Најверојатно ова се однесува на она што го споменав за зависниците (btw, не спомнав дека марихуана е тешка дрога, туку ги ставив во еден кош повеќе помалку со тутунот-отрови, непотребни). Ок. Да слушнеме тогаш кои се новите вредности според тебе кои некои ги отфрлаат.
Ако се ова новите вредности...има многу теми од форумов сублимирани во овие 5-6 редови па тешко е да се соберат во едно и образложуваат, но во глобала што е доброто во сето ова? Кои се вредностите ако може објаснување?
Btw, алкохолизмот мислам дека исто така влегува во овие категории...се повеќе се зголемува и се смета дека има 60-80 илјади алкохоличари во Македонија.
Ако пак се однесува на тоие муабети за паметните и дрогите, не реков дека сме/сум моралист, туку зависниците, криминалците беа контролирани, приливот на дроги беше многу помал, немаше секој дома калаш, ниту носеа основци пиштоли у школо, немаше отворено, јавно и класично рекетирање као од Аце боксерот наваму, секој си ја гледаше работата, едини шверц беше левис и слични фармерки за себе и евентуално брат/сестра од Трст или Истамбул, немаше...всушност зошто да ги прифатиме овие горенаведени новини? Што ќе ми помогне мене да се осеќам подобро, да бидам подобар човек, за себе или за државата? Ако сакаат нека се дупат и во четворки, нека пушат или пијат или дуваат, но дали со тоа ќе ни се подобри нешто во животот? Кејфот?
Ако идеме у посета кај пациент во болница, дали и ние мора да се разболиме?
Да се потсетиме на зголемен број малтретирани жени, грабежи на банки/пошти, силувања и злоупотреба на деца, недостапност на цели села за останата популација, зголемена национална и верска омраза... дали да се придржуваме кон прифаќање на сето ова ново и макар дел од тоа да го применуваме?
Инаку да те потсетам, голем број постови во економија и политика завршуваа со реченицата -нам ни треба еден Голи Оток- па сеа види дал е што и како.