T
Tetro
Гостин
АГЕНЦИЈАТА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ПРОМОВИРА ВЕБ ПОРТАЛ [13.04.2007]
УСАИД досега има инвестирано повеќе од 450 милиони долари во Македонија. Во моментов, во фаза на имплементација се над 25 проекти вредни повеќе од 25 милиони долари. Проектите се за забрзување на економскиот раст, развојот на демократските институции и пораст на граѓанската свест за модерната економија. Еден таков проект е новата веб страница на Агенцијата за вработување. Традиционалниот начин за посредување при вработување премина во електронски. Преку веб страницата www.zvrm.gov.mk, на побрз, полесен и поефтин начин ќе се поврзат работодавачите и невработените лица.
- За сите оние граѓани, односно работодавачи и невработени лица, кои нмаат сопствен пристап до интернет, порталот ќе им биде достапен преку работните клубови во центрите за вработување на територијата на Република Македонија - изјави директорот на Агенцијата за вработување на Македонија, Стојче Тапанџиоски.
Работоспособните граѓани ќе можат да оставаат своја биографија на вебстраната, а работодавачите наскоро ќе можат пријавувањето и одјавувањето на работниците да го вршат по електронски пат.
- Новата веб страница има огласи за обуки и преквалификација. Исто така, има информации за самовработување и започнување бизнис. Но, пред се, таа е дизајнирана за да им помогне на луѓето да најдат работа - изјави Патриција Рајдер од УСАИД.
Бројот на невработени граѓани во февруари оваа година изнесувал нешто над 372 000, а од нив околу 76 000 се изјасниле дека се пријавуваат како невработени само заради здравственото осигурување.