Англицизми во јазикот?

  • Креатор на темата Креатор на темата Dzish
  • Време на започнување Време на започнување

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Инспириран од темава : Добро место за “дејт“ во Скопјево отварам нова.

Само мене така ми се чини или младиве се повеќе се склони кон прифаќање на англицизми во секојдневниот говор? Искрено, горниот наслов воопшто не ми се допаѓа. Од проста причина шо во македонскиот јазик имаме повеќе зборови за тоа “дејт“ : состанок, излегување... И не гледам причина зошто нашите зборови би биле заменети со англицизми.
 
Имаше слична тема и заклучокот беше дека јазикот е жива материја и неможеш да го држиш со синџири туку со влијание природно се менува како и секогаш.
 
Имаше слична тема и заклучокот беше дека јазикот е жива материја и неможеш да го држиш со синџири туку со влијание природно се менува како и секогаш.
Е арно де тоа...

ама треба да сме свесни дека ако прифаќаме секакви влијанија од секаде, јазикот ќе ни се направи каша попара. Исто како што имаше акција за зачувување на кирилицата, треба да има акција за намалување на странските зборови во јазикот.
 
Имаше едно време емисија на МТВ. Говорете Македонски.
 
Не во македонскиот јазик ,туку во Скопје повеќе.

А највеќе ме нервираат зборовите: Фејк , Фејл ,Хејтери...

Оди види во Струмица дали некој користи англицизми ,ова скопјаништава.
 
Не во македонскиот јазик ,туку во Скопје повеќе.

А највеќе ме нервираат зборовите: Фејк , Фејл ,Хејтери...

Оди види во Струмица дали некој користи англицизми ,ова скопјаништава.

Еми тамо сичко говоре Блгарско. Затова е така момчета :)
 
Не во македонскиот јазик ,туку во Скопје повеќе.

А највеќе ме нервираат зборовите: Фејк , Фејл ,Хејтери...

Оди види во Струмица дали некој користи англицизми ,ова скопјаништава.
Море појќе тие дојденците кои глумат скопјанишча. :LOL:
 
Е арно де тоа...

ама треба да сме свесни дека ако прифаќаме секакви влијанија од секаде, јазикот ќе ни се направи каша попара. Исто како што имаше акција за зачувување на кирилицата, треба да има акција за намалување на странските зборови во јазикот.

Епа јбг тоа е :)

Може да се прават некои напори, ама со време јазикот ке се мења секако.
 
Може да се прават некои напори, ама со време јазикот ке се мења секако.
Јазикот се знае дека трпи влијанија. Ама во глобала кога сме биле под турско (инезнамуштекакво) ропство, успеал во глобала да ја задржи смислата. Сите турцизми што се навлезени во јазикот, се навлезени како нови зборови за кои што во тогашно време немало збор. Пример филџан, ѓезве и тн.

Е сега, од една страна сме слободни, никој не ни наметнува нити власт, нити религија, нити јазик.... од друга страна сами ги истиснуваме македонските зборови кои што ги имаме, и ги заменуваме со англицизми. Тоа мене ми е несватливо.
 
Секоја чест за темата! Секако дека јазиците се жива материја и со време доживуваат промени, односно се подложни на надворешни влијанија. Влијанието на англискиот јазик преку развојот на компјутерските науки и технологии е значително не само во македонскиот, туку и во другите јазици (како пример можам да го земам германскиот јазик). Во конкретната област, се подразбира дека се потребни реформи, односно воведување нова терминологија за поими за кои едноставно во минатото не постоеле зборови. Но тоа не значи дека и тие реформи не треба да бидат во духот на македонскиот литературен јазик! За жал, во нашево секојдневие се екстремно ретки луѓето кои го зборуваат македонскиот литературен јазик... Дајте луѓе да го вратиме нашиот прекрасен јазик во живот!
 
Не верувам дека некој овие ги користи во говорот бидејќи звучат неприродно.А во пишувањето често се јузуват англицизми за да изгледа феМци.Мада јас си претпочитам да ги врајтувам на англиски за да не звучат глупо.
 
Така е.Абе ова Скопјаниве многу се демек open minded,а уствари го масакрираат јазикот.
Дури и мачките у Скопје праат "мјау да ти еам".
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom