Не верувам дека постои начин да се определи дали бесконечноста постои или пак не. Сепак ова е многу интересна тема, а уште поинтересни се импликациите од постоењето на истата - бесконечноста. Да претоставиме дека бесконечноста постои, тогаш би постоеле бесконечно многу универзуми, со бесконечно многу системи слични на нашиов, некој од тие системи ќе биде идентичен на нашиов баш до овој момент. Сите ќе постоиме како што постевме досега, само наредно јас ќе направам правописна грешка и овој свет ќе тргне во друга насока од оној со кој досега бил идентичен. Интересно е ова од причина што, ако бесконечноста постои тогаш сите ние постоиме во бесконечно многу варијанти, во најдобрите и најлошите што можеме да ги замислиме + бесконечно други....
Уште еден интересен, барем за мене, аспект на бесконечноста е ....вака...корен од два го знаеме како ирационален број, како таков , неговите децимали никогаш не прекинуваат и од тука не моземе да имаме конечна вредност на тој број. Тоа е што се однесува не алгебрата, геометријата од друга страна нема никако проблем со конструкција на овај број и може да каже од оваа точка почнува и во оваа точка завршува???