Албанија - место за одмор

ragazza

Adorable
Член од
3 јуни 2005
Мислења
2.870
Поени од реакции
29
Valona bef 2004 od Krv so brod befme Albanja na 3 dena , plazite bea super ama hotelot cesto bez struja bese , sega vikaat uste o sredeno bilo ama dur drugar mi Luan ne reci deka e poubavo od Struga nema odenje pak :)
 
Член од
24 ноември 2005
Мислења
3.233
Поени од реакции
391
Саранда е ептен убаво место за одмор. Го имам посетено во сезона, за жал само на 2 дена и не повеќе меѓутоа посакав да истерам еден одмор таму.
 

cYb3rc0re

~ место за реклама
Член од
3 мај 2005
Мислења
914
Поени од реакции
170
Сум бил Саранда пред 2 години, тогаш уште се градеше, беше добро, сега сигурно е подобро. Влегов од Црна Гора, ама тогаш горниот дел на албанија беше за никаде, патиштата ужас, се движевме доста брзо и не застанувавме по пат (со тамошни такси комбиња), зашто како што ни рекоа северниот дел не бил сигурен. Потоа накај Тирана патиштата беа ок, слеговме дури до Џирокастра (изглеа вака му доаѓа на македонски) што е на југ блиску до Грција. Бевме во приватен хотел, убав беше, ама храна за нигде (освен копаните од жаби, супер беа). И ни рекоа шетање низ Џирокастра само на наша одговорност. Значи, хотелиерите се мафиози што за ваши пари ве чуваат :kez: .

Бевме исто саранда, а по пат и на некои од тамошните планини и во еден дворец (замок) од кај што се гледаше Крф. Беше супер.

На враќање (само 3-4 саати) до струга, патот беше ужас. Ама од тогаш мислам дека го поправија, не знам.
 

Negatifo

...keep Jazzing...
Член од
25 мај 2005
Мислења
180
Поени од реакции
4
Ќе може ли некои да ми даде некој сајт или слично од некој туристички агенции кој организират летување во Албанија.
 

Eko1

Форум Џедај
Член од
20 мај 2005
Мислења
1.579
Поени од реакции
29
Negatifo напиша:
Ќе може ли некои да ми даде некој сајт или слично од некој туристички агенции кој организират летување во Албанија.
Кликни тука. :icon_lol:
 
Член од
12 март 2006
Мислења
354
Поени од реакции
1
Pa ne e loso tamu. I uste ako si pojs so drugari ohohoohohohohohohho ludnica ke e
 

PuMbA

BUCENCE
Член од
22 февруари 2006
Мислења
1.064
Поени од реакции
2
Незнам зашто али никогаш не би отишол во албанија не зашто не е убаво и незнам некои такви работи туку заради самото нецивилизирано однесување од нивна страна во Скопје,па и крај на краиштата има и поубави места.Сепак нејќам никој да навредам со овој пост.
 

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.748
Поени од реакции
1.855
Баш ми се свиѓа местенцево мх, мх, мх! Arsim, да не се мачам да барам, да не знаеш случајно колку е далеку од Струга на пример?:)
 
Член од
30 декември 2005
Мислења
1.190
Поени од реакции
5
divine напиша:
Баш ми се свиѓа местенцево мх, мх, мх! Arsim, да не се мачам да барам, да не знаеш случајно колку е далеку од Струга на пример?:)

Од Скопје до Саранда има 510 километри, кои со автомобил, преку граничниот премин Ќафасан, се минуваат за 8 до 10 часа. Албанските визи чинат 10 евра на граничниот премин, а двојно помалку ако претходно се обезбедат во амбасадата во Скопје.

Првиот поголем град по минувањето на границата е Либражд, па Елбасан, а патот води преку Тирана, Драч, Фиори и Валона. Но, ова е полошата варијанта за да се стаса до Саранда, зашто патот преку Тирана е тежок за возење и е полн со дупки. Тоа е всушност стариот пат од Елбасан до Тирана, широк одвај 2,5 метри, кој води преку висок планински масив. Делницата е препорачлива за тие што сакаат авантури и убави планински пејзажи.

Но, ова и не е толку лошо во споредба со тоа што ги очекува возачите на релацијата стотина километри јужно, меѓу градовите Фиори и Валона. Од Тирана до Фиори се оди преку Драч, по најсовремен автопат со шест ленти., но на 80 километри пред Фиори и уште 40-ина километри по него, кон Валона, ве очекува напорна делница, која е целосно раскопана. Иако пределот низ кој се минува е рамничарски, поради огромната фреквенција на возила, трасата е целосно уништена и не дозволува возење побрзо од 40 километри на час. Но, локалните жители оваа делница ја минуваат за многу пократко време. Токму поради ова, се препорачува на патиштата во Албанија, нови или стари, да се отворат четири очи.

Глетката по патот изобилува со шуми, мали планински реки и питоми долини. Покрај патот има стотици убаво уредени и, што е најважно, чисти мали приватни хотели, ресторани, пицерии и таверни, во кои може да се направи пауза. Некои од нив се вистински хациенди, замоци. Така е се' до Валона. Од Вљора, како што ја нарекуваат Албанците, па се' до Саранда делницата се протега паралелно со морето, по високите планински сртови. Вистински рај за параглајдеристите. Од патот се гледа малиот остров Порто Палермо, каде што е и замокот што во 16 век го изградил турскиот војсководач Али Паша, кој живеел во Тепелане.
 

ВМРО

Loved By Few, Hated By Many, Respected By All
Член од
12 септември 2005
Мислења
1.863
Поени од реакции
26
ne bese loso na toj sajtot i ceni da ima
inace moze li privatno smestuvanje tamu i znae li nekoj kako odat cenite na privatno smestuvanje?
 
Член од
30 декември 2005
Мислења
1.190
Поени од реакции
5
VMRO напиша:
ne bese loso na toj sajtot i ceni da ima
inace moze li privatno smestuvanje tamu i znae li nekoj kako odat cenite na privatno smestuvanje?
Цените во приватното сместување се уште поприфатливи. Ноќевање чини од 5, 7 и 8 евра за човек. Конечната цена во приватна режија сепак најмногу зависи од времетраењето на престојот
 

Kajgana Shop

На врв Bottom