Австралиија сака унија со Азија по теркот на ЕУ

Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.584
ПРЕМИЕРОТ НА АВСТРАЛИЈА САКА УНИЈА СО АЗИЈА ПО ТЕРКОТ НА ЕУ

Премиерот Кевин Рад (Kevin Rudd) денес го најави својот план за создавање широка Азиско-Пацифичка Заедница до 2020-та година. Рад ова го изјави во својот говор одржан вчера пред Asia Society Australasia Centre. Говорот е прочитан неколку дена пред Рад да отпатува во официјална посета на Јапонија и на Индонезија.

Според австралиските аналитичари, заедничката валута и отворени граници ќе бидат реалност на идната унија меѓу Австралија и Азија.

Рад го назначил поранешниот Министер за надворешни работи и поранешен амбасадор во Индинезија Ричард Волкот (Richard Woolcott) како човек кој треба да ја популаризира оваа идеја. Опозицијата загеда е поделена, но противниците изјавуваат дека е “надмено’’ Австралија да им укажува на Кина, Јапонија, Индија, Индонезија итн. како да се организираат и каква ќе биде организациската архитектура нс регионот.

Пропонените на идната унија аргументираат дека ако 20-тиот век е Американскиот век, денес живееме во “векот на Азија’’. Истите тврдат дека Австралија е единствено позиционирана како Западно општество во Азија и дека таа досега не ја искористила својата предност и покрај тоа што мнозинството производи кои ги произведува се наменети за Азија.

Според австралиските ентузијасти за Азиската унија, Австралија се уште боледува од тнр. “колонијален мамурлук’’ со тоа што како Европска нација се трга настрана од Азија. Според нив, сваќањето за Австралија како за Европска нација мора да се промени, посебно откако односите со азиските земји се поправија на владино ниво.

 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
878
Глобализацијата е одамна започната...


Пандора ѕирка:

 

Kajgana Shop

На врв Bottom