Мистичен
Човек
- Член од
- 23 јануари 2005
- Мислења
- 13.578
- Поени од реакции
- 1.098

Спикерот на Собранието нема да ги дочека парламентарните избори во земјава. Како компромисно решение прифатливо и за коалиционите партнери во Владата и претседателот Црвенковски, во Вашингтон треба да замине Љупчо Јордановски, претседателот на Собранието за кого Владата неделава треба да донесе формална одлука.
Досегашниот амбасадор во САД Никола Димитров за А1 денеска изјави, дека во земјава се враќа на 15-ти март, кога во Вашингтон се очекува новиот македонски амбасадор. Дотогаш наследникот на Димитров треба да добие согласност од американската администрација.
Затоа сега, Владата и Претседателот се во временски теснец. Дипломатски извори за А1 тврдат, дека Македонија не треба да ја повтори грешката на Албанија, која поради политички препукувања сеуште нема свој амбасадор во САД.
Во период кога Македонија интензивно лобира во Вашингтон за прием во НАТО, ќе се смета за дипломатски гаф ако по заминувањето на Димитров амбасадорската позиција остане празна.
Во случајот тоа најверојатно нема да се случи, затоа што предлогот Јордановски да замине во САД е прифатлив за целиот државен владин врв.
Од друга страна, со наоѓање решение за САД се отвара ново прашање - кој ќе биде наследник на Јордановски во Собранието, односно кој ќе ги распише најважните избори во македонската историја.
Извори на A1 тврдат, дека одлуката ќе падне најдоцна за еден месец. Се очекува жестока битка поради големиот број на заинтересирани кои би сакале да ја добијат на втората по ранг политичка позиција во државава.
За разлика од претходниот пат, во овој избор Социјалдемократите влегуваат поделени и раскарани.
Како можни наследници на Јордановски во СДСМ ги посочуваат, генералниот секретар Никола Ќуркчиев, шефот на пратеничката група Јани Макрадули кој и при изборот на Јордановски беше еден од главните фаворити. Можни се и изненадувања, велат партиски извори.
А1 Вести