Постои закон за авторски права, фино лепо донесен, изгласан во Собранието на Р.Македонија, кој може да се оспорува и за него да расправа Уставен суд. Но во тој закон
НИКАДЕ не се наведени глупостиве.
Она што боде во очи е тоа што овој тарифник
НЕ Е ни закон, а штом не е закон логично е дека не ни мора да се почитува.
Таму некое си
ЗДРУЖЕНИЕ ЗАМП (здружение за заштита на авторски права) немајќи од каде да си ја полни сметката му текнало еден ден да си се соберат и да си наштампаат еден тарифник (онака од око) и ајде сега ќе наплаќаме.
Она што се случува, одиш во ресторант да си закажеш свадба и таму одговорниот ти вели дека ти
МОРА да платиш за авторските права, без при тоа да ти приложи документ, со кој ќе ти се докаже дека ти си
ДОЛЖЕН да платиш и дека таа обврска
МОРА да ја платиш, па ти цел во еуфорија (се женам, ејј) трошиш толку пари, па сега кога ќе дојде за 200 евра ќе си речеш ‘‘Е па ајде, ќе платам‘‘, немаш време за да бркаш правни работи и никому ништо ЗАМП од ништо си ја полни сметката
И кога видоа дека ЗАМП наплаќа од ништо, се појавува второ здружение ММЕ (или како се претставуваат веќе), па нив им текна и да се прошири наплата, за и тие да си лапнат дел од колачот наречен авторски права.