тие 5 века имало многу малку напредок, за разлика од Словенија и Хрватска кои претежно биле под австриска односно австро-унгарска власт. И тоа си има свои последици. Иако мене ми е одбивна дискусија од типот под чие ропство би поминале подобро (од разбирливи причини за другите, се надевам) јасно е дека под Османлиите, не било можно некое високо културно или економско издигнување.
Една од главните одлики на Османската Империја е развиената даночна политика. Собирањето пари, посебно од „каурите“, кои поминувале потешко од муслиманите - тоа е она што најмногу ги интересирало, покрај освојувањата (повеќе „каури“ - повеќе пари). Имало притисоци за исламизација, не велам не, но тие главно не биле толку силно изразени како што вообичаено се мисли денес. Да биле, последиците од 5 века насилна и постојана исламизација ќе беа навистина алармантни. Колку и да звучи неубаво, не е мал бројот на оние потурченици кои доброволно го прифатиле исламот за да имаат помалку давачки и да ги уживаат привилегиите на муслимани во исламска држава.
Освен тоа, верските разлики и етничките исто така (освен што се муслимани, Турците не се дел од индо-европската јазична група, културно се доста различни и асимилацијата е многу потешка), придонеле да се одржиме како посебен етнички елемент. Се` до балканските војни во етно-географскиот простор на Македонија, и покрај присуството на Турците, не настанале некои измени кои неповратно би ја загрозиле доминантноста на македонскиот народ. Бугарските, грчките, српските или албанските активности имале многу потешки последици за нас. За половина век Грците до непрепознатливост го изобличија Егејскиот дел, српската и бугарската пропаганда на многумина им го испраа мозокот итн. За многу помалку време од +/- 500 години османско ропство, православието, културната, каква/таква, сродност, соседиве ја искористија за сопствена експанзија на наша сметка.
 
Strenght

Never Give Up!!
Член од
24 април 2010
Мислења
2.516
Поени од реакции
1.824
Кога се прават сите паметни и викаат дека не постоел македонскиот народ порано.. Тогаш ајде кажете од каде идејата да се викаме,Македонци,Македонија.. Имаме факти имаме предци што се бореле за да го имаме ова сега..Толку време од ропство,толку маки за сега некој да рече џабе копаме по историјата така не идеме напред.. Па да не била историјата и нашите прапра дедовци ни ова немало да го имаме..Јасно е дека ни требаат промени,ни треба стандард но тоа не се прави наеднаш се прави постепено..Како стабилна држава сме од 91.. но Како нација од многу многу порано..

Неможе некој да ни збори дека се ова е пропаганда..како тогаш има приказни од баби дедовци за војсководци,комити итн?? што е тоа политика на владите? па кај имало тогаш телевизори и сл.. а пак се знае кој каде бил и што правел..
 
W

Werther

Гостин

Така е пријателе,но мене повеќе ме нервираат предавниците на нашава земја пр. бугарофилите и србоманите се маваат во гради дека ние сме ист народ со нив дека тие ни помогнале во минатото...Никогаш не би земал бугарски пасош или српски,прадедовците ми погинале и двајцата на фронт еден бранејќи ја земјава од балистите,а другиот од германците така да совеста ке ме изеде ако земам пасош од тие две земји.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom