Ќе се вика, ќе се вика.. како!?

  • Креатор на темата Креатор на темата The`bItCh
  • Време на започнување Време на започнување

The`bItCh

AdJuStAbLe mAdNeSs
Член од
22 јануари 2005
Мислења
4.605
Поени од реакции
114
Ви се раѓаат дечиња. Малечки, убави, слатки.. Нормално е додека жената е бремена да се кажуваат имиња. Ако е женско ќе се вика вака, ако е машко ќе се вика така. Ќе го крстиме по татко ми, ќе го крстиме по баба ми, по мајка ми итн, итн..

За тие што имаат деца: Како ги добиле вашите деца имињата? Ги крстивте по мајка, татко, баба, дедо? Кумот го кажа името? Вие му предложивте некое име..? Можеби детето ви е родено на некој празник - па заради тоа го добило името? Родено е во мај - па затоа се вика Маја, родено е јули - па затоа се вика Јулија и слично. Ме сфаќате нели?:icon_lol:

За тие што немаат деца: Како вие сте го добиле вашето име? Крстени сте по некого? Вашето име било идеја на кумот? На некој од родителите можеби?:kafe:


П.С. Не ми текнуваше посоодветен наслов за темава, па затоа вака ја крстив. Ако некој има подобра идеја нека предложи па менувајте. Мене не ми текнува ништо.:(
 
Јас сум на чичко ми, на братот на татко ми кој загинал пре дда се родам. Син ми е на татко ми, не знам, така сакаше жена ми, ја нејќеф, ама нека го, се навикнав.

Нема кај мене кумој, мумој, ама и не ми е важно, пважно ми е да се здрави и рпави отколку кавги околу име.
 
Интересно мачоре.:)
А оние што им даваат имиња на своите деца по пребарувачи, месинџери, алкохолни пијалоци и слично? Би му дале ли вие име на ваше дете по некој месинџер? Јаху на пример..:icon_lol:
Последно шо читав беше за едни швеѓани. Го крстиле детето по виски, а воедно и по град. Таткото го обожавал вискито и бил заљубен во убавината на градот.:icon_lol::lud:
 
Има секакви. Особено Шпорет Петровски, го имав чуено како дете. работел во Мавровопроект. Шпоки го викале.
 
hehe Spoki:) :) :) :)
inace moeto e po cokoladnite bonboni:P Karolina-karolinki:) :) :)
p.s(mama mn gi sakala za vreme na bremenosta):) :) :)
 
За првото дете како ќе се вика ќе каже кумата и ветив...

Инаку за моето име Сашко решил брат ми, а татко ми сакал да се викам Филип.
 
jas sum krstena po cukum baba mi :) toa doagja majka na prababa mi :)
inace ako imam sin kje se vika petar ili vasil,a ako imam kjerkja biljana ili elena :)
 
Женско име што доста ми се бендисува е Ирена така доколку би имал некогаш ќерка би го предложил тоа име, а кое ќе биде најверојатно ќе одлучи некој друг :).
 
Кога сум се родил така "ситен" со 4 кг. и 200 грама, дедо ми пошто е голем патриот запнал да се викам Гоце - демек силен ко Гоцета, асоцијација некоја патриотска му напраил бреинстормингот.

Мајка ми пратела мода у тоа време, и дошла до заклучок дека Дарко било метросексуалско име во тие години, па веднаш почнала да агитира по роднини. И, и успеало.
 
Ууу машала Гоце бабачко си бил :).
 
во чест на дедо ми кој не дочекал да ме види ме крстиле никола
 
ako e zensko-sakam:iva ili jana
ako e masko-ivan ili jane
 
Мене бидејки за време на велигденските празници сум родена сакале Велика да ме крстат, но таткоми бил против и сакал Весна да се викам .. па се знае дека неможе никој да му противречи и така останало :)

Иначе за моите деца хмм доколку е машко би сакала Андреј да се вика (многу ми е убаво името) а доколку е женско Андреа или Софија .. ми се врткаат и други имиња во главава но има време за тоа .. дури да родам има време може ке се премислам :)
 
Јас сум по Димитари фром Париз.

Или тоа или по дедо ми.

Иначе јас би си го крстил Сетко, по сет компјутери
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom