Јазикот на античките Македонци

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
878
Линкот Марс....линкот...
 

Insomniac

Evil Macedonian
Член од
27 мај 2007
Мислења
1.799
Поени од реакции
27
сакав да напишам нешто ама ќе бев многу вулгарен, одма ќе ми извадеа муабет дека сум булгарен. а бе и газ ќе дадат само да биди против македонските интереси

Марс напиша:
Само Демостен ги нарекол така во своите “филипики“, ништо повеќе од навреда за македонскиот општествен систем: монархија со војна демократија наспроти демократијата и живеењето во полиси типични за Грција во потесна смисла на зборот
а Александар I Филхелен ајде преведи ми то тоа
 
Член од
26 јануари 2007
Мислења
807
Поени од реакции
7
Марс напиша:
Само Демостен ги нарекол така во своите “филипики“, ништо повеќе од навреда за македонскиот општествен систем: монархија со војна демократија наспроти демократијата и живеењето во полиси типични за Грција во потесна смисла на зборот
Другарче почна да пишуваш глупости и да ги извртуваш работите како сите плагијатори и лажливци (монархии, полиси, демократија- ајде ти се молам) можеш да ги лажеш децана у мало со такви работи.
Фактите се јасни Хелените сите народи кој не ги разбирале и кој збореле со поинаков јазик од нивниот т.е. неразбирлив ги викале варвари и тоа е тоа...
 
Член од
10 јуни 2007
Мислења
57
Поени од реакции
1
За јазикот на античките Македонци имаме повеќе теории: трако/илирска, фригијска, грчка,. Сите се елиминирани освен грчката, врз база на три резони.

1.)Грчките особини на преживеаните до нас останки на античко/македонскиот јазик (некои од нив се набројани во постов)

2.)Дедукција која поаѓа од фактот дека иако некои фонетски закономерности се фригијски и тракијски, интегритетот на грчката основа сугерира делување на адстратуми, а не негрчки субстратум.

3.)Единствениот карактер на некои зборови во древномакедонскиот кои се грчки по морфологија а ги нема во другите грчки дијалекти, па со самото тоа не можеле да бидат позајмени (нпр πνλανος-чувар на капија, οαντορια спасение, ενδαλαγινες-блаженство)

Другарче почна да пишуваш глупости и да ги извртуваш работите како сите плагијатори и лажливци (монархии, полиси, демократија- ајде ти се молам) можеш да ги лажеш децана у мало со такви работи.
Фактите се јасни Хелените сите народи кој не ги разбирале и кој збореле со поинаков јазик од нивниот т.е. неразбирлив ги викале варвари и тоа е тоа...

________________________________

Не мислам дека ова води кон продуктивен разговор.Зошто античко македонскиот бил грчки изложено е погоре.Тоа останатото е толкување зошто Демостен го употребил изразот „варвари„
 

Insomniac

Evil Macedonian
Член од
27 мај 2007
Мислења
1.799
Поени од реакции
27
Марс напиша:
За јазикот на античките Македонци имаме повеќе теории: трако/илирска, фригијска, грчка,. Сите се елиминирани освен грчката, врз база на три резони.

1.)Грчките особини на преживеаните до нас останки на античко/македонскиот јазик (некои од нив се набројани во постов)

2.)Дедукција која поаѓа од фактот дека иако некои фонетски закономерности се фригијски и тракијски, интегритетот на грчката основа сугерира делување на адстратуми, а не негрчки субстратум.

3.)Единствениот карактер на некои зборови во древномакедонскиот кои се грчки по морфологија а ги нема во другите грчки дијалекти, па со самото тоа не можеле да бидат позајмени (нпр πνλανος-чувар на капија, οαντορια спасение, ενδαλαγινες-блаженство)
те прашав нешто
 
Член од
10 јуни 2007
Мислења
57
Поени од реакции
1
Трн во око еве го линкот на сајтот http://macedoniaontheweb.com/, има полно корисни копи-пеист прилози.,па го исползував да не пречукувам од моите книги

Инсомниак


Филхелен: "љубител на Хелените".Мислам дека и сам го знаеше тоа.На што целиш?
 

Insomniac

Evil Macedonian
Член од
27 мај 2007
Мислења
1.799
Поени од реакции
27
Марс напиша:
Трн во око еве го линкот на сајтот http://macedoniaontheweb.com/, има полно корисни копи-пеист прилози.,па го исползував да не пречукувам од моите книги
се служиш со грчка пропаганда а?
 
Член од
10 јуни 2007
Мислења
57
Поени од реакции
1
insomniac напиша:
се служиш со грчка пропаганда а?
Дефинирај "грчка пропаганда"....................листата е таа идентична како во книги пишувани од негрци.
 

Insomniac

Evil Macedonian
Член од
27 мај 2007
Мислења
1.799
Поени од реакции
27
Марс напиша:
Дефинирај "грчка пропаганда"....................листата е таа идентична како во книги пишувани од негрци.
да имавме независна држава во 19 век порано од грците дали мислиш дека тие би биле во нашата денешна ситуација.
 
Член од
26 јануари 2007
Мислења
807
Поени од реакции
7
[FONT=&quot]”Koga[/FONT] kralot go videl ( Filota, n.b), mu rekol: [FONT=&quot]”[/FONT]sega tebe ke ti sudat Makedoncite, te prasuvam, da li ke im se obratis na majciniot jazik?[FONT=&quot]” [/FONT]Filota rekol: [FONT=&quot]”[/FONT]Osven Makedonci, ovde ima mnogu prisutni, za koi smetam deka polesno ]e go razberat ona sto ke go kazam, ako se sluzam so istiot jazik so koj se sluzis i ti, veruvam, ne poradi nesto drugo tuku za da go razberat povekemina tvojot govor[FONT=&quot]”.[/FONT][FONT=&quot] [/FONT]Togas kralot rekol[FONT=&quot]: ”Eve[/FONT], gledate li, dotamu li dosol Filota, ta se gnasi od majciniot jazik? Imeno, edinstveno toj prezira duri i da go nauci. No neka zboruva kako sto saka, a vie spomnete si deka toj podednakvo se otugil i od nasite obicai i od nasiot jazik[FONT=&quot]”[/FONT][FONT=&quot].[/FONT][FONT=&quot] [/FONT]Togas go napustil sobirot.[FONT=&quot]”[/FONT]

K. K. Ruf, Istorija na Aleksandar Makedonski,str., kn..[FONT=&quot]VI[/FONT], 2;
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
878
Марс напиша:
Дефинирај "грчка пропаганда"....................листата е таа идентична како во книги пишувани од негрци.
Ти користи книги кои ги пишувале негрци, а јас ќе користам книги кои ги пишувале грци, може?

Ајде вака:
Античкиот елински географ Страбон, вели: Што се однесува до Пелазгите, сите докази велат дека тие се еден стар народ, кој бил распространет во цел Хелас, особено меѓу Етолците во Тесалија. Понатаму, Страбон пишува дека Тесалија, меѓу устието на р. Пенеос, Термопилите и планина Пинд, се нарекувала Пелазгиски Аргос, оти пелазгите ја населувале таа земја (Страбон, стр. 221, 4). Од тие Пелазги-Аргaјци произвлегувала македонската царска династија, почнувајки од македонскиот цар Александар први (Александар трети е големиот Александар Македонски).На друго место, Страбон вели дека и Етолците (како и Македонците) не се Елини (Страбон V, 2, 4). Како Акаранците, Македонците и Етолците биле неелини, ами Пелазги, римскиот историчар Тит Ливи пишува дека сите тие говореле един ист јазик, неелински: Aetolos, Acarnanas, Macedonas eiusdem linguae hominess (Tit Livi, XXX, 29).

Денеска копјата се кршат дали античките Македонци биле Елини, од проста причина што западот од 1821 г. ја подржува Грција и нејзиното проширување кон негрчки територии, а за тоа мораат да ја изместуваат историјата. Историски, сосема неоправдано е да се тврди дека античките Македонци се Грци, кога сите антички историски извори Македонците ги декларираат како посебен, неелински народ.

Во историјата има само еден многу интересен пасус кој се однесува на народноста на античките македонци и тоа изустен од Демостен, Атињанин кој два пати ги предводел обединетите Елини во воените походи против Македонците водени од својот Цар Филип:”Филип (македонскиот Цар)….не само што не е грк, ниту е поврзан со грците…” (Демостен, Филипика III). Да потсетам дека поимот варварин е од грчко потекло и означува не-грк т.е. човек кој говори негрчки па самите антички грци не можеле да ги разберат говорот на странците, туку го имитирале странскиот говор ”вар-вар”, па одтаму доаѓа терминот варвар.

Атинскиот лидер, Демостен вели дека во времето на Аристид, Никиј и Перикле, македонските цареви се потчинувале на Eлините, како што одговара на варвари спрема Елини (Olyth III, 24). Понатаму, Демостен го представува Филип не само како непријател на Атина, но и како непријател на елинизмот и неелин, па во својот говор истакнува: има ли нешто поново од тоа, дека еден Македонец ги поразува Атињаните и се здобива со она, што е својствено само на елините?(Ф. I. IV, 10) . Значи, самите Елини го сметале Филип за човек надвор од елинскиот род.

Елините, во знак на благодарност кон Демостен му изградиле споменик во Атина со натпис: ”само доколку твојата сила беше еднаква Демостене на твојата мудрост никогаш Елада не ќе беше управувана од Македонци”( Времето на Александар, стр. 216, Плутарцх). Македонија, пак, самите Елини ја сместуваат надвор од Елада.

Македонците и Елините, не само што биле различни народи, туку и непријатели. Иако раскарани, елинските држвички и Елините кога станувало збор за борба против Македонците, тие се обединувале и застанувале заедно против Македонија и Македонците. Кога Александар трети Македонски со 25.000 до 30.000 македонска војска се обидувал да ја заземе Персија, околу 50.000 Елини од сите елински државички биле сојузници на Персија и се бореле против македонците [Quintus Curtius Rufus Roman Historian p.112-13].
Македонците и Елините од страна на самите антички елински историчари ги представуваат како две различни раси (Ариан, Грчки Историчар, Книга 2, Битката на Исус, стр. 119 / Diodorus Siculus 18.37.3-4.). Истотата поделба на македонска и елинска раса ја среќаваме и кај римските историчари (Livy's book XXXI.44)


Сите антички автори пишуваат за масакрите што Македонците ги вршеле спрема Елините, кои иако меѓу себе раскарани секогаш стоеле обединети против силниот македонски поробувач од туѓ род (Исократес, антички грчки писател ”За Филип” стр. 37). Во сите грчко-македонски војни имаме два спротиставени табора- македонски и обединет-грчки! Секоја македонска победа врз елинските државички завршувала со масакри врз Елините (антички грчки историчар Diodorus Siculus knigi: XVII, XVIII, XIX, XX, XXII, XXVIII, XXIX, XXXI, and XXXII).

Елините ги мразеле Mакедонците и Александар (Плутарх, Времето на Александар, стр.311).

Aнтичките историчари и географичари ја одвојуваат Македонија како НЕЕЛИНСКА Држава, а македонците како посебни од Елините (Полибиус Грчки конгресмен и историчар, Книга XVIII, 1; Исократес, Плутарцх, Диодорус Сицулус, Арриан...).

Македонците имале свој посебен календар сосема различен од грчкиот (Плутарх, ”Времето на Александар”, стр. 254) свои посебни обичаи и своја посебна пурпорно обоена народна носија. Во иста таква пурпурна носија закопан е Цар Самуил.

Македонците имале свој посебен македонски јазик, различен од грчкиот Quintus Curtius Rufus , The History of Alexander - Penguin Classics p.138). Има доста сведоштва за посебноста на античкомакедонскиот јазик. Самиот Александар контактирал со варварите (Македонците) преку Хевест, а со Елините преку Кратер. Плутарх пишува дека Александар ги повикувал телехранителите си на македонски јазик (Плутарх, Алекс. 51), а македонските војници го поздравувале исто така на македонски јазик (Евмен 14).

Забележан е дијалог меѓу македонскиот војсководец Филота и Александар Македонски: Царот најпрво го погледна Филота и рече: Македонците решија да те судат. Те прашувам, сакаш ли да зборуваш со нив на мајчиниот јазик (македонскиот)? Филота одговори: Освен Македонците, тука има многу други сведоци, кои ми се чини полесно ќе ги разберат моите зборови, ако се послужам со истиот (хеленски) јазик, на кој ти штотуку проговори, кое ти го направи, мислам, само затоа, за да можат, говорот, повеќе луѓе да ти го разберат. После тоа, царот рече: Гледате ли, Филота си го мрази татковиот (македонски) јзик, зошто тој самиот се откажува да се изразува на него. Но тој може да говори како сака, вие, да знаете дека тој се оддалечил како од нашите (македонски) обичаи, така и од нашиот јазик (Курциус Руфус 6, 36) .

Од цитираното, многу јасно се гледа дека Македонците не се сметале за Елини, туку за посебен народ, со свој јазик и свои обичаи. За да се разбира со надворешниот свет, македонската интелегенција се служела со елинскиот јазик, кој бил најраспространетиот светки јазик во тие времиња, слично како англискиот денеска. Проблемот е во тоа што Македонците како и нивните соседи Тракијците, Илирите итн. не создале свој литературен јазик и писмо, па затоа се користеле со елинското писмо и јазик, кој бил јазикот на цивилизацијата се до пропаста на Византија. Зарем Тракијците, Илирите, Бугарите на Хан Аспаруих итн. се Грци оти го користеле грчкиот јазик и писмо? Па ете и бугарите од Хан Ацпарух во својата држава до 893 година пишувале исклучиво грчки. И денеска многу народи кои немаат никаква врска со англо-сансонците го користат англискиот јазик кој е светски јазик, како официјален јазик во нивните држави; зарем сите луѓе (Ирци, Шконталнѓани, Велшани, Малтежани, многу острови на третиот свет итн.) кои говорат англиски како мајчин треба Англија да ги правиме Англичани?
 
Член од
10 јуни 2007
Мислења
57
Поени од реакции
1
insomniac напиша:
да имавме независна држава во 19 век порано од грците дали мислиш дека тие би биле во нашата денешна ситуација.
Мразам алтернативна историја.Молам да деламе по фактите.Сега имаме независна држава опремена со институти, во која творат историчари и псевдоисторичари па резултатот е таков каков што е: историја која важи само од Гевгелија до Табановце.Зошто е тоа така и кој е виновен бара посебна тема.Да се држиме до темата: антички македонски јазик.
 

Insomniac

Evil Macedonian
Член од
27 мај 2007
Мислења
1.799
Поени од реакции
27
не му пишувајте толку докази, че падни во заблуда.
 
Член од
10 јуни 2007
Мислења
57
Поени од реакции
1
Квинт Куртиус Руфус е Римјанин од првиот век пред н.е. неговата историја не е примарен извор, бидејќи зборува за настани во далечното минато, веројатно инспирирани од преданието.
 

Insomniac

Evil Macedonian
Член од
27 мај 2007
Мислења
1.799
Поени од реакции
27
Марс напиша:
Мразам алтернативна историја.Молам да деламе по фактите.Сега имаме независна држава опремена со институти, во која творат историчари и псевдоисторичари па резултатот е таков каков што е: историја која важи само од Гевгелија до Табановце.Зошто е тоа така и кој е виновен бара посебна тема.Да се држиме до темата: антички македонски јазик.
ти иден докторе си во голема заблуда, побарај си помош дури е време, пропагандата не ти успева, имаме ние национална свест ич да не се секираш. постовите ти се прдење во празно(таканаречен вакум)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom