Во интермецото на овој ламент за лајно-латино вечерите сакам да прашам - дали некој конечно ќе се зафати со реалниот проблем со Вардар, има ли некој во (копи-пејст шкрабаниците) програмите внесено решение (па макар и интегра-сф стил) за регулирање на испуштањето на отпадни води? Обично во светот прво тоа го праат, па после, покрај чиста вода, уредено корито, одат покрај Шпре, Сена и праат пикник, играат ча-ча-ча, џогираат и слично. Тоа е стварно мега-проект за наши стандарди, светлосни години далеку од оние фамозни "скверови" по 50 квадрати, кои за никса и пш се и над плафонот од капацитет што го имаат, а им се главен адут.
Еве да не биде дека само петре пијандурата или коце селанецот ги хејтаме....камиказа ќе праи трим-патека. Супер, мене ми одговара, со тоа што во делови од годината водостојот е очаен и само канализациона вода тече и неподносливо смрди. За жив свет, риби, жаби, птици, илузорно е да се разговара со сите шампони, детергенти и хемикалии во водата. Во добар дел од годината не е препорачливо да се користат патеките и поради загадениот воздух....и за тоа нешто многу не ги слушнав да зборат.
Арогантно звучи, ама к ме заболе за галиите, ич не ни одам у тој дел, а и докажано е одамна дека како народ сме невидени неизживеани сељачишта без вкус, посебно тие на кои животен предизвик и дострел им е да живеат во Мал Ринг последниве 20 години.