- Член од
- 15 декември 2010
- Мислења
- 197
- Поени од реакции
- 87
Гоце Делчев е икона на македонската борба, а Тодор Александров е личност со големи контроверзии. Начинот на кој се избрани улиците за премиенување во Скопје сугерира дека е направен идеолошки проект
Наум Котевски
Контроверзниот Тодор Александров, конечно, со политичка одлука се изедначи со чистата икона Гоце Делчев. Имињата на двете крупни фигури од нашето минато ќе ги носат по еден мост и една улица во Скопје, веројатно како резултат на истото количество почит на државава кон нивните заслуги и дела.
За ваквата егал позиција со деецот на македонската револуционерна организација Александров се избори деновиве благодарение на грубиот проект за преименување на улиците, изведен без консултации на пошироката стручна и научна јавност. Така во иднина улицата со името на некогашниот претседател на Чиле соборен во крвав државен удар „Салвадор Алјенде“ ќе се вика токму Тодор Александров, како што ќе се вика и мостот „Близнак“ во Ново Лисиче.
Ваквиот развој на настаните го најави премиерот Никола Груевски во едно свое интервју за Сител, во кое нервозно праша што треба нам да ни значи името Салвадор Алјенде, а потоа смирено одговори. „Одредени настани и личности од комунистичкиот период во некои држави не ни значат ништо“, кажа тогаш Груевски за првиот социјалистички политичар избран за претседател на една држава на демократски избори. Сега јасно гледаме што треба да ни значи повеќе од Алјенде.
Според професорот Тодор Чепреганов, не треба да има двојби за ликот и делото на Александров. „Тој се чувствувал како Бугарин и работел за бугарските интереси. Се залагал за обединување со бугарското племе. Тоа не е нечие лично размислување, тоа е документирано. Тие документи постојат, а има објавено и книга. Мислам дека тие што го смислиле ова треба да и' објаснат на јавноста зошто го испланирале проектот така како што го испланирале. Недвосмислено се јавува сомнеж дека постои тенденција да се изедначи неговото дело со она на Гоце Делчев“, смета Чепреганов, кој додава дека генералот Михајло Апостолски нема споменик, а се најавува паметник на Александров во Штип.
Координаторката на советничката група на СДСМ во Град Скопје, Софија Куновска, вели дека е видлива тенденцијата да се уништи се' што симболички е врзано за левичарската идеја и тоа не само на овие простори, туку и во светски рамки. „Ова е конечна пресметка со дел од нашата историја. Добивме крајно сомнителна понуда. Дел од таа понуда е и Тодор Александров за кого дури и самите предлагачи не спорат дека е контроверзна историска фигура поради неговото директно учество во егзекуцијата на стотина припадници на најпрогресивниот дел од македонската интелегенција во тоа време. Знак за еднаквост меѓу Гоце Делчев и Тодор Александров е злосторство од највисок ранг, патолошко самоповредување на идентитетот“, смета Куновска.
Членот на Комисијата за преименување, професорот Владо Поповски, во фелјтонот за „Утрински весник“ во кој се обработува темата за славата, митот и крвта на ВМРО, вели дека речиси целокупната фактографија по 1919-1920 година зборувала за самостојност на позицијата и на улогата на ВМРО и на Александров во однос на бугарската држава. „Тодор Александров како константа и како приоритет на вредност ја чувал самостојноста и сувереноста на ВМРО во однос на делото: ослободување на Македонија од власта на балканските држави, нејзино обединување и создавање независна македонска држава – која може да биде членка и на евентуална балканска федерација, но која секогаш се визира како еднаков (рамноправен) субјект со другите балкански држави... Во Декларацијата од 6 септември 1923 година, како, впрочем, и во сите други документи на ВМРО по 1919 година потпишани од Тодор Александров, постојано се укажува дека она што треба да се ослободи и обедини се трите дела на Македонија кои се под власт на Бугарија, Југославија и Грција“, посочува Поповски, но притоа истакнува дека Александров по националност се чувствувал Бугарин, а македонското ослободително движење по 1919 година доследно го издвојувал од државната политика на Бугарија, но не и духовната и културната судбина на Македонија и на Македонците од онаа на Бугарија и на Бугарите.
Освен интервенцијата со Александров, од малку поинаков аспект е чудна онаа со Мајка Тереза. Имено, улицата со најграѓанското име во Скопје „Водњанска“ (според планината Водно) во иднина ќе го носи името на најголемата хуманистка, како што ќе го носи и мостот „Република“. Нејзиниот лик и дело не се контроверзни како она на Александров. За католичката калуѓерка и добитничка на Нобеловата награда за мир светот дели едно единствено позитивно мислење, без никаква можност за каква било валкана дамка. Но, во ситуација кога таа веќе има своја Спомен-куќа и споменик во главниот град, вакво инсистирање на дополнително присуство на нејзиното име, кое треба да финишира со најавениот 30-метарски споменик, несомнено ја вулгаризира првичната искрена идеја и го поставува прашањето кој кому сака сега да покаже, како во случајот со Александар Македонски, дека нам ни припаѓа најголемиот дел од тоа интернационално богатство.
Боде в учи и умирањето на „Бихаќска“, која ќе се вика „Павел Шатев“. Улица со името на македонскиот револуционер веќе имаше, па сега практично само се случи дислокација. Во таа насока ништо не е сменето, бидејќи „Бихаќска“ е мала 200-метарска улица надвор од видикот на граѓаните. Но, промена ќе има во личните карти на СДСМ и на премиерот Никола Груевски. Сега, на задоволство на некого, соседите ќе живеат на „Павел Шатев“, а не на „Бихаќска“.
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=3C7418AABD0E0747905539FDEAA7FBCC